1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алкохолизам и лекување

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од nokia, 1 јануари 2011.

  1. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Мене ми е премногу срам да коментирам во темава, зашто сум женско, ама и јас бев алкохоличарка. Ама самата ситуација кога сменав друштво, фатив сериозен дечко, почнав со учење и се сменав. Ако не си помогнеш сам/а нема никој никогаш да ти помогне. Значи пред се` треба да си психички спремен за било каква промена. Маж ти треба да е сам свесен дека тоа пречи и да се одвикне, мора да работи на психата.
    Јас се изборив, тешко беше, пиев секакви пијалаци и значи и да се препиев некои што викаат дека повратиле па го замразиле, кај мене секогаш исто беше, секогаш истата волја за да пијам, се повеќе и повеќе.
    Ама седнав и самата си се покарав и сфатив дека ја правам најлошата работа, еден ден ќе сум жена, мајка, баба и е срамно, а не па да си во брак и да не ти текнува дека мораш да се откажеш од тоа.
    Ја читав книгата Како да господарите со себе и научив дека автосугестијата е онаа кога владее со нас, односно самите ние си владееме со нас, па ако не си помогнеме ние сами, тогаш кој?
     
    На cresa-jagoda, Kameo, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Makedonka A

    Makedonka A Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
     
  3. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    @Makedonka A
    Јас сум девојка, девојче, во млади години сум, почнав да пијам уште од 8мо одделение, 1ва година и се запустив, ама навреме се тргнав.
    Само тој самиот може да си помогне и никој друг, џабе му зборуваш, џабе лечење по институции, на бајачки, на не знам што ако тој сам не сака да се излечи.
     
  4. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Твоето не е никаков алкохолизам, туку викендашко пиење по 2 пивца. Тука споделуваат приказни луѓе што се 24/7 со алкохол и тоа најчесто пијалоци коишто се претежно хемија.
     
    На Kameo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Јас добро објаснив погоре, 3-4 години и повеќе може се справував со алкоохолизмот и не беше викендашко пиење, туку пиење секојдневно, созревав со алкохолот дури.
     
    На Artista му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nekojsi321

    nekojsi321 Нов член

    Се зачлени на:
    10 мај 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Nz kako da ti kazam, mora coek sam da se reshi. Mene mi pukna filmot eden den koa pocna tolku mn da me boli glava me razbudi od spienje. Mi se zgrchi liceto i shum silen osekjav vo glavata i pritisok vo vratot. Neso kako mozocen udar (a veze nemase). Mislam ako mu se desi na covek da oseti deka e seriozna rabotata odma ke stavi kraj.
     
    На Makedonka A му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Makedonka A

    Makedonka A Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Ах колку сакам и на мојов да му се случи такво нешто, да се исплаши толку многу да не му текне на алкохол.
     
  8. LadyGaga-69

    LadyGaga-69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Може ли лекот ЕСПЕРАЛ да се купи без рецепт и дали е скап?
     
  9. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Имам јас пример за алкохоличар што воедно е и дијабетичар на инсулин. Чоекот не иде на работа веќе 3-4 месеци. 24/7 е пијан. И тоа е од секогаш. Пие веќе 20 и кусур години. Сабајле станување и прво ракија во шише си става. Незнам и јас веќе колку пати во шеќерна/дијабетна кома има паѓано, кршел глава, секакви повреди само со брза помош си имаме работа, на памет не знаат. Доби и мозочен удар беше хоспитализиран 2-3 недели, неможеше да зборува. Сега се опраи и пие повеќе од било кога. Се заканува со ножеви, урлања викања не се поднесува веќе. Ја искрено мислам дека терминатор е човеков. Нит наваму нит натаму има. Незнам кај ќе стигнеме вака. *Поентава ми беше: Има и такви што ни здравјето не ги спречува да пијат. Господ нека ни е на помош.
     
  10. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Дајте да се активира темава ..
     
