1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алкохол, дрога или коцка - од кој порок нема враќање?

Дискусија во 'Психологија' започната од blueeparadise, 4 јануари 2017.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Не знаев баш како да го формулирам насловот на темата, и во која точно категорија да ја сместам, но сепак ја одбрав Психологија, зошто од сите три пороци луѓето развиваат и психички проблеми/зависност.
    Доколку модераторите сметаат дека темата е несоодветно поставена, или треба да се префрли во друга категорија слободно нека го сторат тоа.

    За темава сум инспирирана баш од мојот муабет со @lovely97 за казината, и ми текна дека на форумов нема тема за нешто такво, па се решив да отворам нешто слично.
    Според мене, најголем порок од овие три е коцката. Човекот што е зависен од коцка, пропаѓа и физички и психички, без внесување на било какви супстанци во своето тело, него буквално го уништува сопствената психа. Кога од забава одев во едно казино позачестено, забележав еден постар човек што буквално кога и да отидев во казиното беше таму, дури и вработените го гледаа со сожалување, и му даваше "совети" на едно помладо дете како да добие на рулет. Секако, советите не се исплатеа, не успеа да предвиди што ќе даде овојпат машината, но пак продолжи да игра, и остана дури и кога јас си заминав.
    Сведок сме на тоа колку семејства се уништени заради коцкање, кога ќе влезе дотичната личност во казино буквално губи сенс за времето, може да остане од раните до доцните утрински часови без да забележи, а дома има фамилија, деца и жена што го чекаат. Не ретко се случува да ја прокоцкаат куќата, колата и сите работи што ги поседуваат, за жал, понекогаш си го прокоцкуваат и животот кога ќе заглават со лихвари од кои нема бегање...

    Од алкохолот и дрогата како пороци за луѓе со слаба психа, не можам да издвојам кој е полош, навистина.
    Познавам една девојка, односно жена е веќе, има 30 години што буквално денот и започнуваше со алкохол. Уште нестаната од спиење, го зема шишето ракија и пола го има испиено пред доручек. :( После си продолжува со текила, пиво, се што ќе и дојде при рака, за при крајот на денот веќе да не може да стои на нозе, се случувало да падне, да се раскрвари, да не може да си го најде патот до дома, да се онесвести...
    За зависници од дрога, имам пример од блиска околина, човек со добра плата на времето, започнал уште од седмо-осмо одделение, и за многу брзо време преминал на хероин, од кој ден денес се лечи со метадонска терапија, веќе седум години.

    Сакам да поставам неколку прашања.
    Што мислите, кои се причините поради кои човек се осврнува кон овие пороци, неконтролирано конзумирање на алкохол/дрога или секојдневно одење во казино?
    Дали причините се од психичка природа, проблеми, трауми, тешко детство, па сите овие работи служат како карта за излез од она што ги мачи?
    Или пак кај некои се случува едноставно од аздис, од преголемо богатство кое немаат на што да го трошат, желба за забава, лудување, досада, па пред да се освестат веќе соодветниот порок преминал во зависност?
    И секако, кој порок според вас е најтежок за лекување?
     
    На lovely97, cresa-jagoda, КикиМаус и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Секој порок е тежок и си носи свои последици, не можам да издвојам еден за кој ќе кажам дека е најтежок. Ги имам проучувано сите и навистина сите се трагични. Алкохолот и дрогата директно влијаат врз здравјето и ги оштетуваат органите и нивните функции, создаваат пречки во нормалното функционирање на организмот и доведуваат до смрт додека коцката е веќе друга приказна. Таа доведува до пропаст, човекот го губи здравиот разум и губи се што има. За какви се случаи сум слушала, не само куќата туку и сопствени деца си продале. Во коцкањето човек тешко дека ќе повлече линија и ќе каже доста се додека не го удри реалноста, поточно загубата во глава.
     
    На buba4e89, lovely97, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Жртви на овие пороци се лица со слаб карактер кои за своите постапки наоѓаат вина во лошото детство, секојдневниот притисок со кој се среќаваат и други разни проблеми. Има враќање од сите три пороци, но ретки се тие случаеви оти бара пред се цврст карактер, верба, упорност, свест, надеж, желба за живот.

