Здраво, јас сум алкохоличар пијам од мои 17 години до денеска сега имам 40 години значи пијам речиси целиот мој живот. Многу пати сум пробал да го оставам алкохолот еднаш го имам оставено 6 месеци беше зимно време и апстиненските кризи ги лекував со доли пешачења. Пешачењата ме ослободуваа и многу ми помагаа но кога дојде лето пешачењата не беа така пријатни и престанав да пешачам а по некое време повторно почнав да пијам Мојот тип на алкохолизам не е класичен како што е опишан во литературата. Пијам најчесто сам не правам проблеми, пијам најчесто во кола некаде паркиран, досега никогаш не ме има казнето полиција зошто целта не ми е да возам туку тоа ми е место каде никој не ме гледа и можам лесно да се префрлам од едно на друго местоа ако случајно бидам откриен од некого. Женет сум имам 2 деца, они никогаш немале проблеми со мене, се вреќам кога они се заспани така што фамилијата и не е свесна дека јас сум пиел цела ноќ. Во последно време покрај овој проблем ми се налепи и коцката, сосема случајно влегов во коцкарница за да пиам бесплатно алкохол. Иако да никогаш не сум сакал коцка, дури сум ја мразел и сеуште ја мразам сепак во еден момент ми се падна некој глупа џек пот и од тогаш кога ќе се напијам место во кола одам таму. Почнав да губам и многу пари што ми прави дополнителни проблеми. Интересно е што јас трезен никогаш не сум влегол во коцкарница тоа го правам само кога ќе бидам во длабока алкохолна состојба, незнам што се случува но како да го губам комплетно разумот и одам во коцкарница иако да знам дека се ќе изгубам, тоа дури и не го правам за да добијам се се случува по автоматизам без да сум способен да се контролирам ни малку. Немам што немам прочитано немам каде се немам обратено. Има посетено психијатар. Психијаторт ми потврди дека сум алкохоличар и ми даде некои конзервативни методи на лечење ми рече дека јас можам и без лекарства да го надминам алкохолизмот. Нај чудно е што јас чуствувам и дека можам но тоа никако да се случи. Се плашам дека овој затворен ѓаволски круг во кој се наоѓам ќе ми ни нанесе големи последици, постојано во себеси повторувам готов од денеска нема, но по 3-4 дена почнуваат апстиненските кризи кои се толку мачни што не се издржуваат. По 4-5 дена апстиненција кога ќе го испиам првото пиво имам чуство дека нешто баготворено ми се случува, толку монгу уживам да тоа е неописливо. Но проблемите доаѓаат по тоа прво пиво, првото пиво кај мене никогаш не останува на едно тоа продолжува до бесконечност, а на крај и завршувам и во коцкарница. Како човек сум креативен, ме бива за многу работи имам многу добри карактеристики, ме бива за бизнис, готвам, спортувам сакам да патувам постојано одиме некад. Се е тоа супер но алкохолот е нешто кое ме уништува. Почнав да се мразам себеси поради неможноста да се справам со моите зависности, кои веќе ги имам сите пушам, пијам па во последно и се коцкам, само што не се дрогирам (за кое немам афинитет) И не сум почнал да ја ваарам женами, ме бива за тоа но не сакам и тоа да го нарпавам зошто тогаш мислам дека ќе бидам класичен проклет ѓавол. Најголем проблем е тоа што никој во семејството не знае колку голем проблем имам јас, они немаат проблеми со мен но јас се чуствувам многу лошо, имам чуство дека никој од блиските не е свесен што ми се случува мене. Никој ни на работа не знае дека сум алкохоличар, толку имам вештина да ги сокријам мамурлоците од пијанството што речиси е невозможно да ме откријат. Тие денови обично избегнувам долки разговори и ги закажувам за друг ден кога ќе бидам при себе. Немам идеја веќе што да правам, немама што не сум пробал, последно што ми доаѓа на памет е да го поминам мојот годишен одмор во некоја Психијатриска болница, мислам дека доколку 4 недели успеам да апстинирам алкхолот ќе биде оставен за секогаш. Сепак пред да го направам тоа ќе се обидам за последен пат да го оставам сам, иако да сум многу разочаран од многуте неуспешни обиди сепак мислам дека имам сила и карактер да оставам. Свесен сум за апстиненските кризи но ќе ги пребродам 2-3 месеци. Ако имате некој предлог би ве замолил да ми кажете.
