1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алергија од фарба

Дискусија во 'Коса' започната од C.Galena, 28 декември 2013.

  1. C.Galena

    C.Galena Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12
    Здраво девојки! :)
    Би сакала само да се информирам нешто повеќе доколку некоја од вас имала слично искуство како моево, бидејќи докториве незнаат што да ми кажат.
    Значи, пред три дена се решив конечно прв пат во мојот живот да се офарбам, незнаејќи дека сум алергична на фарба. Првиот ден откако се вратив од фризер (накај 7 часот навечер), главата ме чешкаше, ама сите ми рекоа дека тоа било нормална појава после фарбање од хидрогенот, потоа, наредниот ден главата уште повеќе ме чешаше, до степен на лудило, толку силно ја чешав што ја разранив и вечерта истиот ден се чувствував како да имам покачена телесна температура, чешањето не престануваше а челото малку ми беше отечено. Наредниот ден кога станав сабајлето , челото ми бесе отечено и цела глава издеформирана до тој степен да неможам да си го препознаам ликот, очите ми беа како во дупка, и левото око скроз затворено, имав страшен деформитет на целиот облик на главата, и големо црвенило под очите, позади ушите, над челото со многу големи болки. Веднаш отидов кај матичниот и ме прати на кожно, таму одма ми ставија инекции (две одеднаш), и ми препишаа терапија да примам 5 дена секое сабајле по две инекции + две кутии апчиња, згора на сето ова, несмеам да јадам ншто конзервирано, т.е смеам да јадам само НЕ прскан зеленчук и овошје , варен компир со сол, варено пилешко со сол, кисело млеко и двопек. После првата инекција, и апчињата што ги испив лицето уште толку ми отече и ми се деформираше во нешто страшно, искрено не личев на човек, па ме однесоа во државна болница каде што примив уште две инекции, потоа се смири отокот еве денес сум веќе многу подобро, ми остана уште една инекција утре и апчиња до четврток. Заборавив да напоменам дека од течности само вода смеам да пијам и ништо друго. Јас ги прашувам докториве, за нова година дали ќе смеам нешто да каснам, дали ќе смеам нешто да се напијам.. никој незнае што да ми каже.. имам закажано нокти гелни да ставам во Понеделник, али и за тоа ми викаат дека не се сигурни дали смеам да ставам.
    Незнам кај да се обратам, доколку некој од вас знае нешто или имал слично искуство, секоја информација би ми била од корист.
    Плус сакам да ве предупредам дека ОВАА АЛЕРГИЈА ЈАС ШТО ЈА ДОБИВ МОЖЕ ДА СЕ ПОЈАВИ И НА НЕКОЈ ШТО КОРИСТЕЛ ФАРБА предходно, затоа мој совет е секогаш пред да се фарбате да проверувате прво како ќе реагира вашиот органзам, бидејќи доколку не се ургира на време од оваа алергија крфта е затруена и може да дојде до посериозни последици.
    Како мојов случај имало уште една жена која што редовно си се фарбала со години, на 50 годишна возраст и се појавила алергијава, не ургирале на време едвај ја спасиле од сигурна смрт :(
    Се надевам моево искуство ќе биде поука за сите оние кои се фарбале или кои имаат во план да се фарбаат, предходно да проверат дали се алергични.
    Поздравче :*
     
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Сакам да те прашам која фарба ја користеше? :?:
     
  3. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.831
    Допаѓања:
    9.753
    Пол:
    Женски
    На сите фарби има назначено дека пред да почнеш да ја користиш треба да направиш алерго- тест т.е да земеш малце од фарбата и да ставиш на вратот па потоа да почекаш 48 часа и ако има црвенило значи си алергичен.Баш пред некоја година имаше ваква иста случка со една манекенка + таа ставила само колор шампом :o . Од тогаш стравот ме има фатено , ама фала богу ништо не ми се десило .
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Не мора на вратот, може да се нанесе фарбата и на внатрешната страна на лактот.
     
  5. C.Galena

    C.Galena Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12
    Епа, јас незнаев за ова, еве прв пат отидов да се офарбам, мислам дека сепак тоа е должност на фризерката да ме предупреди.
    Иначе, незнам со која фарба ме фарбаше, не ја купував јас, нејзина беше, темно кафена, али нема врска со истата фарба се има фарбано моја другарка кај истата фризерка, неа ништо не и беше, само чешање, ама тоа е нели нормална појава после фарбање.
    Како и да е, веќе бидна, еве многу до сега незнаеле дека може од фарба до болница да се стигне.
    Незнам, што да правам, докториве ништо незнаат да ми кажат, битно се ми забранија да јадам, за секој случај... жално!!!
    Уште еднаш ќе кажам, без разлика дали прв пат се фарбате оваа алергија може да му се појави секому, ПАЗЕТЕ СЕ, стварно никому не посакувам вакво искуство.
    Сакав да ставам слики од мене да видите какви деформации можат да се случат, ама стварно сликите се грозни :(
    Ќе најдам на нет, од луѓе со слично искуство , само за да видите дека навистина е сериозно. :)
     