    Ете кога јас би бирала едно од овие зла најмалку болно, би избрала коцка ... кој знае можеби би ми се насмевнала среќата еден ден:D:cash:8)
     
    Последна измена: 6 јануари 2017
    На КикиМаус, crimson и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Нема враќање од ниеден ако навлезе човек целосно.
    Бегајте подалеку и од дрога и од коцка и од алкохол. Доколку ви се закачат такви личности имате и тоа големо право да ги избегнувате.
    За казината - досега немам слушнато некој да добил голема сума и да излезе од таму и да не се поврати. На крај доаѓаат до ситуација да ја изгубат куќата или станот во кој живеат и неретко завршуваат на улица. Казината се подесени да прават да губите, така да не се залажувајте.
    Се што сте вложиле ќе ви земат и ќе го преплатите трипати повеќе.
     
    На Роберт 7 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    17.687
    Само од куршум во чело нема враќање.

    За секој порок има начин како човек да се врати во "нормала".
    Секако за тоа е потребна силна желба и неуморна поддршка.
     
    На Tinaaa, SnowWhite8, Dust и 11 други им се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Инаку, сакав да додадам нешто. Физичкиот дел од зависноста е најлесен за лекување, тоа го имам и гледано по интервјуа од личности што се лечат во центри за одвикнување, дека за физичката зависност е доволен период од три месеци да се отстрани, додека психичката е таа која може да остане и цел живот. Таа е поводот за рецидивноста кај голем број зависници, кои кога ќе се сетат на преубавото чувство кое им го пружала една од горенаведените зависности, не можат да одолеат на помислата колку убаво би им било ако сега се напијат шише ракија пример.
    Затоа коцката ја зедов за според мене, најтешка зависност, бидејќи кај неа има да се работи само со психата на зависникот, а тој може да ги убеди и самиот себе си да се убеди дека е "здрав" а во првата прилика повторно да отиде во казино.
    Кај другите две зависности, откако ќе го поминат лекувањето на физичката зависност, и после надминување на тие физички симптоми се почувствуваат поздрави, посилни и со бистар ум, мислам дека самите порадо ќе се нафатат да работат на тоа да ги истераат тие лоши мисли што ги наведуваат да се навратат на порокот.
     
    На baba Rada и КикиМаус им се допаѓа ова.
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Од сите работи постои излез, ако човекот вистински го посакува.
    Ако не сака да го смени животот тогаш ни самиот Бог не може да му помогне.

    Не би рекла дека само луѓето со слаба психа паѓаат под зависности. Постојат низа фактори кои влијаат зошто некој би се најдел во ваквата мрежа на пеколот: од забава до бегање од проблемот/реалноста - како една крајност со многу други помали или поголеми причини и влијанија.

    Познавам и/или сум слушнала луѓе од моето окружење и коцкари и наркомани и алкохоличари. Има такви за кои овие работи се вистинско минато, познавам такви кои се уште се борат со некој од пороциве, со години.

    Кога човекот го допре дното и кога на самиот ќе му се смачи животот што го живее, кога самиот ќе се згрози од себеси, тогаш е спремен да се лечи.
    Со силна желба, верба (во Бога) и помошта од блиските (зошто без нечија човечка поддршка, вистинска грижа и љубов, не е можно човекот да истрае во борбата) се може да се преброди.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    Некој ми го избришал мислењето од пред некој ден:clap:

    Браво!
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.740
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека имам за овие две работи имам пишано на некоја друга тема, или пак на некој друг форум. Небитно, откако се отвори темата секој ден ја посетувам, читам и мислам. Најсериозно онака. Сите три се доста, доста лоши пороци. Сепак мислам дека со силна волја алкохолот и дрогата можат да се излечат дали со подолго време во установа, или кога ќе се појави некоја болест и секогаш инстиктот за живот е посилен кај човекот па се откажува од сите задоволства само да живеј додека од друга страна коцката ја гледам како неизбежен круг - имаш парти- ги фрлаш на коцка- немаш пари- заработваш малку пари- сакаш поќе пари- ги фрлаш на коцка- немаш пари. И сите резултираат со несреќна, разедината фамилија, првите две дури и со здраствени проблеми, а сите со финансиски проблеми. Зошто сметам дека првите две, алкохол и дрога, се „помало“ зло е зошто ете, како шо пишав погоре, кога се има здраствени проблеми природно е да настојуваме да сакаме да го подобриме здравјето дури и тоа да значи да се оддалечиме од нашите пороци, додека ете за коцка не знам какви здраствени проблеми можи да предизвика.
    Накратко, не мислам дека има помало зло и помал порок од горенаведените, едноставно ако веќе има прашање, вака некако би ги „подредила“.
    :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  10. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Со останативе пороци се уништуваш себеси највеќе, но со коцката ја уништуваш и цела фамилија и луѓето околу тебе. А, што е најлошо и коцкарите со тек на време не чувствуваат грижа на совест за изгубените пари, изгубеното време кое можеле место во коцкарница да го поминат опкружени со најблиските.
     
