1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алергија од сонце

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од cvetce93, 21 јуни 2012.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Каква е таа инекција против алергија? И кога ја ставиш си заштитена понатаму, еден одреден период или до првото излегување на сонцето?

    Јас имам алергија на сонцето.
    Еве например годинава де мачкав со еуцерин за сончање за против алергија, плус пиев апчиња против алергија.
    Третиот ден ми излезе алергија. Мене ми се критични рамињата, вратот, градите. Таму прво пројавам.
    Потоа со апчиња и повлекување од сонце, ладен туш, мачкање со синопен, ќе се повлече малку, навечер на плажа немав толку проблем и јадеж и црвенило, ама на утринско сонце, иако избегнував јако попладневното сонце, пак ми се пројавуваше. Редовно бев намачкана. Претпоставувам еднаш кога излезе осипот потоа и солта од водата ја нагризува кожата и изазива јадеж.

    Сеуште може да се контролира, ама сепак е напорно. :(
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Некаква кортико инекција е гарант, урбазон или дексаметазон.
    Инаку, алергијата на сонце може да е предизвикана од хемикалиите во средствата за заштита од сонце. Значи, самата кожа која е намачкана со такво средство, под дејство на сончевите зраци знае да изреагира бурно поради хемиите што СПФ средствата ги содржат, затоа е најдобро да имаат само физички филтри за заштита од сонце. Да не се лажете со хемии како Еуцерин, демек медицинска козметика, а содржи многу хемија, не е на природна база.
     
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Можеби.
    Следниот пат ќе пробам и со некое млеко на природна база да видам дали ќе има влијание.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Пробај. И мене знаеше порано да ми се направи таква алергија, особено на деколтето и рацете, ама откако престанав да се мачкам со средства со заштитен фактор (користев Нивеа и Гарние, а од Блек Ап немам таква реакција), не ми се појавила. Ама мојата не беше којзнае колку изразена, од синопен поминуваше. Сега не дека не користам такви средства со СПФ, ама и онака не се изложувам многу на сонце, па многу ретко се мачкам.
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Јас веќе две години кога одам на одмор редовно завршувам во болница со инекција за да се отарасам од алергијата. Лани пиев бета каротен месец дена пред одмор и џабе..ми се појавува алергија после 3-4ден и почнува од бутовите па нагоре по стомак и на крај раце. Џабе и со синопен и со лоратадин само привремено ми поминува, еден ден си преседов во соба од пуати страв зошто буквално целото тело ми се осипа.Во турција ме однесоа во болница 20еур си платив и ми рекоа само еден ден да избегнувам сонце. Наредниот ден до крајот на денот цела алергија ми ја снема, уште еден ден се припазував и до крај на одмор на раат се сончав. Заборавив составот да го запишам за да пробам и тука да најдам нешто слично. Болна ќе паднам што 10дена во годината не можам да правам тоа што ми е најомилено-сончањето.
    Ми кажаа дека во грција имало некои апчиња ама комплет со млеко за тело и чуда превенции околу 50-60евра е.
     
    На Mumoftwo30 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Ако постои и кај нас таква инекција, јас сум навистина спремна да ја примам пред да тргнам ако тоа ќе значи 10 дена одмор на раат.
    А всушност може ли превентивно да се прими и дали има влијание така?

    Пиев и јас бета каротен и калциум 3 месеци пред одмор па ништо.
    Без везе е.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.067
    @Annath aко не е проблем сподели каква природна заштита препорачуваш, во ваква ситуација? Синопен е некој локален антихистаминик, така?
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Креми за сончање со физички филтри се најдобра опција, ама не секогаш се доволна заштита. Кремите на Еко Козметикс и Логона се добри за оваа намена. А
    ако има алергија на сонце, мислам дека ниеден заштитен фактор нема да биде доволно силен да ја спречи. Синопен маст, да, локален антихистаминик е, има и раствор.
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Колку само е појако сонцето денес, покажува тоа што пред 10 години сум се печела на плажа како гуштер и сум немала никаква реакција на кожата. Пред 4 години ми се појави алергијата и бегам од сонце како ѓавол од крст. Нема нешто полошо од црвенилата кои ми ги предизвикува и појавата на буквално атопична кожа. Досега некој "лек" што го имам пронајдено ми е лоратадин, б-каротен, 4-5 шишенца минимум СПФ фактори дома што за тело што за лице. Доколку ми дојде до реакција единствен спас ми е Bioderma SOS спрејот. Нема нешто подобро за спречување на чешањето на кожата.
     
    На prominent и ana-sweet им се допаѓа ова.
  10. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.197
    Допаѓања:
    2.522
    Каде може да се најде спрејот Биодерма и колку пари е? И мене пред неколку години ми се појави алергија...
     
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    До пред неколку години, алергија ми се појавуваше само на плажа, обично во комбинацијата силно пладневно сонце + морска вода. И тоа секогаш по три-четири дена поминати на одмор.
    Ама веќе ми се појавува и низ град додека шетам. Обично на деколтето, а на плажа ми се случило и цела да се исфрлам.
    Лек нема, веднаш под сенка и тоа е тоа... А многу го сакам сонцето и ова е единственото нешто што ми го уништува уживањето во летните месеци.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Јас го земам од Зегин на железничка, таму со сигурност го има. Инаку 1070 ден. е 200мл. Има и едно во помало шишенце, ама поголемово повеќе се исплати со цената. Мене цела летна сезона ми трае, а постојано се шприцам ако се осетам зацрвенета.
     
    На ana-sweet му/ѝ се допаѓа ова.