Кога ќе отвориш нова страна ќе се изненадиш колку други патеки кои ќе ти го направат животот и побуав па и од претходно и пред да почнел да пие. Еден е животот ако некогаш ви се сретнат патиштата ОК, ако не пак ОК. Децата ќе продолжат да си го имаат таткото и ќе си го сакаат. Но во случајов единствена жртва си ти. Жено оди запознај си некој партнер, прави секс, води љубов, шетај, истражувај, уживај во животот, ти не си одговорна за неговите постапки ни 1%. Многу пати имам пишувано тоа што сме во брак тоа не означува дека он одговара за твоите постапки ниту пак ти за неговите.
Се надоврзувам на случката на Нена48 само кај мене е друг проблем што јас не сум го фатила да ме изневерува. Ама јас се помирив со судбината и си се променив јас. Почнав да шетам,да си го живеам животот како што ми одговара а еве и два месеци се запознав со еден прекрасен дечко кој ме задоволува со се и исполнета и среќна сум. А тој колку сака нека пие не ме интересира веке ништо за него а се уште сме во брак.
Ми треба совет Од 2021 почнав да пијам и тоа многу, имав период 2 пати во неделата да повраќам. Имав инцидент при крајот на годината и од тогаш се свестив и пијам помалку, ама пак не може ден да помине а да не помислам на алкохол, до тој степен шо не можам да функционирам. Викендот го чекам со душа за да се пијанчам, ама ви викам сега барем само викенд, имав период секој втор ден бев мртов пијан. Почна да ми смета кога се сретнав со девојката која ми се допаѓа а бев под дејство на алкохол што дури мислам ја исплашив, а и предтоа ме имаше видено таков само во поблага верзија. Ама од друга страна не сакам да престанам, бидејки ми помогна да се излечам од депресија и анксиозност, па кога не пијам повеќе денови пак пагам во тешки депресии. Е сега работата е да не станам зависник.
Дете драго, ти веќе си станал зависник, и едно да знаеш дека тоа не ти помага за анксиозноста ич. Добро знам каква е анксиозноста ама верувај подобро да престанеш со пиење, затоа што секако сам ќе останеш со таков порок, а ако заболиш недај Боже, е тогаш ќе заборавиш и на депресии и анксиозности, и ќе молиш Бога да останеш жив. Посети стручно лице, ќе ти помогне за анксиозност и депресија, а ти треба стручно лице и за алкохолот. Најди друг издувен вентил, зошто не трчаш, туку се опиваш? Во моја околина имам лоша слика за млади деца, кои веќе не се деца, веќе ќе пречекорат 30,кои почнаа од 17,18 години и тонат се повеќе. Искрено книга можам да напишам за ова, ама доволно ми е што знам неколкумина што живот истрошија со алкохол. Верувај не вреди!! Побарај помош ако не можеш сам. Зарем сакаш животот да ти помине во самотија и пиење? Колку си години, твоите како реагираат на тоа?
Не ти треба тоа ѓубре колега, веќе ти станало зависност. Бар ние ги знаеме штетните ефекти на алкохолот и алкохолизмот, ништо добро не може пијанчење и алкохол во живот да ти донесат. Ако не можеш сам, подобро побарај стручна помош, уште додека си на време. Размисли како ќе одиш така на работа, во иднина пациенти на доктор пијан нема да му веруваат, не само со девојка, во сите аспекти од животот ќе ти пречи ако сега не го спречиш и прекинеш. Под дејство на алкохол и возење кола ќе ти е небезбедно, во се ќе те кочи во животот алкохолот. Ако размислиш долгорочно, големи последици ќе ти остави и на социјалниот живот и на здравјето ако не почнеш да ја лекуваш зависноста. Депресија не се лечи со алкохол, знаеш и самиот. Обрати се што побрзо на психолог или психијатар. Добро е што си свесен дека ти е проблем, тоа е добар почеток. Тоа што мислиш секој ден на алкохол и со душа чекаш викенди да се пијанчиш е веќе зависност. Не е утеха што си успеал да исконтролираш да пиеш само за викенди, лесно може да потпаднеш на некоја нервоза во обичен ден, да пиеш пак. Мора да го третираш ова. Да го исфрлиш целосно од животот алкохолот треба. Пробај со вежбање да се дефокусираш од мисли и желба за алкохол. Што повеќе да си зафатен и окупиран со други работи. Мене за нервоза, стрес, анксиозност, теретана и физичка активност највеќе ми помага.
Алкохолот не те излечил од депресијата и анксиозноста, со него ги потиснуваш, тие си се тука, ама самиот се лажиш ако мислиш дека баш алкохолот ти е лекот. Си створил зависност од која прво треба да си го решиш првичниот проблем, а тоа ти е анксиозноста и депресијата. Мора да си дадеш храброст и да посетиш стручна личност, не можиш сам да се справиш со тоа. Стручна личност ти треба за да го најде коренот на проблемот од каде почнува се, па за да се најде некакво решение. Не е ништо страшно ни срамно да се побара помош.
Ја сум алкохоличарка уште од 15 години, сама сум крива за то ама не нема да ви излечи ја анксиозноста, напротив ја влошува и го пореметува цел мозок ми иде да цркнам.
Со време фати си ја работата.. Од овој доктор има многу задоволни https://evromedika.com.mk/category/zavisnosti/alkohol-2/
Јас еве, скоро 9 месеци трезна, примам терапија. Моја беше одлуката да се одвикнам. Пиев од 15 години до 22. Све што ќе ми дојдеше при рака. Само алкохол да е. Секој ден мислев на алкохол (уште мислам до душа), мислев кога ќе се напијам, дали имам доволно пари да купам, лажев дома, крадев, се карав со сите. Животот пекол им го напрајв на сите околу мене, кој имал работа со алкохоличар знае како е. СИТЕ значи ми викаат полесно е ко што врви времето, ама лажат бе, лажат. Се осеќам празно, потполно празно без алкохол. Ама то е сега, сама пала, сама се убила, ќе си се сносам со последиците.
Лек за алкохол стрикно...нема. Мој познаник пие елицеа 5мг сабајле и деметрин навечер. Овие лекови му ги има препишано психијатарот што го лечи од алкохолизам.