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Од секој порок има враќање назад, но има и опасност од повторно приклонување кон порокот.
    Дали некој ќе се извлече од порокот е работа на карактерот на личноста.

    Иначе, тие што се навлезени во коцка, дрога, алкохол...неможеш да ги разубедиш дека нечини тоа.

    Најчесто средината ,,ги исфрла,, како единки и сами се свестуваат во што навлегле.

    Нема неопасен порок.Овие три важат за главни категории.

    Порок е и прекумерната храна, играњето спортска и обичните покер апарати,пушењето, па и пивнувањето на ,,малку повеќе,,.
     
    На zuto, theowndemon и manja666 им се допаѓа ова.
  12. mizerija

    mizerija Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Од сите три нема врачање,сите се ,тешки' и богами му лета главата на тој што се занимава со нив.
     
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.679
    Пол:
    Женски
    Од дрога.
     
    На worrieddd му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Од сите три нема назад, особено од дрогата и коцката :nod:
     
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Враќање назад има за кого како . Јас би рекла дека најтежок порок е коцкањето . Што вели мајка ми - ако пие , ќе пие додека може , еден ден не ќе може да пие . Ако се дрогира - ќе се дрогира додека не се предозира . Ама ако се коцка - и со бастумче ќе оди да се коцка . Тука веќе настрадува цела фамилија . Единствен спас да се сочува кровот на глава е оној кој се коцка да нема ништо на свое име . Не зборувам на памет . Еве една ситуација од блиска фамилија . Дедото беше сопственик на куќата , ама си пивнуваше човекот . Синот кој се коцкаше заглавил до гуша , и го фатил пијан татка си , и му дал документи од куќата да ги потпише за да ја стават под хипотека заедно со дуќанот . Дедово поим немал што потпишува . Потпишал . За една недела им дошле извршители за да им ја земат куќата . Натаму-наваму , со врски и чуда , успеаа да останат во куќата под кирија . Ден денес плаќаат кирија . Дедото во меѓувреме почина . Братот на човеков што се коцкаше исто почина - од нервоза и стрес го удри инфаркт и почина на лице место . И што направи сега овој што се коцкаше ? Ништо . Пак се коцка . Само сега нема имот на негово име .
    Затоа , велам коцкањето е најлош порок на денешницата . На сите други пороци има крај . Алкохолот влијае на здравјето на алкохоличарот , еден ден ќе почине од цироза ако не се излечи на време . Дрогата влијае на здравјето исто така . Еден ден ќе се предозира и ќе почине , ако не се лечи на време . Ако е женкар , еден ден не ќе може да е*е , пак ќе се врати кај жената . Ама ако се коцка , додека е на нозе ќе оди во казино .
     
  17. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет поточно помош. Мојот брат г има сите можни пороци од лоши најлошо. се најлошо што може да си замислите прави по дома. моите ги малтретира им бара пари цело време должи му нема вракање. Се пробале. Се плашам за нив болни се и изнемоштени од тешката рбота која ја работат па уште и негови пороци да трпат. Тоа ли заслужиле, Не никако. со години неможам да се опоравам од нервози стресови и јас се поболев. Што да се прави во ваков случај тие мои родители со цел труд да не поведат на прав пат се дале. и сега кога треба да живеат мирно тие го трпат сетоо ова понижување и стресови. Со апшиња се живи. Многу лошо..
     
    На Mollami му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mollami

    Mollami Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Нема порок што не влијае на човечко тело и духот, а јас од моја перпектива мислам дека завист не постои се е до психата.
    Значи ако си викам пример јас "ќе се издрогирам да незнам кај сум", "ќе се напијам", "ќе идам да ставам неш на апарати" сето тоа јас го мислам и ако не го направам се чувствувам како идиот пример не дека стварно е така, или пак "чек да запалам цигара", не сме зависни туку навикнати нешто да ни чури под нос. Така да мој совет би било да си ја контролирате психата и тоа кај ви оди мислата.
     
  19. Soprugot

    Soprugot Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Има во Београд мн добра клиника поскапа но има ефект од лично искуство... ДР ВОРОБЈЕВ се вика руси се докторите
     
    На Mollami му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mollami

    Mollami Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Манастирот Бигорски или Острошки..нека оди малку да види како е...