Егоист не сум дефинитивно .. Значи сум алтрууст .. Секогаш гледам првин да ги задоволам потребите на другите а послем моите .. понекогаш и жалам за тоа...
Животни сме, родени со инстинкти, нагони, потреби, желби, копнежи. Родени сме како егоисти. Така живееме, такви и ќе умреме. Нема гладен човек што ќе го даде својот дел од храната на друг човек. А да не зажали после. Ако направиме добро дело тоа е само за да ги оствариме своите цели понатаму. Вистински алтруизам е оној кога правиш добри дела а не си ги препишуваш како твоја заслуга. Ретко, ах, ретко кој човек е издигнат на тоа ниво.
Дефинитивно сум алтруист. Со самото тоа што другите се задоволни, а јас сум придонела за тоа - задоволно се чувствувам и јас! Ама кога гледам дека таа моја карактеристика е злоупотребена, знам да бидам и страшен егоист.
Во принцип сум алтруист, ама се трудам да бидам егоист.Нешто не ми иде па се нервирам.Зошто повеќе луѓе се егоисти па и јас сакам да се вклучам во трендот.
Голем алтруист сум, можам да кажам дека сум им подредена на луѓето, однапред мислам на нивните потреби,мислам дека тоа ме прави слабич во нивните очи, но мене навистина ми е важно се да е во ред. Можеби затоа имам некое чувство на тага што доаѓа како резултат на некое недоразбирање,затоа се повлекувам и делувам студено, а всушност сум кротка и мирна и за тоа сум свесна.Понекогаш ме нервира таа моја слабост бидејќи сум многу свесна кога ме искористуваат.
Секогаш алтруист, најубаво се чувствувам кога некому ќе помогнам и усреќам со нешто, егоист сум само кон моите непријатели кои ми го загорчиле животот, некогаш ми се стега срецето кога се воздржувам да им помогнам, но нешто не ми дозволува.
Ми се допаѓа размислувањето на Трендафилка.Иако поголемиот број се изјаснивте како алтруисти,јас мислам дека егоизмот преовладува во нас. Не велам дека сме ептен егоисти и суетни,туку дека нормално секој човек ги става сопствените потреби и желби на прво место.Нормално кога би имала 1 лепче прво и основно што ќе ми падне на памет е да си ги задоволам моите потреби,да си се нахранам Е сега веќе,кога имам и повеќе од доволно,не ми пречи да дадам на некој кој нема и да му помогнам да живее,наместо себе си да си дозволам луксуз. Така да,зависи од ситуациите,но мислам дека како единка во семејството ме навикнале да бидам малку поголем егоист.
Алтурист..И жалам што сум таква.Не се цени алтуризмот.Колку повеќе се трудиш да удоволиш некому толку повеќе погрешно си разбран.На крај па и лошо ти враќаат...
Да ме прашавте пред една година ќе одговорев дека сум алтурист,но откако сватив какви се луѓето во мојата околина станав егоист.Започнав да си ги гледам само своите интереси и желби,да правам само мене да ми е убаво (откако бев понижена и изгазена на најлош начин).Не бев таква но средината ме направи
Алтурист, па не знам НЕ да кажам. Сакам ама не можам, па трчкам ваму таму се да постигнам . Искрено неќам да сум. Можам да кажам дека некаде измеѓу сум. Си гледам и за мене ама повеќе алтурист.
Алтруист сум кон тие што ги сакам и кон тие што ме ценат и се однесуваат добро кон мене.Но сум страшен егоист зошто сум единка и немам ни брат ни сестра па не сум навикната многу да делам тоа што си е мое мое си е...Не сум јас крива што сум единка
Ако сите бевме алтруисти , како што милуваме да се наречеме ...нели светов ќе беше ПОДОБРО место за живеење ?!? Не сум горда на ова , знам дека не би требало да е така , но така е. Егоизмот е една од главните карактеристики на денешното општество.
Егоизмот е една од главните карактеристики на човекот воопшто. Јас лично во алтруизам не верувам, затоа што пред се човекот е хедонист и утилитарист, па и она што го прави за луѓето пред се` го прави за тој самиот да се чувствува подобро. Затоа и чувствуваме лична сатисфакција кога помагаме, па би рекла дека границата меѓу алтруизам и егоизам е многу тенка. Прашање е дали сме задоволни затоа што даваме, или даваме затоа што тоа не прави задоволни.
Во психологијата постои една гранка гешталтизам која го испитува ајде условно да кажеме проблемот со негово раситнување до најситните делови. И со помош на прашањето „зошто?„ кое се применувало на секоја една човечка постапка се одговара нешто, после кое следи ново „зошто?„ и така до недоглед, т.е. до оној момент кога веќе нема што да се одговори и на крајот секогаш била некоја егоистична мотивација во прашање, значи и кога мислиме дека правиме нешто за другите ние го правиме тоа првенствено за себеси т.е. за задоволување на некоја своја лична потреба, пр. може да е во прашање потребата да бидеме повеќе вреднувани самите во очите на другите со постапката пр. давање храна или пари на некој што проси може да е резултат да те доживеат другите како емотивна и емпатиски насочена алтруистка, значи билдаш поени за себеси во очите на другите, а не бидејќи искрено си ги согледала потребите на просјакот за оброк и си се сожалила над неговата судбина.
Koга некој е спремен да го жртвува својот живот во име на друг *рандом* живот, тогаш за мене е алтруист. А, јас сум егоист по природа. Тоа што мислам и на другите, знам да помогнам кога сум во можност, делам совети итн. не ме прави алтруист во никој случај. Некој сега да ми рече да му ја дадам сета своја заштеда за да си купи нов фустан, епа нема да му дадам ни денар, сакам со тие пари јас да си купам фустан.