Нека оди нека види убаво ке си помини ке се слика и убаво сеќавање.... За такви раб се оди во установа стручна помош и не во секоја посебно не во нашите одма дијазепаче даваат
Леле дете, абе што зборуваш жити се??? Дали ти си прочитал воопшто нешто за зависностите, дали знаеш дека има многу такви болести..ете на пр. јас сум зависна од чоколади!! Чекај, чекај кога ќе станеш и ти зависен како папан од форумов...ќе те видам после дали ке тропаш глупости. @Cacuvche душо, на голема жалост, морам да ти кажам дека џабе е вие да барате решение за проблемите, треба на братти да му светне во тоа главата и он да почне да бара лекување......тешка работа е тоа, пеколна...
Од коцка нема враќање лично ти кажувам ја сум дел од нив иако многу пати сум пробал да прекинам тоа трае само одреден период после пак иста песна, не можем да го објасним овај феномен околу 25.000 евра вкупен долг имам кон банки брзи кредити пријатели роднини се заради коцка страшно е коцката полошо од алкохол и дрога , најстрашно е што тераш без никој да примети се си нормална личност многу тајна и опадсна болест кога преоѓа во патолошка коцка иако си свесен се интелегентен си пробуваш да прекинеш секогаш се враќа не знам што е ова само мислам дека да одам во држава кај што нема ниедна коцкарница и цел ден работа може да се извлечам од најопасната болест што постои со оглед на тоа дека сум угледна личност не сум клошар да речеме имам добра работа се тоа пријатели али ништо не ми вреди тоа
Знам низ што поминуваш и ти и тие околу тебе . За жал , виновен си и нема оправдување . Но , немој да дозволуваш порокот да владее со тебе . Можеби си повозрасен од мене и не ми личи да те советувам , но прифати го како најдобронамерен совет , од индивидуа што многу добро знае како сето тоа може да се заврши .. Најди хоби што ќе те исполнува и релаксира по напорниот работен ден . Пресметај што се ќе си имал , кога не би се коцкал . Стави ги на лист хартија сите тие работи што би можел да ги купиш ( до сумата што ја должиш моментално ) или сите места во светот кои би можел да ги посетиш , а од друга страна придобивката ( или подобро кажано загубите ) од коцкањето . Зацртај си цели и гледај да се придржуваш до истите ( пример - до 2024 да ги исплатам сите долгови , а потоа да собирам финансиски средства за купување стан ) .. Или вложувај во она што го имаш моментално . Можеби , ќе има ефект .. Тоа што барем свесен си дека тоа е многу погрешно и многу лошо влијае како на тебе , така и на сите околу тебе , е добро . Дали можеш некако да се тргнеш од тие казина , кладилници итн ? Дали имаш викендичка или куќа на место каде нема такво нешто ( во село , или ако имаш во планинско село , уште подобро ) да живееш таму некое време можеби .. ?
Како прво летово имам аплицирано за во една странска држава да одам да работам се со цел да исплатам дел од долговите, а на коцка воопшто некое време не помислувам затоа што немам од каде да се позајмам да играм, и од плата не ми останува ништо , а дали кога би имал пари пак би играл не знам стварно 10 пати си прекршив збор лошото е што мислиш си излечен не играм ама не е баш така ка да ми фали некоја жичка во главава а свесен сум дека нема ништо од тоа, а инаку списоци тоа се сум пробал , едино нешто добро ако може да се каже добро немам ништо продадено заради коцка , и нема никогаш долговите ако треба додека сум ќе ги враќам мислам да сменим средина некое време би ми помогнало овде а излезеш од дома на секој чекор те демне коцката за луѓе цел живот што играат со слаб карактер е опасно
Не сум помислил неколку пати ама доста скапо наплаќаат, се си мислам дека сам можам да го средам проблемов до главата моја дека е само
Добра предлог е и психијатар , како што спомна членката погоре . Инаку , и во странство има казина , единствено да одиш на некое поизолирано место ( на пример на Сибир каде нема толку луѓе и нема каде да трошиш пари или во северниот дел на Алјаска ) ..
Ме интересира што е тоа што те тера пак да се коцкаш, како ја доби оваа зависност? Сакам подобро да ја разберам. Другите зависности ми имаат некоја хемиска поврзаност со некоја супстанца, постои физичка поврзаност, не е само психичка. Но, ова не можам баш да го разберам, а би сакала да знам.
се лачи висока количина на допамин и адреналин и тоа ја ствара зависноста, самото чувство на возбуденост и среќа исто како што некој е зависен од порнографија на пример
Јас што ги познавам тие што почнале да се дрогираат им било од забава. Едно девојче што се дружев порано на роденден кај заедничка блиска другарка имаше една табла со неа. Тогаш сакав и јас да пробам од радозналост ама на крај не остана за мене ништо. Сега си викам среќа што испадна така. Кога ги запознав сите психички болести се изненадив колку тоа може лошо да влијае на човекот. Сега скоро пробав трева ама не многу. Сакам да стојам што подалеку од тие ствари. Тревата лошо влијаше на мене и ми се повраќаше. Никогаш не би земала пак. Според мене секој пророк е тежок за лекување. Се што е претерано, не е убаво. Имам пробано од се по нешто али не до тој степен да заглавувам и да се опседнувам. Јас тоа го правев повеќе од радозналост да видам како е. Сега веќе кога знам како е, не се занимавам со вакви ствари.
Можеби може да се преусмери на некој спорт или активност што би предизвикале лачење на тие хормони и така да се спаси од тој порок.