Алтернативи на хоспитализација во психијатрија

Дискусија во 'Психологија' започната од HollowAndNull, 10 септември 2025.

  1. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    5.891
    Пол:
    Женски
    A, да се обидеш со дневна болница на Државна што е? Можеби е тоа најсоодветно за тебе. Разгледајте ја и таа опција. Делуваш прилично свесно и разумно, ја познаваш и разбираш својата состојба, па може тоа ќе го забрза патот кон зацелувањето.
     
    На FriendOfDorothy, milkyway^^ и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    2.881
    Неможам да те упатам затоа што навистина не знам ама сакам да одвојам момент да ти дадам еден вид на "со среќа и благослов" со тоа што сам го знаеш проблемот и сакаш да се подобриш.
    Твојот проблем го уништува општеството, а ти ќе го подобриш со таа храброст понатаму.
    Редок вид.

    Се најдобро!
     
    На st-el, elena.93, JasBee11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Hipohondrija

    Hipohondrija Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Девојки помагајте, ми е страв да одам во Бардовци или на државно, ама неможам веќе сама да се изборам.

    Од 15 години се борам со анксиозност, ама скоро дознав дека сум ја имала и како мала само поинаку се покажувала (страв да одам во градинка затоа што никој не ме дружел, иживување од воспитачки и после учителки, bullying, сум повраќала обавезно секое сабајле), имам OCD (опсесивно-компулсивно растројство) и веќе 12 години сум на психотерапија.

    Бев генерално добра, дипломирав скоро, бев на одмор, убаво ми беше, и се вработив во септември и од тогаш почна многу лошо да ми е. Некако како да изгубив воља за живот. Не гледав поента веќе, цел ден ми беше пропаднат. Се буткав да вежбам, да излегувам и на крај пукна. По 2 месеци на работа, паднав во сериозна анксиозност и депресија.

    Кошмари, будење навечер во некое бунило, неможам да јадам, цел ден сум уморна. Психијатарката ми даде елицеа ама некако кога земав ова целово 100 пати полошо, почнав да се тресам, да ми се лоши, како струја низ тело и ме фати страв да зимам.

    Неможам да земам сама лекови, неможам да јадам, морам некако на сила па викам да не знаете некаде каде се по културни условите, по нормални луѓето, да отидам да ме легнат барем додека не проработат овие антидепресиви.

    Многу ми е тешко, осеќам некоја физичка тежина. Ноќеска ме болеа градите како да седи некој на нив. Ми е страв од болести, од срцев удар, од глупости што сум читала на интернет. Незнам како сама да излезам од ова, немам сила, ако имате совети ве молам помагајте.
     
  4. katerina.femina

    katerina.femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Јас ги имав истите мисли и симптоми како тебе пред некој месец. Срцебиење,безволност,треперење, жешки дланки..
    Решение за тебе не е хоспитализација. Следи го психијатарот. Повеќето ќе ти речат да одиш на психолог. Ама според мене ако си во толку лоша состојба,треба редовно да земаш лекови за да ти се смири организмот што моментално ти е многу напнат и растревожен.
    Јас пијам Елицеа 15мг и Заласта 1/4 навечер. Ми требаше време за да се стабилзирам а дотогаш пиев и седативи( Диазепам или Аклонил). Нормално се ова одеше со редовна контрола кај психијатар.
    Мора да издржиш додека да почне да делува терапијата. Кога јас издржав со дете 6год.и мало бебе....секој може (и пред и постпородилна депресија имав).