  6. C.Galena

    C.Galena Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12
  7. C.Galena

    C.Galena Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12
    Јас бев дури во полоша состојба од овие девојки. :(
     

    Прикачени фајлови:

  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    C.Galena мајка ми го има потполно истиот проблем.
    Се започнува со чешање на главата, оток на челото, а потоа комплетна деформација на лицето.
    Не знам како е кај тебе, но нејзе дури и некоја течност и излегуваше од кожата на главата.
    Не се сеќавам мајка ми што терапија примаше, но знам дека беше на строга диета извесен период.

    Докторите и кажаа да не се фарба со темна фарба (црна, темно кафена и сл.) бидејќи тие фарби содржеле некој пигмент поради кои одредени организми реагираат лошо.

    Ако веќе мораш да се фарбаш, би те советувала да се фарбаш со посветли нијанси.
    Мајка ми направи мала пауза, а потоа почна да користи фарба во лешник боја и внимаваше колку ја држи фарбата на глава.

    Фарбај се во домашни услови, а тој ден кога ќе планираш да се фарбаш избегнувај да јадеш продукти како салама, јајца и сл. (се она што ти е и сега забрането)
    Ако забележиш пецкање и чешање додека ти е фарбата на глава, веднаш да се измиеш и немој никако да ја држиш фарбата повеќе од 30 минути!

    Мајка ми откако почна да се фарба со светли нијанси, го нема тој проблем, се надевам дека и кај тебе ќе биде се во ред!
    Не се плаши и не паничи, лицето ќе ти се врати во нормала, само мораш многу да внимаваш каква фарба користиш, која боја и колку време ја држиш на главата, секако и на исхраната која има удел во активирање на тие алергени!
     
  9. C.Galena

    C.Galena Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    12
    Лицето ми се врати во нормала, иначе воопшто не ми текнува никогаш веќе да се офарбам.
    Само, ме загрижува тоа што докториве незнаат што да ме советуваат, еден ми збори едно, друг друго, трет трето, незнам што да правам, не ми даваат конкретен совет за тоа што понатаму, ми викаат ЈАДИ, АМА ПАЗИ ШТО ЈАДЕШ И КОЛКУ ... мислам поглуп совет од ова НЕ ПОСТОИ!
    Многу сум у депресија, сега пред нова година кога имав еден куп планови, се ми пропадна во вода, значи што е нова година без руска салатичка и мевце? Без барем една чашка винце? :lol:
    Денес ја примив последната инекција, ама апчињава до Четврток ќе ги пијам, ослабев 5кг, лиги ми течат за парче лебче ;(
    Плус, незнам дали смеам да ставам гелни нокти имам закажано за утре да одам, незнам што да правам, не ми се ризикува ама па .. пуст мерак, и 10000 планови :(

    Тоа е, утре ќе идам кај матичниот на последна контрола па се надевам ќе ме израдува со убава вест :)
     
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Галена, се надевам набргу се ќе биде во ред, алергиите се страшна работа. За жал, ризично е да се фарбаш на класичен начин меѓутоа можеш да пробаш природно да ја осветлиш / затемниш бојата, исто така веројатно можеш да употребуваш `кна.
    Гелни нокти можеш да ставиш, колку што лаички се разбирам во алергии :)
     
  11. Katty-Lolly

    Katty-Lolly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    И јас го имав истиот проблем.. Најпрво косата ја правев со црна к'на можеби 2 години и немав никаков проблем..потоа почнав да се фарбам црна и исто така немав проблем со никакви алергии потоа купив фарба ''марион'' мислам дека се викаше која не содржи некои состојки кои ја оштетуваат косата и ете баш од неа добив алергиска реакција (да не дојди до забуни фарбата е многу убава и сестра ми ја користи па нема никакви алергии, значи се е до организмот на човекот). Ги имав истите симптоми, сабајлето се исфарбав, вечерта почна да ме чеша главата, а следниот ден ме чешаше до лудило и почна да ми потеква челото. Отидов на болница и докторот ми рече не се секирај и на други му се случва за неколку дена ке ти помини само морам да ти кажам дека ке ти потечи целото лице, ми кладоја една инекција ми препишаја некаква маст (не сум сигурна дали ми препишаја апчиња), а што се однесува до храната немав никаква забрана за јадење и јадев буквално се од природна, па се до конзервирана храна. Како шо ми кажа и докторот потеков целата на лицето, буквално како од друга планета да имам слезено, прво челото следниот ден очите, наредниот ден неможев носот да си го пронајдам,и потоа почна отокот да изчезнува се на се 1недела траеше целата работа (и заборавив да пишам,бојата на косата ми беше ПРЕКРАСНА..барем тоа беше добро :lol: ) ...и пуста моја желба за фарбање по околу 1 година повторно пробав да се направам со к'на и пак потеков ама не до тој степен сосема малку на главата и се помина без доктори и лекарства...ете од тогаш се немам исфарбано а и знам дека алергијата нема поминато, бидејќи секогаш кога мајка ми се фарба си клавам по една точка на главата од нејзината фарба (палете) и по околу 1час почнува мнооогуууу да ме чеша :( ете тоа си е мојата приказна со фарбањето...а ако некој има лек или знае некаков начин да си ја направам пак косата црна без вакви последици нека кажи оти пуста желба за црна коса не поминува :D
     
