1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алкохолизам и лекување

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од nokia, 1 јануари 2011.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    јас нема ништо поќе да искоментирам освен
    не мислиш дека за твојата жена и деца треба да се смениш,не мислиш дека твоето семејство вреди?
    па луѓето животот го даваат за своето смејство а не од алхохол да се одречат тоа е болест да имам видено мн.примери ама има клиники има терапии има дневна болница има психијатри све ако се има желба
    се најдобро
     
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Планинар значи и покрај тоа што си свесен за последиците од твоето пиење ти и понатака продолжуваш да пиеш, туку според мене проблемот треба да го лоцираш во самоконтролата и на тоа да поработиш. Значи да се увериш самиот себе дека од тој ден па во иднина нема веќе да пиеш алкохол или доколку повторно посегнеш по чашката да знаеш кога да прекинеш.
    Твојата жена заслужува да биде среќна, и заслужува да има нормално и стабилно семејство, а без твоја помош верувај дека таа сама тоа неможе да го постигне.

    Веќе ти дала две шанси, два пати ти се вратила не дозволувај и трет пат да те остави, немој да ја пропоуштиш и уништиш и трета шанса која ти ја дала.
    После се таа највеќе заслужува да биде среќна, а како ќе биде среќна ако ти се пијанчиш а вашите деца тоа го гледаат.

    Значи само упорност и истрајност, и секако најбитно самоконтрола, пробај поработи на тоа, кога ќе речеш една чашка и на таа една да останеш, или ако решиш веќе воопшто да не пиеш-не пиј, првиот период избегнувај места каде знаеш дека ќе паднеш во искушение да посегнеш кон алкохолот, а потоа и избегнувај ситуации кои повторно би те вратиле на старото.

    Доколку сметаш дека сам неможеш да поминеш низ тоа, поразговарај со жена ти, побарај нејзина помош, обрати се на клиниките каде лечат зависности од овој тип и не верувам дека нема да има резултат.

    Секоја навика има одвика, секој проблем решение, само понекогаш треба да се вложи многу, многу труд за да има исход, но кога се сака се се може.
     
    На mizerija и viktor-m им се допаѓа ова.
  3. Planinar

    Planinar Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    So zena mi nemozam da razgovaram zasto kaj nejze e onoj stav : aha, da, ke prelkines> I ne ja obvinuvam za toa zasto 100 pati sum rekol ke prekinam i ne prekinuvam. Mislam deka moram prevo da i dokazam deka ke prekinam zasto sve drugo se sveduva, spored nea , na prazni vetuvanja. A i stvarno, dosega site vetuvanja bile takvi-prazni. Ama mislam deka Prirodata ke me vrati, imam verba vo nea. Ama koga sum vo planina mi e super bez vodka, a posle, posle pak se vrakam na staro.

    [mod-kirilica:1jolnjxn][/mod-kirilica:1jolnjxn]
     
  4. viktor-m

    viktor-m Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Долго време ја барав оваа тема, јас имам проблем со алхохол, имам 29год. женет сум имам едно прекрасно дете кое има 4,5год. Не занм сто да кажам друго освен дека сум кретен, идиот и неможам да се поднесувам самиот себе си, а камо ли мојата фамилија да ме трпи. Не знам како да си го решам овај проблем, сум пробал 100 пати, не е успешно. Не сакам да зборувам за проблемите сто се случуваат со алхохолот, познато ни е на сите и многу се нервирам.Ако некој мозе да ми помогне на било кој начин ќе му бидам многу благодарен. Поздрав
     
  5. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Друже, првиот чекор си го направил-свесен си за проблемот што го имаш.Тоа треба да ти биде стимул да продолжиш понатаму.Мораш да направиш план, прво краткорочен.Одреди си 3 дена во кои нема да пиеш, потоа следните 3 и т.н.И 100 пати да почнуваш подобро е тоа отколку воопшто да не почнеш.Јас немам искуство со зависности но сметам дека ставање точка е единствена можност. Денот мора да ти биде исполнет со активности и присуство на луѓе цело време.Јас би била со детето зошто претпоставувам дека тоа ти е најдрагоценото нешто што го имаш.Мислам дека така ке сватиш дека во животот немаш време за губење-секој момент посветен на алкохолот е кратење на твоето време што треба да го поминеш со детето.Дали е тоа фер?Најголема подршка треба да ти биде твојата жена-особено во моментите на кризирање.Со неа мораш отворено да разговараш и да ја известиш кога ќе дојде потребата за алкохол и тогаш право на шетање на воздух - но со неа, не сам.Можеби некои работи ке ги запоставите , но животот ке ви биде многу поубав кога ке се решиш од зависноста.Немаме многу шанси во животот ,а најважни се оние кои сами си ги даваме.ДАЈ СИ ШАНСА-ПРОБАЈ-ЌЕ УПЕЕШ.
     