Како тоа женет си и имаш 2 дечиња ти во ниедно време излегуваш сам и те нема со саати? Што им кажуваш како лага? Кажуваш дека фамилијата не е свесна, не е можно. Може не те гледаат кога се враќаш спијат, ама мирисот на алкохол се осеќа. Велиш и дека губиш пари. Сопругата зарем нема увид во финансиите? Или толку и е гајле за тебе? Јас мислам дека за сè е свесна, ама те толерира сè додека имаш пари, потоа нема да и требаш алкохоличар и заглавен во долгови до гуша кога ќе немате ни пари за леб. Само нека ти биде малку барем жал за дечињата што ги имаш, остај ги алкохолот и коцката додека уште имаш време. Земи ја книгата од Игор Џамбазов - Прирачник за антиалкохоличари, може ќе ти помогне. А и секако послушај го психијатарот кај кого си бил. Со добра волја ќе успееш да се вратиш во нормала. А сите финансии препушти и ги на жена ти за да немаш пари да трошиш на алкохол и на коцка. И немој да помислиш да се заглавиш на земање брзи кредити.
Освен што си свесен дека имаш проблем, ти реално ништо не правиш, само наоѓаш изговори. Ти мислиш ако не те виделе пијан тогаш се е ок, а тоа што не те гледаат, го занемаруваш. Ти треба да разговараш со жена ти, да и кажеш со што се соочуваш. Ова не треба сам да го поминуваш, а со поддршка ќе ти биде полесно. Работа, хоби, време со децата поминувај, работи со психијатар. Не се теши со моментот дека не правиш проблеми и се е ок.
Можеби во други семејства тоа би било проблем, но јас откако сум земен еднаш или два пати неделено тоа го правам и за децата и за женами тоа не претставува ништо не секојдвневно. Нема лага едноставно знаат дека сум пиел, како може алкохолниот мамурлок да се сокрие, никако! Но тоа е на некој начин „прифатено“ Да коцката беше капак на се, незнам дали можам да се наречам коцкар зошто кога сум трезен никогаш не ми паднало на памет да влезам во коцкарница, тоа се случува само кога ќе изгубам контрола над себе во тешки алкохолни состојбни. Незнам, имам чуство дека на сопругата и е гајле за мене, она си гледа за себе, иако да немаме ние никакви расправии и во принцип имаме разбирање но да длабоко во себе мислам дека она не се интересира за мене а уште помалку и за моите проблмеи, кога и да пробам да разговарам она ми вика дека има она нејзини грижи, се грижела за децата уште јас сум и бил потребен. Иако да ете немаме ние никакви проблеми меѓу нас дури можам да кажам дека имаме одлично разбирање сепак по некогаш се сомневам во нејзините намери. И да, добро е прашањето што ќе се случи ако дојде до некоја криза финансиска, најверојатно ќе се распадне бракот што друго би се случило. Инаку монгу пати сум размислувак да и ги дадам финансиите она да ги раководи, но она не е добар економист дури напротив голем трошаџија е без да испланира како ќе го заврши месецот, секогаш јас сум ги пополнувал сите финансиски дупки, така што и покрај сите мои пороци јас повторно успевам да ги заокружам финансиски месецеците. Јас сум многу економичен и многу совесен, ги плаќам сите сметки, градинки, храна и се останато. Поради тоа сум се откажал да и препуштам финансии. Она си ја троши нејзината плата и многу пати имам почуствувано дека во никој случај не смеам да се ослонам на нејзините финансии зошто многу брзо во месецот парите и исчезнуваат. Нормално дека ми е жал, многу пати си помислувам место сега да спијам, можев да ги земам децата и да одиме некаде да прошетаме, да се дружиме. Не замам брзи кредити, сум задолжен, но од друга страна имам 3 пати поголема заштеда од задолженоста. Незнам по некогаш си мислам дека проблемот е до женами но од друга страна си викам дека тоа е некое мое оправдување за моите пороци.