  12. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Еве ме и мене со истиот проблем. :)

    Ќе бидеме интересни белоглави бабички :wasntme:

    Како и да е, и кај мене е сосема истата ситуација и дур не ги прочитав овие мислења мислев дека сум единствена. Но ме утеши коментарот на Jagoda123 во кој се пронајдов а немав приметено до сега... И јас се фарбав со посветли бои на почетокот и долго ги држев на мене. Првите два пати немав реакција но после третиот пат ме чешаше само главата и гној од главата ми течеше. Немав отоци додека се фарбав со светли нијанси но кога си неможев да го издржам веќе чешањето решив со темна фарба да си ја вратам старата боја и таа вечер беше страшна (но пак немав отоци). По некое време ставив црна к'на и бев како мутирано зомби и плачев цело време. Од тогаш се немам фарбано а не па да ми текне на к'на.

    Не ми е проблем да останам со мојата боја на коса додека сум млада но ме плашат оние бели влакна кога ќе почнат да се појавуваат. И вистина, не сакам да бидам бела во косата :(
    Мислам дека ќе пробам тогаш да се фарбам плава но се плашам од реакции.
     
  13. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.452
    Пол:
    Женски
    Страшно! Како проверувате дали сте алергични на некоја фарба? Јас вчера за фарбав и завчера ставив малку од фарбата кај лактот од внатрешната страна и зад увото, видов нема црвенило и затоа се исфарбав. Лоша работа е алергијата во секој случај.
     
  14. mimidjon

    mimidjon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2010
    Пораки:
    1.319
    Допаѓања:
    2.320
    девојки помошш алергија најверојатно од влажни марамици за отстранување на фарба за коса мислам дека е од нив зишто само таму кај што се бришев ме чеша многу и ми е затегната кожата кажувајте чареее 4 ден нерва ме фати
     
  15. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Добро е што има и ваква тема.
    Косава ја фарбам околу 15 години. Нормално хидроген ме пречело зошто се фарбам плава.
    Идам кај познат фризер од неодамна и баш кај него приметив дека после секое фарбање и тонирање, глававс ненормално ме чеша имам како корупки внатре, како нешто недоизмиено или како нешто да течело па се засушило. А да не зборам дека главава буквално ми гори на секое фарбање. И ова е веќе 5ти по ред а јас скоро слушнав за алергија на боја па не знам дали е до фарбата или имам алергија.
    И пред две години се фарбав кај него ама ова првпат ми се случува
     
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Ти се гори кожата и затоа ти тече лимфа.
     
  17. Panda98

    Panda98 Нов член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo sakam da prasam ness pred nedela i pol se farbav so farba za kosa, navodno bila so pominat rok, posle dva dena otkako se isfarbav mi potece celoto, otokot se prosiri na ocite pa stigna do obrazot otidov na lekar i primav inekcija otokot vednas spadna vo megjuvreme piev tableti citirizine 5 dena, i se bese ok pred 2 dena pocna da me cesa celoto telo i toa samo navecer preku den mnogu retko dali nekoj imal ili znae za vakvo iskustvo
     
  18. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    272
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случува истото. Дали имаме алергија на фарба или на хидроген?
     
  19. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    3.023
    Пол:
    Женски
    За колку време се појавуваат симптоми на алергија на хидроген?
     
    Последна измена: 18 август 2023
  20. Selena01

    Selena01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    4.981
    Пол:
    Женски
    Не знам да ти кажам, ама ја сум осетлива. И се сомневаат на алергија, бидејќи поцрвенувам и многууу ме пече уште 2-3 мин како ќе го нанесам хигрогенот. А бланш не ни пробувам од страв. Нанеси од хидрогенот на рака (од внатрешната страна) и види дали ќе имаш некои симптоми. Или чекај веќе симптоми имаш па ти е страв??