Точно така некако возбуда за добивка адреналин , ништо не ти е битно додека играш после кога ќе се свеснеш лупај главата у зид ѓабе не помага Немам проблем со казино не ме влече тоа , добар дел од парите ги заглавив преку онлине обложување , најстрашно од све е ова од кога се префрлив онлине многу повеќе губев него физички во кладилница 24 /7 се кладиш тука дури и во вц додека си ми стана опсесија т.е патолошко коцкање кое неможеш да го контролираш а интересно со казина немам проблем многу ретко сум бил Сум спортувал сум играл и тогаш ама помалку време помалку сум губел ,сум имал контрола некоја онлине од кога почнав потопот почна не знам ни каде сум должен више се губиш во време и простор не бараш помош ,и тонеш сега ми е полесно поблиските ми ги знаат долговите ,неможат да помогнат ама немам камен у душата барем и помирно спием , се ќе се среди еден ден само ако прекинеш засекогаш тоа ме плаши не сакам ни 20 ден да играм а ќе се излажам одвреме навреме нема лек мислим од ова само 15 часовна работа можеби да немаш време за ништо
Веројатно па сакаш пак и пак болест нек си ебе мајката сакаш лесни пари а кога ќе собереш се стан си прокоцкал најмалку А тонењето почнува кога сакаш да си ги повратиш загубените пари, није ме мајка клела шта сам се кладио, веќ шта сам се вадио
Фала на објаснувањето. Мене овој порок отсекогаш ми бил нејасен, па сега ми е појасно и полесно можам да се ставам во туѓа кожа што се однесува до коцкањето. Разбирам што е зависност, но не разбирав како човек може да се навлече на коцка. За мене среќата е најсигурна кога ќе си ја заработиш со пот, а и сум немала среќа да добијам нешто така, па можда и затоа така размислувам. За психолог верувам дека немаш можности сега, но како што кажа работа и само работа и јака волја можат да помогнат.
Многу ми помагаше на И ја самиот не знам како се навлеков , почнува со ситни уплати рекреативно инпостепено влогот секогаш е поголем кај секого така само што некој не прешол граница работава е да допреш пред да помине во патологија а тоа е нон стоп да те тера на кладење кај мене неприметно помина во таа болест подмукла, можеби и не ми треба писихијатар да ме труе со антидепресиви затоа што ја знам целата филозофија на болеста и всушност високо образование имам од слична област , мене многу ми помагаат клипови на уотубе од Херц човек што лично поминал низ пекол заради коцка сега лечи луѓе зависници од коцка и во право е може да ти помогне само човек што поминал низ тоа ниеден психијатар не може затоа што проблемите на своја кожа не ги осетил, па не знам секој ден гледам по некој клип негов добро се осеќам и јас ако некогаш се средам во животов ќе отворам центар за зависности колку само златни деца познавам заглавени со коцка колку интелегентни деца, зошто коцката нема врска со интелегенцијата нема врска дека само клошари наркомани се коцкаат не е точно баш е обратно можам да пишувам до утре овде е полесно ама тоа е тоа дефинитивно е болест многи тајна и не знаеш кога може да ти се врати , и тешко се лечи не е баш лесно како што се мисли статистиката вика 90% од коцкарите по одредено време пак играат многу проучував со желба да не играм више ќе видиме што ќе биде
Само цврст карактер , многу волја и многу работа на себе ќе ти помогне ( мислам на воздржување , мораш да работиш на воздржувањето ) . Друго .. тешко дека ќе има ефект , штом се работи за онлајн коцкање . Свекор ми се коцка , почна со спортски обложувалници и трки со кучиња . Во период од 5 години , ја задолжи свекрва ми со кредит 10 години , маж ми со кредит 4 години , брат му исто со кредит 3 години , се разведе .. Се што му остана е само неговиот автомобил .. Беше во странство неколку пати , со надеж дека така ќе се откаже .. не успеа . Неговата желба не е доволно силна .. Бар на време го препиша цел имот на маж ми за да не го изгуби . Да не го стореше тоа , ќе останевме на улица сите ..
СЕ е еден вид коцка али тоа кучиња топчиња апарати на ме интерсира, јас бев убеден дека на одреден начин ќе заработувам една плата од спортско обложување , и многу бев убеден во тоа зошто еве јас се сметав попаметен од коцкарската индустрија мал милион математики напраев време посветив на тоа и на крај добив само нервози и еден куп долгови проблеми, и евиденција сум водел и све невозможно е да се заработи од тоа од 12 месеци во годината 2 месеци можеш во плус да бидеш и тоа ситен плус а 10 во дебел минус, сепак има попаметни луѓе што ја измислиле оваа индустррија јас проблемот ќе го решам само кога ќе сфатам дека не сум попаметен од нив , а секогаш пробував со нови методи сите неуспешни фактички болест е
Јас ко мал на кучки играв некое време ко че фатев една торба пари курката рипаше. Не сериозно, чувството на добивка е бесценето, ама прекинав и ништо повеќе не играв, ова е гаден порок и сио мајндсет ќе ти го промени. Имав другар западнат во ова заврши некое време во Демир Хисар да се опорај, уште има траги и си подигрува.
Не ми е за верување ова дека може некој во болница да заврши ради коцка. Скоро сите што сум ги познавала сме играле на заебанција. Максимум што сум фатила било 500 денари на рулет.
ооо и те како може, еден од Скопје лежеше у Бардовци, од шо немаше шо више да продава, почна да крши дома и да ги тепа неговите, па у жуто комбе и паљба абе коцка е најлош порок бе боље ќе шмркам и ќе лапам таблети него да се коцкам.Ни Господ не им помага на нив
Другар ми мој заработуваше убај пари како фудбалер, ама сите на коцка ги даваше. Почна да позајмува од сите другари, почна да му се заканува и на татко му, сакаше компјутер, тв да продава. Татко му еднаш излезе со нас да зборни да види шо е работава, душа чоек е. Го фативме коцкаров за раце за мишки пред татко му му држевме лекции ама џабе, изгубен случај беше, почна да пија тешки апчиња и Демир Хисар беше некое време, таа голгота шо ја проживеавме само не сакам да ширам, сепак за другар се работи.
Океј не прашувам повеќе. Јас до сега не сум сретнала ваков случај и затоа ми беше чудно. Ама изгледа се постоело.
абе болест е зависноста. Ти треба и психијатар и постојана работа на проблематекита, оти еднаш зависник-секогаш зависник. И да си 'чист' секој ден ќе имаш борба со себе да не подлегнеш на искушението.
Јас и другар порано игравме многу спортска.Но, за среќа видовме нема леб во тоа, а и млади бевме.Некогаш е потребно и свеста да проработи, главата да ја чукнеш и да се запрашаш до каде води тоа?Со чиста совест, дали родителите, другите околу тебе ќе им го оцрниш образот?Јас последен пат влегов во спортска облажувалница пред 8 месеци и одма не убав филинг.
Да, поентата е во се она што доаѓа со наградата и на психолошко и на физичко ниво. Ист ефект за мозокот и за психата имаат и лајковите, кудос, позитивните коментари како и бројот на прегледи на социјалните постови. Уште ако се и јавни (а се) уште поголем ефект и награда имаат - заради социјалниот аспект на човечката природа. Затоа има толку многу „инфлуенсери“.