Треба да најдеш психијатар или терапевт - психолог кој што специфично се занимава со вакви зависности. Сигурна сум дека има кај нас, треба да побараш, а психијатрите со застарени методи целосно батали ги. Првиот чекор што си свесен дека имаш проблем и си побарал помош е веќе нешто, не се обесхрабрувај. За жал кај нас на алкохолизмот се гледа премногу осудувачки и постои огромна стигма која што не помага на никого. Тоа што си алкохоличар толку многу години сум сигурна дека ти е маска за подлабоки ментални проблеми. Затоа, наместо да бараш поддршка од луѓе кои немаат емоционален капацитет да ја пружат, вложи ја таа енергија да најдеш соодветно стручно лице и да си помогнеш, бидејќи оставен целосно сам е прилично тешко да се извлечеш.
Ах многу голема вистина кажа. Уште по лошо од тоа е тоа што тие луѓе обично се нај блиските. Единствено мајками е свесна и кога ме нема по цели ноќи само она се секира. На женами не и е гајле но и кога ќе и кажам она се правда дека си имала она свои грижи не можела уште за мене да се секира. Имав еден психијатар кога во еден период во животот ми помогна многу и тоа со една сеанса, но кога бев поради оваа причина не видов дека има начин да ми помогне. Ми даде некои дневници да водам но мене тоа многу многу не ми помогна. Не сакам да се правам паметен но јас го знам патот и лекот. Три месеци апстиненција, промена на моделот на однесување и се ќе биде друго. Но ми недостига подршка, ми недостига подршка од мојата жена која иако да многу пати сум ја побарал ниогаш не сум ја добил. Но сега ми почнуваат одморите планирам со децата да отидам кај Мајками неколку седмици и со нејзина помош да свртам друг лист, децата многу ми помагаат они ме расположуваат и се ми е убаво кога правам со нив, ми помагаат заедно се правиме и уживаме, истото не се случува со женами или се случува ретко. Инаку да и јас сум размислувал, најверојатно имам некои други психолошки проблеми кои се причина за да пијам во толкава количина.
Убаво е што сметаш дека имаш поддршка од мајка ти, ама ова се сериозни работи и само вртење нов лист не е доволно. Да беше толку лесно до сега ќе беше излечен. Ти треба стручно лице, најдобро психолог. Плус на тоа поминување време со децата и се што ти прави да се чувствуваш добро, но стручна помош е примарно.
Алкохолизмот не е шала, за живот или смрт се работи. Се додека сам не застанеш и решиш дека веќе капка алкохол во уста нема да ставиш, џабе ти се и психолози, и психијатри и болници. Колку иделе да се лечат па после се враќале и после еден месец пак.. Значи, треба онака искрено да сакаш, да сфатиш дека имаш дечиња, дека треба да си тука за нив, да ги гледаш како растат, да си тука за жена ти, да имаш работа-што ако продолжиш вака ќе ја изгубиш. Психолози секако можат да ти помогнат, ама ако одиш со помислата еве се лечам и чудо ќе се деси-не, ако ти сам не сакаш и Светот да се преврти пак ќе најдеш причина за пиење. Зависноста е тешка работа, ама откажувањето не е невозможна. Само искрена воља, труд, и решителност. За кризи, има лекарства кои смируваат. Пред се, треба да бидеш искрен пред сите и отворено да збпруваш за проблемот, така сите ќе те разберат и ќе ти бидат поддршка. Среќно!
Јас сум човек кој аналитички приоѓа на се, имам многу литература прочитано за зависноци не се правам по голем папа од папата но релативно сум свесен што мене ми е потребно. Советите од Психијаторот воопшто не ми помогнаа и тоа беше Психијатар на кого му верував зошто имав позитивно искуство од претходно со неа. Многу е лесно да се даваат совети а самиот ти го немаш тој проблем верувај не знаеш како е, можеби си слушала си прочитала но не знаеш. Човек кој има зависност има таква способност да манипулира, лаже и да се сокрие што незнам дали некој друг може тоа да го направи. Јас знам дека и 2 животи да проживеам со алкохол никој никогаш нема да ме казни иако да возам пиајн постојано, никој никогаш нема да ме избрка од работа зошто сум професионалец во затскривање на мамурлоците, никој никогаш нема да се разведе од мене зошто никогаш никој и немал проблем со мене. Но! Но! Моето здравје ќе биде уништено и мојот живот ќе биде брзо замрен и мојата среќа ќе биде уништена за секогаш. Најголем губитник сум јас, ако не и единствне. Затоа и на почеток кажав не сум јас класичен тип на алкохоличар, јас сум уништувач на сам себе не и на другите Потребна ми е подршка, промена на моделот на однесување, можеби многу би ми погогнале клубови на бивши алкохоличари од нив има што да се научи и види.
