Девојки јас имам еден проблем, кој навидум можеби не е којзнае колку голем меѓутоа сепак пречи, тоа е алергијата од сонце. Буквално неможам да уживам на одморот затоа што уште на вториот ден ми се појавува и ме чеша и пецка и ми ствара нервоза. Сум пробала со многу кремови Еуцерин, Кама гел пиев лоратадин ама ништо Навистина незнам што да превземам, еве сега се спремаме за на одмор со друштво не би сакала да ми се уништи заради алергијата. Да не имате вие можеби некој совет како може да се спречи? Јас сум слушнала дека треба да се пие лоратадин 15 дена пред изложување на сонце и да се јаде зеленчук кој содоржи каротен. Други алтернативи? Доколку постои веќе ваква тема, слободно избришете ја
Ништо чудно и невообичаено. Последниве години сонцето е толку јако што се повеќе луѓе имаат ваква алергија. И јас последниве неколку години редовно се исфрлав, во пределот на вратот и градите најмногу. За среќа најдов многу ефикасно средство за сончање Vichy, малку е посакпо од останатите, ама вреди, мене многу ми помогна. Се мачкав дваесет саат пред да одам на плажа, и после тоа секој пат по излегување од вода. Дури и ако се исфрлев, ќе се намачкав и чешањето престануваше. Настојувај средствата за сончање што ги купуваш да немаат силен мирис, како на кокос или нешто слично. За лоратадинот незнам дека се пие како превентива, јас го пиев кога веќе бев исфрлена и ми помагаше. Значи ако веќе ти се појави алергија, најубаво ти е веднаш да одиш под сенка, да се истушираш со поладна вода, да одмориш малку, и никако на сонце од 11 до 16 часот.
Мајка ми е алергична на сонце. Прв пат му се појави алергијата на 23-24 години и од тогаш секој одмор мака мачи Пие лоратадин, се мачка со некоја маст колку да не ја чеша до толку оти неподносливо е. А исто така и пиеше и калциум, шумечи таблети. Пред неколку години и почна трески да ја фаќат, освен шо ја чешаше и се напрај со пликој целата. Зато секогаш ко ќе одиме на одмор оди под сенка со намера да се скрие од сонцето ама алергијата повторно му излегва
Јас имам алергија на сонце и многу ме фаќа сончаница затоа што сум мн бела..... И секогаш кога се изложувам на сонце подолго време користам заштитен фактор 50+ и Еуцерин и како што ќе излезам така и се враќам немам никаков проблем. Барем сега постојат секакви работи
Алергија на сонце и сончаница не е исто! Ако имаш алергиска реакција од изложување на сонце, кремите со СПФ 50 не делуваат (без оглед на тоа која фирма ги произведува), односно не штитат од појава на алергија, само спречуваат горење и потемнување на кожата.
Мене за прв пат ми се појави алергија годинава. Во пределот на вратот и деколтето, ама такво ужасно чешање, неподносливо до сега не сум почувствувала. На одмор немав ништо против алергија, само си ставав ладни облози на местото за малку од малку да се потсмири. Кога си дојдов се напив едно апче Авил и до утредента немав ништо, ама многу успиваат ова апчињава против алергија бе...вечерта бев на роденден, ама поштено си отспав таму Инаку знам дека Лоратадин-от се пијат само навечер, дека преку ден ако планираш изложување на сонце, не смеат да се пијат.
Ма јас кога ќе се вратам веќе и да не пијам ништо ми поминува туку проблемот е како да ја спречам додека сум на одмор Незнам, и јас сум слушнала дека Еуцеринот 50+ бил ефикасен и демек српечувал алергија, ми треба некој што го пробал да ми каже бидејќи и не е така ефин баш а ако не помага џабе... Незнам ќе пробам да се изложувам уште сега малце по малце на сонце да фаќам основа
Како што пишав претходно, кремите со заштитен фактор не штитат од алергија, без разлика од која фирма се.