  6. madmasel

    madmasel Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    17
    Milo mi e sto gledam se dava sovet za alkoholizmot..!! :(
    Mnogu mi e sram ova se so ke vi raskazam ali imam pre golema maka...Kaj mene e problem brat mi...brat mi e alkoholicar premnogu pie sakam da mu pomognam no nemozam neznam kako da go ubedam...mnogu pati mu imam kazano deka ke ima golem problem so zdravjeto ali pak si tera po svoe ...:( Znam deka pienjeto vliae i genetikata tatko mi,dedo mi isto piele mnogu ali pak ne e toa toa kako sto e brat mi ......pred godina dena mu napravivme analizi mu pokaza deka ima malku problemi so jetrata :( ali sepak toa ni malce ne go uplasi jas premnogu se grizam za nego moite roditelite posebno majka mi non stop se kara so nego ....bitno koga ke se napie nikakvi problemi po doma ne pravi direkt legnuva da pie .....edno najtesko sto moze da bide e sto uste imase gnojna angina jaki antibiotici zemase i on sepak pak prodolzuva da pie...:(
    Ke ve molam dragi moi prijateli ako mozete nekako da mi pomognete bidejki sum pre zagrizena a ne sakam da gi sekiram moite non stop go krijam go opravduvam ali mi treba golema pomos ...:( se grizam za negovata mladost premnogu e mlad ako moze da mi dostavite vas broj ili e-mail za da mozam da kontakiram so vas ( toj sto ima dosta razbiranje i iskustvo) Vi Blagodaram odnapred!!

    [mod-kirilica:20wws5na][/mod-kirilica:20wws5na]
     
  7. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Планинар, погоре Илија Петрески изнесе една точна констатација-АЛКОХОЛОТ Е БОЛЕСТ! И затоа е потребна помош од професионалци, односно лекари. Потребно е лекување. Патот е трнлив и полн со предизвици, но со вистинска мотивација и помош од страна(читај-доктори, АА клубови и најважно=поддршката од најблиските) успехот нема да изостане.
    Инаку постојат и дополнителни средства кои се користат да го одржат алкохоличарот во фаза на апстиненција. Многу добар за тоа се има покажано антабусот, односно дисулфирам(генерика). Тешко се наоѓа по аптеки, но може да се нарача од Мајафарм аптеката во Топанско Поле. Мислам дека го носат од Грција. Исто така можно е и поставување на антабус имплантант во ингвиналната регија. Тоа чини околу 200 евра ми се чини, и дејството му е околу 10-14 месеци. Но за време на примањето со овој препарат НЕ СМЕЕ да се конзумира ниту најмало количество алкохол, бидејќи тоа може да доведе до многу изразена реакција на вегетативниот систем што би се манифестирало со појава на силна главоболка, профузни повраќање, општо чувство на малаксалост, црвенеење во лицето итн.
    Но примарна е стручната помош. Доколку ти или некој друг има потреба од добар психијатар, можам да ви препорачам во ЛП. Нас дома навистина ни се смени животот после тоа. И да потврдувам-лекувањето е МОЖНО!
     
    На KateKaterina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Мојот татко е алкохоличар, веќе две години константно пие, од дома повеќе немаме сили, го однесовме на секакви доктори, ги дадовме и последните пари, но тој никогаш не се освести. Докторот му кажа дека нема уште ногу да живее ако продолжи, тоа уште толку го здоболе и почна уште повеќе да пие. Причината за негобиот алкохолизам е сообраќајка која сестра ми ја имаше пред 6 години, таа имала некој промил алкохол во крвта и и осудија една година затвор. Тој не можеше да се помири со тоа. Од 2007 година до 2010 тој пиеше но ние не преземавме ништо бидејќи сите бевме во шок поради сестрами и поради казната. Во 2010 година прв пат му се слоши, покрај цирозата што ја има во краен стадиум, вените од желудникот му се попуштени од алкохолот и пукаат. До денешен ден тој е бил повеќе од 10 пати во болница во Скопје од кои 3 пати Сериозно крварење и еднш дојде до кома. Одкако ке излезе од болница 2 недели ке биде трезен и уплашен но потоа пак се препушта на пиењето. Јас и сестрами сеуште сме млади можеме да издржеме но највеќе ми е жал за мојата мајка која ја гледам како пропаѓа со него. Не сака да оди на лекување, мајка ми нема срце да го однесе насила. Кажете што да правам, толку сум очајна што и би викнала полиција за да го однесат ( иако никогаш не е дигнал рака на нас, секогаш кога е пијан само се смее и збори неповрзани работи), не само што си го уништува неговиот живот ги уништува и нашите, а тој е толку добар човек што маната му е слабиот карактер. Ве молам за помош.
     
