За зависности од дрога, знам дека има установи. Каде да се бара помош за одвикнување од коцка? Близок човек е во прашање, доста навлезен во овој порок. Освен психијатар, постои ли некој друг тип на лечење? Не сум упатена, ама очајно сакам да помогнам.
Коцка, дрога нема назад а во скоро сите случаеви одат во комбинација заедно. И не можиш да помогниш на таков човек ако ти е дечко, маж тргај се, добронамерен совет.. Изгубени соништа, изгубена надеж дека со љубов и поддшка ќе се смени се, контрола, непроспиени ноќи, изгубени години и на крајот се по старо.
Од дрога и алкохол можда има колку толку назад. Од коцка нема.. Не за џабе викаат, парите се отепувачка.
Дрога и коцка одат заедно двата пороци од искуство. Никогаш скоро не е само едно, едното го повлекува и другото. Камо да е алкохол, немаш пари за бело гледаш како да доприш до лесни пари спасот ти се кредити, коцка и така во еден зачаран круг.
И да знаеш дека е така. На моја блиска особа татко и беше зависник од коцка. Цела плата на коцка. Дома трпеле. И цела заштеда ја потрошил. На крај и станот го прокоцкал. Од семејство кое добро живеело, западнале во беда и сиромаштија. Дошле до тој степен да се срамат од луѓето.
Владата става „клуч“ на онлајн обложувалниците – ќе се забрани пристапот до 100 странски онлајн коцкарници
Da, zamacka oci na narod ili ovie ne im plakaat danok pa zatoa pod kluc,a ova, kladilnici i kocarnici do skolo i vo sekoja naselba ke si vrvi.Mnogu pari se pravat tuka ,a narodot siromasen igra.Tazna prikazna.
Да се согласувам дека има многу, ама никој не те убедува да влезиш со сила, при свој здрав разум и одлука идиш и се коцкаш. Во некои богати земји ова ми е хоби на некого да ужива, а овде се гледа како можен начин да дојдиш до повеќе брзи пари (жими к..)
Малку е ова. Треба и физичките да ги затворат. Или за почеток, да ги дистанцираат од образовните институции. Познавам луѓе кои се излечија од сите три. Познавав и луѓе кои рано отидоа под земја поради сите три. Човек може да се излечи. Само да има волја. А, власта да презема мерки како онаа погоре, ама и некои построги.
Поисплатливо им е да се коцкаат во објекти. Ако им е за конкретни мерки требаше строго регулирање и намалување на казина, кладилници до степен на укинување, се останато е само модел за како да се исцрпат повеќе пари и да се стигне до поглем профит.
"Печалбариве" растураат... ЗАВИСНОСТ ОД КОЦКА: Дури 71 отсто од младите во Македонија си ја пробале среќата, а 17,8 отсто рекле дека се зависни од игри на среќа
Премногу кладилници/казина има наоколу... тоа за коцкар-зависник е смрт. Онака со цветли бои, сијалички трепкаат, на секој чекор, едно до друго наредени, тешко им е да дадат отпор на тоа. Затоа е многу тешко за коцкар. Не ги оправдувам ама ич, да не ме сфатите погрешно... ама како што направија кај нас со казината е ко зависник од шеќер да го ставиш во соба полна чоколада/бонбони.