@Igor80, те молам престани да пиеш! Кога ќе дознаат твоите деца дека пиеш, светот ќе им се сруши. Ќе им направиш лошо на нив. Можат да тргнат по лош пат. Жити светот, остави го тоа зло, наречено алкохол! Заради твоето здравје, а најмногу заради семејството!
И ќе престанам, зошто мислам дека овој пат не е како другите пати, последниве неколку дена гледам разноразни исповеди на алкохоличари во многу сегменти од нивните исповеди се пронаоѓав себеси кога ќе го слушнам истото тоа што мене ми се случува солзи ми течат, оваа недела како што сум се исплакал за самиот себе никогаш досега. Знам колку е болно сето тоа што го поминале, колку повредува и колку те прави несреќен. Знам дека не е во ред други да се оправдувам за моите глупости но сепак многу ми смета тоа што сопругата не сака да ми даде подршка иако да никогаш не сум и направил проблем со ништо. Кога и да и кажам одговорт е ист имам јас свои проблеми немам намера со тебе да се замарам. Друг голем проблем ми е тоа што сум екстремно амбициозен по некогаш имам чуство дека можам земјата да ја поместам од нејзината оска и да можам многу можам да направам, повлијаам, се случувало и многу да заработувам но секогаш кога тоа го правам по тоа се чуствувам оver using, речиси се правам до максимум, маскимум работам, максимум учам, тоа е се ок но по тоа телото е пре истрошено и мислам дека една од причините е и таа зошто посегнувам по алкохол. Морам и ова малку да го променам да станам малку „приглуп“, не секогаш да да се вложувам себеси толку. Трета работа ми е што имам малку вистински пријатели со кои можам искрено да направам муабет, еден од нив ако не и единствен е братми. Со другите вклучувајќи ја и женами не можам да разхговарам, имам чуство дека не сме на иста фрекфенција многу слабо се разбираме. Со останатите правам разговор колку да го направам не гледам што би научил од нив не гледам со што би ми го привлекле вниманието, од она што го читам учам иам забележано дека многу малку луѓе така пристапуваат другите се површни незаинтересирани. Ретко можам и пријател за разговор да си најдам.
Алкохолизмот е болест,не е нешто што се лечи со пешачење,иако во нашава средина не се третира како болест ,туку главно со осуда и со зборовите ,,не пиј,, како да е наједноставно нешто а не е.Доволно за почеток е тоа што си ти свесен за проблемот и што сакаш да излезеш од ѓаволското оро на кое си се фатил.Само храбро млад човеку,имаш дечиња на кои ако не се отпуштиш од ѓаволското оро ,ќе им нанесеш ненадоместлива штета по психичкото здравје. Останатото што сакав да ти кажам , ти кажа @Angie1432 ,побарај стручна помош од психијатар.