  9. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Како прво сакам да прашам во суштина колку години би можел да живее доолго годишен тежок алкохоличар кој е воедно и дијабетичар?? :?:
    И друго каква е таа билка што создава одбивност кон алкохолот и каде може да се најде???
     
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Како што е кажано и погоре Алкохолизмот е болест.Ако човек сам не сака да си помогне и не каже доста а воедно и е цврсто решен за тоа никој и ништо не може да го убеди во спротивното. Покрај тоа е потребен и добар лекар кој што ќе укаже на последиците кои што може да ги предизвика алкохолот.Односно треба тим од лекари кои што ќе работат со човекот.Но, пак ќе кажам ако тој самиот не е одлучен да престани да пие и ако не сака сам да си помогне тогаш никој и ништо не може да го убеди во спротивното.За жал мнпгу ретки се оние кое што сами се решаваат на тоа да се откажат од него и да се лечат.Битката со алкохолизмот е голема и верувам дека секаква метода би испробале и се би направиле за вашите најблиски да се ослободат од тој порок.
    Lady-in-white јас лично не можам да ти кажам колку години би живеел бидејќи не сум компетентна,можеби некое стручно лице би знаело повеќе да ти каже,а за тоа дали постои билка и која е таа немам информации.
     
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Прочитав дека обична мајчина душица ако се дава на пола час кај лице под дејство на алхохол помагала предизвикувала гадење и одбивност и мене не ми се верува оти лично го имам прочитано ти кажувам.Пробај ако можеш на пола час по двеста милилитри. Битката е тешка мора да се биде трпелив, па што е запишано тоа . НИЕ МОРА ДА СМЕ БОРЦИ.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Мојата болна тема, можам да пишувам и ден и њок. Ама едно ке кажам. Во оваа битка нема победник.Се сум пробала да ги убедам дека алхохолот ги води во пропаст, дека и ги уништува животите ....и ништо.Не се откажувам од оваа борба не заради мене или заради нив , туку заради вас , идните генерации на кое сериозно и се заканува ова зло.И види КАЈ КРАЛ НА АЛХОХОЛОТ има нешта што можат да ти помогнат.Со срека
     
    На Serafima и ilipili им се допаѓа ова.
  13. ilepetreski

    ilepetreski Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Во моите текстови за борбата со алкохолната болест, повеќепати го нагласив мислењето, дека секој разумен човек мора да се преиспита, колку е тој виновен за несреќната судбина на алкохоличарите околу себе, да ги осознае своите грешки, своите промашувања и лошите навики, за неговото учество во одобрувањето и постоењето на алкохолот - ова најголемо зло за целото човештво, бидејќи тоа е единствен начин за помош во борбата со ова најголемо зло на денешницата. Колку критички и беспоштедно да се изразувам за институциите и личностите, мислам дека е очигледно дека во ниеден момент не се исклучувам себе си, секогаш сум првиот против кој ги насочувам своите стрели, секогаш најнапред се критикувам и осудувам себе си. Што се однесува за луѓето, особено за луѓето околу мене, упорно и искрено настојувам да ги сакам, да им удоволувам, да не им нанесувам болка, бидејќи "љубовта кон ближниот" ми се врежа во главата, исто како и омразата кон самиот себе. Сепак, очигледно е дека луѓето не се спремни да ги прифатат моите ставови. Често помислувам дека животот на луѓето им е прекрасен, и покрај тоа што стравотиите од алкохолното зло секојдневно ги чувствуваат милиони луѓе, што е најстрашно, најмногу страдаат најневините - мајките, жените, а најмногу децата. Однесувањето на луѓето не ме лути, но многу ме натажува. Иако злото е толку очигледно, сепак, поголем број луѓе секојдневно му се враќаат на алкохолот, заради него стануваат зли. Сето тоа е толку јасно и очигледно, сфатливо за секој човек и секој би можел да дојде до овој едноставен заклучок, ако размислува само еден единствен момент. Но, тоа луѓето не сакаат да го направат, не сакаат да ги избегнат страдањата на алкохолниот пекол, не сакаат за себе и своите деца да градат среќна и светла иднина. Да размислува само еден момент, секој да се задлабочи кратко време во себе и да се запраша: колку тој лично е виновен и колкаво е неговото учество во страдањата на алкохоличарите и нивните семејства, тоа никој не сака да го направи. Поради тоа често се двоумам: дали и колкава смисла има тоа што го пишувам, дали воопшто има смисла човек во себе да негува добри идеали, кога на сето тоа милиони луѓе се спротивставуваат. Сепак, некоја чудна сила ме тера да продолжам со започнатото дело, со афирмација на идеалите што се градат во Клубовите на лекувани алкохоличари.
     