  11. Emilijapp

    Emilijapp Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2009
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    И јас сум дете на татко алкохоличар. Ми беа потребни месеци, а можеби година да го освестам, да му помогнам да сфати дека е алкохоличар, дека е болен...да си признае себе си дека е болен. Тоа го направив со многу разговор, секој момент кога беше трезен и поддршка дека ТОЈ може да ја победи болеста (Победивме рак, нема да победиме алкохолизам). И првиот чекор беше до психијатар. Бевме заедно и вети дека нема да пие повеќе и дека ќе оди во клуб за лекувани алкохоличари. Втор чекор беше тој. Клубовите се многу добра поддршка и помош. Таму се водат разговори со доктори психијатри, психолози, апстиненти.
    Еве еден линк од клубот во Прилеп кој некогаш бил најуспешен во бивша Јославија, а денес во Македонија.
    https://www.facebook.com/metodija.mec.3?fref=ts
    Исто така, доста мотивирачка е и страната на Илија и неговите книги.
    Но тоа не е се. Мора постојано да му се дава поддршка и да се следи. Татко ми после 11 месеци апстиненција повторно почна да пие. Не можеше да се носи со смртта на мајка ми, ама тоа не е причина, повторно е последица на некој негов проблем.
    Единствениот проблем во процесот на лекување е прфаќањето на болеста и соочување со неа. Мое мислење е дека алкохолизмот е последица, а не причина. Мислам дека докторите треба да продрат подлабоко, да видат која е причината зошто тој пие (страм, страв, му дава сила да се соочи со светот и проблемите...)
    Трпение и со среќа да ни е борбатат против алкохолизмот
     
    На KateKaterina и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Секој алкохоличар прво мора себе си да си признае дека е алкохоличар и да побара помош. Без тоа, никаков спас му нема. Со сила убавина не бидува.
     
    На mariz, WildMk, Emilijapp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Tagora

    Tagora Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    kade moze da se kupi knigata ???pozdrav
     
  14. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Добро е што постои темава за да можам и јас да се исповедам. Не знаев за класични алкохоличари се додека не се омажив.
    Золва ми, која впрочем од сабајле е многу добра, навечер не можам да ја поднесам. Одамна ја имав приметено дека пие повеќе од потребното, но маж ми ме правеше луда. Најпосле излезе дека е алкохоличар. У принцип е добра само што навечер нормално цела е успорена а ретко знае и да се раздере без причина. Моментално сме под ист кров додека не иде во Германија а јас сум со четиримесечно бебе и не можам да поднесам да му се приближи. Нормално, она порекнува дека е алкохоличар и воопшто дека е пијана.
    Да бев сама немаше да ми биде проблем да ја глеам ама вака најпрво се ставам во улога на мајка. А и она е мајка. Има прекрасна 8годишна ќерка која цело време и префрла што пие.
    Сакам да помогнам. Домашниве само ја жалат и ми викаат и нема спас тоа е. Ама знам дека има.35години има, млада е нормално дека има спас. пие по два литри пиво или литро до две вино зависи што има на располагање. Како да се натера ваквата личност да иде на психијатар?
     
  15. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае каде може во Мк да се најдат Есперал блокатори
     
  16. krrish389

    krrish389 Нов член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Јас постепено паѓам во алкохолизам. Некој кој беше како мене пред и го остави, ве молам да ми даде некоја благодарност

    Сакам да се откажам од алкохол само поради штетните ефекти што ги предизвикува толку многу што моето семејство не е среќно, сега жалам зошто еднаш паднав на овој алкохолен пат, само мојот свет Беше ужасно да го опкружувате виното
     
    Последна измена од модератор: 15 јануари 2019
  17. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    476
    Пол:
    Женски
    Каде во Мк има центар за лечење на алкохолизам или нешто слично? Имате ли слушнато некое искуство од таквото лекување?
     
  18. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.197
    Пол:
    Женски
    Има во Прилеп клуб на апстиненти од алкохол, има има и во Скопје некое здружение ама не ми теквит как се викаше, во Конопиште центар Нарконон, ама не ти го препорачвам бидејки блиска особа беше таму и све е поврзано со скиентологија. Пиши ми лп ако можам ќе ти дам инфо
     
    На KateKaterina и Skylar им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.224
    Допаѓања:
    76.217
    Пол:
    Женски
    Како се лечи ова? Ина центри? Од кај треба да се почне? Се работи за блиска особа, не ни знам дали ке ја убедам ама мора да се лечи.
     
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.346
    Близок мој оди на психијатар, почна да помага на цркви да преспива таму и да помага за било што врзано со црквата. Се смири,ама еднаш годишно се случува да посегме по алкохолот и тогаш е страшно:(
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.