И мене во последните години ми се јавува алергија. Оваа година,баш пред свадба,ептен,ко за беља. Бев на лекар ми даде течна пудра,со цинк оксид,и лоратадин.Пудрата е евтина,90 ден,и баш ми помогна. Пробајте .
И каква е таа алергија? Само чешање ли? Од кај да знам дали е сончаница или алергија? Ете јас сега сум изгорена позади и ме чешка по малку, ама не го чешам, значи се издржува. Сега ова алергија е или..?
Алергија на сонце се манифестира најчесто на раце, нозе и лице (не се исклучени другите делови од телото), со црвенило и ситни брунки кои ужасно чешаат. Сончаница е сосем друго, тоа е состојба на прегревање на организмот кога телото има висока т, сува кожа (не се потиш), вртоглавици, замаеност, црвенило на лицето... и ако не се преземе нешто, се јавуваат и полоши симптоми, може да дојде до онесвестување и кома, во најлош случај и смрт. Ова твоево чешање е резултат на заздравување на изгореното место.
А каква пудра? Мислам, се нанесува од кога веќе ќе ти искочи алергијата? И ти помогна, ти се повлече после тоа?
^ На деколтето ми се повлече,а на рацете имам уште малку.Се нанесува откако ќе се јави алергијата,побарај во аптеките само течна пудра (цинк оксид во состав е).
Мене за прв пат оваа година ми се појавија ситни брунки на рацете и на нозете, на внатрешните делови кои обично остануваат бели. Ужасно мн ме чешаат особено навечер. Можно е да е алергија на сонце? Отпорна сум на сонце инаку многу, имам темен тен али годинава изгледа претерав ..
Мајка ми го има овој проблем отсекогаш, а од пред 2-3 години богами и јас. Веднаш штом ќе видите дека кожата ви е жар црвена и почнуваат да излегуваат пликови (не знам како да ги наречам тие) веднаш намачкајте се со ПРЕСИНГ. Тоа е крема на база на Лоратадин, и помага многу повеќе од самиот лоратадин. Ние оваа крема ја откривме во Будва, но ја има и кај нас се продава, ама не во секоја аптека. Има луѓе на кои сме им кажале за кремава и сметаат дека е иста како лоратадинот и дека всушност истото го користат само од друг производител, но се лажат. Секој што ја пробал ништо не изгубил, освен тие плуставците по тело во рок од 1 до 2 дена.
може слика да ставиш ако не ти е тешко?од која фирма е? да не е пудрата за деца белата за сипаници што им ја даваат?
Имам алергија од сонцето скоро десетина години. Се сум пробала само да го избегнам јадежот, се кријам под сенка, намотана сум со партали се мачкав со се и сешто и ништо не ми помогна. Фрлив куп пари за лекарства и терапии , лоратадни пиев 15 дена пред одмор - не ми помогна, купував по 10 тубички синопен ни тие не ми помогнаа, а за информација синопен само користете навечер за да се намали јадежот на чешањето, а преку ден на сонце остава флеки. Фамилијарно никој не пати од појавава, само јас . НЕМА ЛЕК за алергијава, туку како што чинам напиша Антах изложеност на сонце за да потемне кожата , испробано - среќа ако задува некое ветерче два три дена со сонценце, одма се фрлам на печење, тогаш ми се повлекува. Го прелистав цел интернет ви препорачувам да избегнувате алкохол ( ферментации ), конзервирана храна, секакви препарати и лусиони кои уште толку ја иритираат кожата, конзумирајте бетакаротен најмногу 50 грама дневно 3 недели пред одмор т.е.обоено овошје и зеленчук, а најмногу морков , конзумирајте витамин Ц и избегнувајте сончање од 11 до 16 часот. Кога користите креми за сончање со висок фактор, откако ќе излезете од капење нанесете повторно , но претходно исплакнете се со чиста вода.
i jas imam problem so alergija pd sonce,jas bi vi preporacala da koristite krema so zastita 50 ka faktor i nema da imate broblem.sekogas koga izleguvate na sonce mackajte se na delovite koi vi se goli,race,noze,dekolte i taka nema da imate problem.