    На vinozito1 и Serafima им се допаѓа ова.
  14. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Неклку пари се обидував да стапам во контакт.Јас сум онаа жена што очајно ве бараше , а не можеше да разговара со вас од здраствени причини.Се работи за оштетен слух. Вака сега првин ке ја поздравам вашата работа и се надевам дека на многу луге ке и помогнете конечно да го почуствуваат животот и среката .Потекнувам од мало место.Овде никој не помислува дека тоа е болест и дека треба да се лечи.Затоа и се чуствувам сама во оваа битка.Сега како капак на се останав и јас без работа.Само јас бев вработенаТој се занимава со одгледување на нешто добиток ама не носи ништо дома . Се плашам и тоа многу.Потребна му е помош а не го признава тоа . На кој начин да му помогнам .
     
  15. ilepetreski

    ilepetreski Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Не недостатокот на љубов, туку недостатокот на пријателство ги создава несреќните бракови! Ниче
    Оваа мудрост од Ниче ја зедов како главна поента за мојот текст, бидејќи по десетгодишна апстиненција од алкохолот, ја сфатив нејзината вистинска порака. За разлика од многу алкохоличари, кои вината за својата несреќна состојба, за своите грешки, глупости и пропусти во животот, најчесто го посочуваат несогласувањето со својата сопруга, со членовите на семејството, претпоставените на работа или, едноставно, измислуваат безброј причини за својата несреќна состојба да ги обвинат сите околу себе, јас денес признавам, и пред себе и пред Бога, дека вината за сите несреќи кои го снајдоа моето семејство, беше само моја. Мојата сопруга стоички ги издржа сите мои удари, сета неправда што и ја нанесов, го издржа моето неподносливо однесување, го одржа семејството, за што од сето срце и душа сум и благодарен. Таа беше мојот најискрен пријател, најдобрата мајка, сопруга полан со љубов и внимание, најсакана сестра – сé заедно цели три децении, во исто време. Денес сум многу среќен човек и можам слободно да кажам дека нема ништо поубаво, отколку кога на својата сопруга, на своите деца си им толку мил, да заради тоа и самиот себе си си уште помил.
    Кога човекот ќе тргне по трнливиот пат кој води во алкохолниот пекол, за жал, заедно со него, по тој пат одат и неговите најмили - сопругата и децата. Тие гледаат како алкохоличарот секојдневно се уништува во својата глупост, но не гледаат начин како да му помогнат и нему, и себе си. И, покрај големата љубов, што најблиските ја чувствуваат кон него, по долгогодишното поднесување на последиците од алкохолот, едноставно креваат раце, го оставаат алкохоличарот сам на себе.
    Единствено оправдување за оваа голема, ако не и најголема грешка на луѓето, кои се најблиски на алкохоличарот, е нивното незнаење, нивната недоволна информираност, дека спас има. Повторувам, спас од алкохолниот пекол има и лекот се наоѓа на дофат на вашите раце, треба само да соберете храброст и мудрост и да го земете, за свое добро, уште повеќе за доброто на вашите деца.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Не ни помислував дека некогаш ќе дојдам во ваква ситуација. Познавав алкохоличари но не бев запознаена со нивниот проблем, немав БЛИСКИ алкохоличари. Овде тоа го пишувам за да се искажам бидејќи последните неколку дена откако дознав дека таткото на дечко ми е алкохоличар се ми е како во магла. Чувствувам како сетоа тоа да е само сон, посебно затоа што дечко ми е секогаш насмеан и оптимист никогаш не покажува дека има таков проблем и дека му е тешко а ние двајцата сме многу поврзени заедно сме 8 ипол месеци а дури сега дознавам за тоа. Тешко ми е да го сменам мислењето за неговиот татко затоа што иако не го познавав лично имав оформено многу добро мислење за него, затоа што дечко ми никогаш немаше кажено лош збор за татко му па дури и сега не го прави тоа, дури и вели дека кога тој не е пијан е најдобриот татко на светот, но проблемот е што многу ретко не е пијан. А и бев сведок на многу нивни телефонски разговори што изгледаа нормални. Многу ми е тешко пред се поради него но и знам дека моите родители тоа тешко ќе го прифатат ако дознаат. Збунеата сум но никогаш не би го оставила затоа што и тој беше покрај мене кога најмногу ми беше потребна помош.
     
