Devojki, izlozuvanje na sonce na sekoja koza (narocito na svetla koza) e sekogas opasnost. Kozata si bara zdravje t.e hrana so koja ke se podgotvi kozata da gi izdrzi tie zraci. Mackanje so kremi i ostali cuda e sve ok ama ako od vnatre ne e ishraneta i zastitena kozata t.e ako ne e zdrava kozata, niedna krema nema da ve spasi. Jas pijam Formula for SKIN Plus sekoj den, bez razlika dali ke se soncam ili odam na skijanje ili bilo sto. Ja hrani kozata od vnatre i epten e delotvorna. Odkako gi pijam apcinjava niti bemka mi se pojavila, niti suva koza niti nisto. E sega jas si odrzuvam higiena na kozata, sekako. Ama nauciv deka kozata MORA da se hrani odvnatre za da izgleda ubavo odnadvor. [mod-kirilica:vxdejtr5][/mod-kirilica:vxdejtr5]
Нешто што може уште толку да ја влоши ситуацијата, е ставање парфем на местото со осип. Значи никако, заборавете било што од тој вид. Мене ми се влоши ситуацијата баш од нив, се одрав од чешање, се одрав! Јас се мачкам со лосион на Алое Вера, ја ублажува алергијата и го намалува осипот.
Откако го превртев скоро цел нет за да најдам одговор за мјот проблем дојдов до заклучок дека имам алергија на сонце. Значи ги имам сите симптоми на алергија на сонце. Инаку прв пат ми е годинава. Го обожавам сонцето но не и мојата кожа како што гледам . Ми се појави пред некој месец постојано кивав и забележав мали бели пликови на дланката кои ме чешаа. Така чешејќи ги забележав дека од нив излегува бела течност. Потоа ми помина (а тоа да ти било затоа што зафатија дождови) . Пред два дена пак ми се појавија на дланката и не и обракав многу внимание се додека не ми исфрли цело лице. Некако потајно знаев дека е од сонцето. Е сега ми претставува проблем незнам што да правам лицето ми е полно со пликови . Инаку ја користам кремата против пеги Леа но денес неставив само го измив лицето и цел ден сум затворена дома. Несмеам да излезам надвор како вампир сум. А баш сакав да отидам на базент да се проладам малку. Сега ме интересира што треба да правам и како да ги третирам. Би ве замолила за совет доколку некоја од вас го има истиот проблем. Инаку не ме чешаат многу повеке ги имам на лицето отколку на дланките. Дали да ставам од Леа кремата или не? Да нанесувам крема на лицето или не? инаку ги пиам витаминските апчиња Б-комплекс но нередовно имаат ли влијание или не? Ве молам за помош однапред благодарам
Јас несум алергична,ама еден мој познаник е...него очите го болат,зацрвенуваат,чешаат..И бил во систина каде му кажале дека е алергичен на сонце и дека мора да носи очила за сонце,му дале капки за очи и некои таблети да пие...
Морам да се пофалам дека годинава добро поминав со алергијава од сонце, си земав млеко Еуцерин 50+ , ама одев на плажа во 8 часот до 10 и од 16 до 18, пиев магнезиум, витамин ц, обавезно млеко после сончање и алергијата ми се појави минимално дури по петиот ден, се напив лоратедн и одма ми се смири чешањето
И јас за цело време сметам дека имам алергија од сонце, но всушност годинава забележав дека алергијата на кожата ми ја прават креми за тело, парфеми и слични работи во комбинација со сонцето. Кога се изложувам на сонце и не се мачкам ништо кожата ми е добра. Пред некој ден сакав да пробам која крема со заштитен фактор е подобра за мојата кожа дали Блек Ап или Докторс, па се мачкав од едната на лева од другата на десна нога, но ми излезе работа и не излегов на сонце, после некое време еве ја кожата се направи лом, црвенила, алергија, чешање. Значи кожата не поднесува некоја од состојките кои ги имаат, за недела дена ќе одам на одмор па се прашувам како ли да се заштитам
Незнам дали е од сонцето,буквално целото тело ме чеша,нозете и рацете,а најмногу дланките.Има ли некој друг ваква алергија ?
