1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алтер его

Дискусија во 'Психологија' започната од antonina, 30 август 2011.

  1. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    Здраво:) ако случајно оваа тема се совпаѓа со др. подгрупи како што се: ,,внатрешен глас,, и ,,шесто сетило,, слободно избришете ја. Ме интересира колку сте запознаени со другото “јас”, другото лице или личност во самата личност.Дали ја подржувате примена во сценската уметност и колку. Поздрав,Антонина(myAlter ego)
     
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Секогаш е тука воинствената ,силна ,истрајна ,кавгаџиски настроена ,безобразна и без влакна на јазикот - Маршелин Амару ,наспроти чувствителната ,емпатична ,културна и внимателна Јас.
    Перфектен одбранбен механизам од непознати и непожелни индивидуи :rock:
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Познат ми е терминот само јас лично не му придавам големо значење. Свесна сум за фактот дека секоја личност е во постојана борба со своите подобри и полоши тенденции и дека е микс од истите, свесна сум и за тоа дека сите еден дел од нашето внатрешно јас не го споделуваме во целост надворешно. Ама, :!: никогаш не сум отишла толку далеку да создавам нов идентитет од себеси со посебно име и карактеристики, каков што и е овој концепт на алтер его во суштина. Претерано соживување може да води во подвоена личност и посериозни психички нарушувања. Ама ако е во граници на контрола и некому му е значајно неопходен фактор немам против да си го има и користи. Мислам дека коренот на оваа појава е кај деца и тинејџери кои имале некоја траума, или асоцијални индивидуи не мора ова да било по нивни избор може раснеле во средина без врсници, значи потекнува веројатно од онаа навидум наивна потреба да креираш другарче со кое комуницираш и споделуваш се‘ а кое го перцепира единствено креаторот.
    Што мислам за алтер егото на јавните личности? Исто, ако е под контрола на истите во ред е.
    Имам читано дека Зиги Стардаст е алтер его на Дејвид Боуви, исто Слим Шејди-на Еминем, Саша Фиарс-на Бијонсе, Борат-на Саша Барон Коен, Мадр Монстр-Лејди Гага не би навлегувала во вистинитоста на ова сепак може да е само резултат на шпекулации може да е и чиста вистина, самите си знаат најдобро.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Мислам дека алтер егото е некако одбранбен механизам, или всушност се преставуваш онака како што сакаш другите да те видат. :?:
    Јас лично... не сум имала потреба од алтер его. Секогаш реагирам во зависност од ситуацијата. :)
     
    На Anah му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.338
    Алтер егото претставува другото “јас”, другото лице или личност во самата личност, за која индивидуата не е свесна. За личноста со алтер его се вели дека води двоен живот. Покарактеристично значење на терминот може да се најде во стручните анализи, каде во различни дела се опишани карактери кои се психолошки блиски или пак е измислен лик чие однесување, говор или мисли намерно ги претставуваат тие на авторот. На сличен начин, алтер егото може да биде применето на улогата или на личноста играна од актер или од друг вид изведувач.
    Алтер егото исто така се однесува на различните однесувања кои една личност може да ги манифестира во повеќе ситуации. Слични термини се аватар, двојност, имитирање и поделена личност.
     
  6. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Ако ми дозволуваш да те исправам, индивидуата не е свесна за своето алтер его единствено ако не е негувано. Под негувано мислам ако не се експонирани карактеристиките на "другата личност" преку индивидуата. И не секој има алтер его. Се разбира, секој има скриени желби, друг карактер но околината го гледа спротивното. Имаше едно растројство заборавив како се викаше, кога постои личност во самата личност, но личноста број 1 не е свесна дека постои личноста број 2. Например, ако личноста број 2 го мрази денот, таа напаѓа вечерно време и ги прави работите што личноста број 1 ги смета за недолични, неморални и лоши. Фактички, личноста број 1 го прави тоа но не се сеќава и не сака. Незнам дали ви доловив но тоа е таа двојна личност. Тоа е тоа растројство за која индивидуата не е свесна.

    Јас имам алтер его, Nicki Fierce. Ники е мистериозна, ладна и не е чувствителна. Таа е секогаш тука кога чувствителната Фалин ке биде повредена поради малата кавга со дечко и. Ники е секогаш тука да проба нешто ново. Често знам да ја запалам колата и да залутам во некој град кој што е на 30-40 минути од овде. Овде настапува Ники. Нејзе нема да и пречи да отиде на осамена плажа со книга в рака, да легне на лежалка и да се излежува цел ден на сонцето. И Фалин може да го направи тоа, ама Ники е овде за тоа. Еве јас така го доживувам своето алтер его. :)
     
  7. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    постои мојата арогантна, манипулативна,безобразна и саркастична страна, иако сум по карактер добра :lol: и спротивно од ова :lol: :lol:
     
  8. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Женски
    Немам, се претставувам таква каква што сум. :)
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.251
    Немам алтер его.
    Премногу ми е големо егото, за да има простор за уште едно.
     
  10. The Last Pharaoh

    The Last Pharaoh Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2022
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Немам,
    иако сум приметила кај некои, или имаат повеќе алтер ега или со одредена намера поинаку се претставуваат или можда имаат multiple personality disorder.
     
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.709
    Допаѓања:
    48.165
    Пол:
    Женски
    Имам алтер его. И некогаш искача
    Најчесто коа зе мислам за нешто, знам дека е овде