    На Panthera му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lileeee

    lileeee Нов член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    читам и се мислам дали само јас се наоѓам во толку тешка состојба.во брак сум 20 тешки и долги години.живеам во страв деноноќно без прекин.мајка сум на две прекрасни деца ангели мои.мојот сопруг пиел од своите 17 год.незнаев за алкохолот ништо ама баш од нисти не се ни разбирав тогаш.млада се омажив на само 17 години,од каде започна и мојот пекол.сега се молам само на господ да помине мирно денот и мирно да легнам да спијам.никогаш не признал дека е алкохоличар,кога не пие тој е прекрасен сопруг и татко а кога пие се менува веднаш во ѓавол.така беше порано сега веке и кога е трезен е лош ситничар кој бара грешка во секоја моја постапка.бев навредувана ,боксирана ,и психички малтретирана и сеусте сум,но барам спас во секој момент и секоја минута во мојот ден.невработена сум без никаков работен однос цел живот седев дома и бев домаќинка и волшебна ламба за неговите желби и на крај останав без заштита од никој и без моите најблиски.останав во неговите раце да се плашам и молам дента да помине во мир.сега имам прекрасен син .кој растесе со нашите проблеми и прекрасна ќерка која знае дека никогаш не би се омажила за таков човек.но имам и секојдневен немир меѓу нив.проблемите продолжуваат сега насмерено кон моите деца и не застануваат никако.како да се борам веке нз .потонав во длабока депресија со анксиозност и останав без сила .само едно не ми е јасно.сам никогаш не испил ниту една чашка,само кога е со некој друг .умирам полека и знма дека не заслужив ништо пд ова што ми се случува но за мене нека што се криви моите деца .тие не го одбрале својот живот ,...
     
  18. Makedonka A

    Makedonka A Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Не знам зошто сте ја завршиле дискусијава. Може некој го пронашол лекот.
    Сериозно. Ме интересира дали некој успеал да го реши проблемот со алкохолизмот во својата фамилија. И дали успеавте да ги најдете книгите на Илија Петрески и каде? Мојот сопруг е алкохоличар. Јас сум во очајна состојба и секој ден е се полошо и полошо.
     
    На KateKaterina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nekojsi321

    nekojsi321 Нов член

    Се зачлени на:
    10 мај 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Ja najdov lek za sebe. Piev po 4-5 litra pivo na den. Se dodeka ne pocna da smeta i da remeti socijalen zivot obvrski i sl. Lekot mu bese samo RESHITELNOST. Dobra zanimacija najdov so elektronika i od togas veke 5 god ne sum ni pomislil na pienje. Sve e do psiha spored mene. Izvesen period e tesko malce u pocetok ama ako e resen coek ke pominat tie krizi za nedela dve i posle si ko nov.
     
    На cresa-jagoda и Jovanotti им се допаѓа ова.
  20. Makedonka A

    Makedonka A Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Многу ми е мило за тебе, ама јас не знам како да го натерам мојот сопруг да стане решителен. Тој е паметен човек, знам дека знае дека има проблем, само што не знам што можам јас да направам за да му помогнам нему и на моето семејство.
    Те молам кажи ми што мислиш ти зошто имаш искуство и сигурно ја разбираш многу подобро психологијата на еден алкохоличар од мене. Постои ли нешто што можам да направам.
    До сега му зборував, го карав зошто многу пие, ама стануваше се полошо и полошо. Сега престанав да му префрлувам. Мислам дека е подобро така. Ама сепак тој сеуште пие. што можам да направам?
    Ти благодарам
     
    На cresa-jagoda и Kameo им се допаѓа ова.