Ја годинава се исфрлав мн повеќе од претходно а можно ли е од лоратадинот зошо ја наместо навечер го пиев насабајле и 2 дена земав и сабајле и навечер божем за превенција и си ебав матер, нре се информирав претходно. А моментално сум на одмор и не сакате да сте у моја кожа :/ овде во саранд немаат доктор и кажете ми што да барам у аптека??
Пожелно е да примиш инјекција Синопен за да се смири местото од исипот.Но,со оглед на тоа дека нема медицинско лице каде што си,наместо Лоратадин,земи од поновите антихистаминици,Даселта кои немаат нус-појави и пиј ги само навечер по 1 една таблета.Доколку имаш чешање,купи 50 гр.ленено семе истури го во 1 л.студена вода.Смесата мешај ја 15 мин.и процедија,а течноста соберија во пластично шише и чувај го на ладно.Од направениот чај ставај облоги на исипот и ќе се смири чешањето.Само треба да внимаваш да не се изложуваш на сонце. Ова ти го препорачувам од искуство.
Јас ја имам алеρгијава, κога сум на сонце ништо не ми е, но κога ќе влезам дома цело тело ми се пρави бумбаρ цρвено и многу ме чеша и пече (маκаρ и 5 минути да сум излегла до пρодавница, јас неможам да пρестанам да се чешам и дополнително му пρавам ρани од чешањето. Но се навиκнав веќе, и поκρај тоа си поцρнувам без пρоблем па тρпам се само за да поцρнам, ама алеρгијава ми е сепаκ пρоблем сепаκ телото почнува да ме боли од пρемногу чешање.
Јас имам алергија на сонце со години наназад, исто и мајка ми.Мене ми се појавуваат огромни пликови, најчесто на рамениците и деколтето и неверојатно многу ме чешаат.Секогаш ставам 50+ фактор, ама тоа не заштитува од алергијата, туку само од сонцето.Порано пиев лоратадин, ама и тоа не ми помагаше кој знае колку и како единствено решение ми е колку што можам да се заштитам од сонцето, на пример на плажа одам рано сабајле до кај 11:30 максимум, а попладне после 17 часот.Кога морам да излегувам кога е ептен топло и сончево гледам максимално да сум покриена, да носам памук и шешир.Кога имам пликови освен ладни облоги, најмногу ми помага алое вера, тоа ми го смирува црвенилото и чешањето.
Лоратадинот замени го со некои од поновите антихистаминици.Имаат ист начин на употреба како и лоратадин само се подобри со тоа што не предизвикуваат нус-појави (поспаност,изнемоштеност) и се земаат само на приватно.
И јас го имам истиот проблем,и на мене најосетливи ми се деколтето и рамениците,исто ставам крема со заститен фактор 30,ама денес бев подолго излозена на сонце и не ми помогна,се сцрвев и ме чеса па морав лоратадин да пијам,многу е непријатно чувството
I jas se nafrlam od sonce osobeno vo predelot na vratot i gradite...lani koga bev na odmor zenata sto bese smestena vo istata vila mi dade da se namackam so SUDOCREM(go ima vo jumbo malo pakovanje e 300 den a pogolemo 600) mnogu mi pomogna mi se namali cesanjeto odma..koga se vrativ doma bev vo apteka i mi dadoa edna krema HERBAL na prirodna baza se mackav nekolku pati i mi se izgubija plikovit e od alergijata..se nadevam ke vi pomognat isto kako i mene
Викаат дека кокосовото масло има силно антиалергено дејство и да се намачка кожата навечер за да упие поубаво. Ќе пробам годинава се надевам нема пак проблем да имам плус плус и крај на август идам на одмор не би требало да се искомплицира нешо. Инаку прашував за млеката за тело против алергии што се, на Eucerin e 900и нешто а на Vichy 1300....па лани за 20еур ми ставија инекција на одмор ем за еден ден ја снема алергијава ем и парите преку осигурување ми ги вратија