Здраво, тука прв пат анонимно споделив проблеми кои ги имав со алкохолот. Сакам повторно да ви пишам но сега со многу по убави и по весели новости. Веќе 20 дена не сум се напил ни капка алкохол, дома никој не може да ме препознае, сите ме прашуваат што ми се случило, незнам ни јас што ми се случи но едноставно не пијам. Четрнаесет дена бев на одмор сам со децата, ова беше мојот прв одмор без капка алкохол, прубаво си го поминувавме времето, со децата многу се зближивме и имавме прекрасни заеднички моменти. Незнам зошто но пишувањето по оваа тема многу ми помага. Голема благорадност до една членка која ми пиша во порака и со неа скоро секојдневно си споделувавме мислења за оваа тема. Што научив? Научив дека кога ќе ми се случат стресни ситуации истите да не ги решавам со алкохол. Така имав некои глупави проблеми кои ми создадо нервоза, но наместо тоа се напив дијазепам и се смирив без да правам тоа што бев претходно научен односно да пијам. Незнам дали сум или бев класичен алкохоличар, можеби повеќе се плашев да не станам можеби и бев незнам но како и да е сакам остатокот од животот да си го поминам трезен. Друго што заклучив е дека женами навистина сака да имам пороци за да се однесува неодговорно и да продолжиме да живееме еден покрај друг а не еден со друг, а она со мојот алкохол постојано имаше изговор да ми каже „ти ли најде да кажуваш“ и дадов до знаење дека сакам да се променам и дека овој пат нема да биде исто како претходните пати. Следен предизвик ми се цигарите, сакам да се откажам и од нив, но тоа не би го правел пред да поминат 3-4 месеци од комплетно апстинирање од алкохол! Ве сакам сите и големи поздрави до сите непознати мои пријатели
Здраво, татко ми има проблем со алкохолот. Не пие константно но доколку се напие чаша две, не може да воспостави контрола и продолжува, го гледа како утеха на некој начин. Сметам дека психолог би било појдовна точка за одвикнување. Дали некој е имал искуство со добар психолог на оваа тема да ми предложи? Фала однапред.
Preporacuvat Esparal stvara odvratnost I loshenje ako ispie barem malku alkohol. No bi trebalo da znae malku bilo rizicno.
Здраво ,јас сум нова на форумов и би сакала да најдам решение за нашиот проблем.Во брак сме со сопругот 30 год.и имаме три ќерки.Поминавме низ многу бури ама успевавме некако да надминеме се.Мојот сопруг е човек со две лица ,некогаш е душа а некогаш е сосем спротивно.Проблемот е алкохол и почнува се почесто скоро секој ден.Кога е трезен е се ок ,а кога е пијан се претвора во друг човек.Почнува со смеење а завршува со плачење,малтретирање ,кршење, ,неконтролирано викање, навреди,па дури и тепање.После такви настани другиот ден плачи ,се извинува,ветува и се колни дека е последно и до кога ? По некој ден истото .Децата се страмат ,почнаа да го одбегнуваат.Пред една год.имаше срцев удар ,веќе е и дијабетичар со препишана инсулинска терапија која што ја прекина и пак продолжува со истото.Јас цел живот сум навредена ,понижена,дури престанав да излегувам со него ,го кријам од моите,трпам се и сешто ај се надевам дека ќе се смени ама ништо.И на крај ме изневери со прва комшивка и си призна се колни дека било на пијанство дека се страми од нас за се што направил дека ќе се смени ама не се сменува.Јас и покрај се сум покрај него и искрено го жалам и се плашам да не му се случи нешто.Не молеше мене и децата да му простиме оти ако не му простиме ќе се отепа.Јас му простив со уста ама не можам со срце.Значи алкохолот прво го уништи него ,а покрај него сите страдаме.А не сака да слушни за лечење .Секако пробувам и со арно и му се заканувам ако не престани ќе го оставам и децата ќе се тргнат од него и не вреди.Ве молам за совет.
Собери храброст и тргни се. Се дури трпиш и простуваш насилство ќе страдаш, а и само ги учиш ќерките истото да го трпат во иднина.
Зошто му се закануваш? Собери си ги децата и отиди си, кога ќе прифати да се лечи ќе се вратите. Ако решил сам да се уништи не мора да и вас да ве уништува. Не треба ти да го молиш треба на него да му текне.
Многу пати размислував да го оставам ама секогаш се извинува плачи се моли дека е последно и децата ми викаат дај му уште една шанса ама ништо не се променува.А јас искрено не сакам да се разделиме сонував за скромен живот за иднина на децата се борам со сите сили ама станав многу нервозна и не знам шо да преземам.Пробав да се смирувам со апчиња ама тие не ми го решаваат проблемот .Единствено со сакам е да прекини со пиење и да заборавиме на се и да ги изведиме децата на прав пат и да остариме заедно.Ама губам надеж и до тој степен дојдов што секунди ме делеја од самоубиство .Фала ми на бога што ме спречи некоја мисла да се свестам и да продолжам да живеам со надеж дека се ќе биди во ред.