Некоја златна средина. Неможам да се наречам ни алтруист ни егоист. Знам некогаш да се жртвувам и на некого да исполнам некоја желба, а некогаш можам и да искочам кучка и да си гледам само за себе. Зависи од ситуацијата.
Светот сеуште се врти само заради тие егоистични побуди.Ако го немаше,ќе требаше да се измисли,зошто би било едноставно кажано,досадно.А и немаше да ги дебелееме заднициве тука,млатејќи празна слама. И повеќе се мислеше на оној,себичен,страшно злобен егоизам,отколку оној продуктивниот. Лошо е да бидеш мивка,а лошо е и да не знаеш да процениш и помогнеш,а тебе те чини - ништо,а не добиваш исто така,ништо. Ашлинг...а замисли,вчера си имала убава,богата закуска,денес си гладна (нели,жив човек,тоа е процесот),ги имаш последните пари во себе,си купуваш убав,сочен хамбургер и му се токмиш да му се сладиш и кога до тебе...циганче,навистина гладно,слабо и голо,сликата вика дека навистина не јадело неколку денови,а може и повеќе,што ќе направиш?! Она со фустанот...и ти си егоист и таа е егоист и сите комплет.Реално,жена си,ги имаш 100 и никогаш нема да ви бидат доста и на двете. Лошо е да согоруваш за луѓето,добро е да знаеш да дадеш кога не губиш и кога не добиваш.На крајот,својата жртва,не е гаранција дека утре ќе добиеш сигурна потврда и прифаќање од заедницата,а од друга страна,многу е лошо и да дадеш се од себе до степен вистински да се жртвуваш,зошто ти не си бог,ниту семоќен за да се чувствуваш толку силен дека ќе промениш нешто многу во светот.А ако сакаш да бидеш пример кој се жртвувал во името на човечкиот род и замисли,успешно е,сите се менуваат,тогаш...пак лошо правиш,исходот е ист.Балансот и средината во секоја смисла и секој поглед,во секоја сфера,се благослов.А ако не си фин со себе,благ и исполнителен,никој нема да биде.Никој не е дојден на светов со суперменска моќ за да прави добри дела на сите страни и да менува туѓи судбини,тоа не е алтруизам,тоа е ... болест која бара помош од психијатар. Околу,гешталтот сакав нешто да приспомнам...тој носи кон одговор,кон корен на проблем и не секогаш дава егоистичен одговор.Себеведнувањето,нашите внатрешни пориви се малку покомплексен предмет за анализа,а и гешталтот сепак на крајот,откако ќе го осознае проблемот,да го поправи во насока на која му одговара на човекот кој бил предмет на анализа,а тоа може да биде и во насока на будење на егото.Сепак,во овој правец...тоа се луѓе со страшни фрустрации од детство,каде родителите постојано ги казнувале или пак ги правеле неоправдано неспособни и глупави,па морале постојано и постојано и постојано да се докажуваат пред нив,а потоа по инерција мислат дека така е и со остатокот од светот.Тоа е веројатно некоја грда болка,постојано мислење дека некаде грешиш...Сепак структурализмот дава тука повеќе одговори,отколку гешталтот. Сепак,сеуште верувам во искрените намери на некои луѓе,без разлика на нивната вистинска суштина.Се додека е добро,совесно и реално,го прифаќам и му симнувам капа секогаш кога ме импресионра. Се прашувам,кои беа побудите на работниците во Фукушима...те дали воопшто треба да се прашувам кога некој прави од својот живот буквално филм и цел свет му симнувам капа,а е несомнено херојско дело?!Веројатно некој од нив сака потоа да биде добра приказна и пишано име за запомнување од ваков историски настан,затоа што својот потенцијал го развил и нема што повеќе,а ова е шанса уанс ин а лајф тајм,но дали е тоа важно?!Ич!Можам да го обвинам и да му речам,ма марш бре,ти сакаш да добиеш нешто друго,многу ти е гајле за мене,дајте друго дете,друго дете нема...паф!Штурци у позадина,мрак! Егоизмот,вака или онака,е природен и нормален,а се засилува под присила на законите на џунглата.
Umm..зборуваме за сплет на можности,затоа напишав Да разграничиме потреба од луксуз. Мојата заштеда можам да ја дадам на некој што е болен, 100 денари да изгубам со вртење на донациски број. Тоа не го условува мојот живот. Но,кога од мојата заштеда зависи од мојот живот, нема да ги дадам тие пари на некој болен, зошто и јас сакам да живеам. Себично,егоистички звучи,да! Но,ете тоа е Ашлинг. Конкретно за ситуацијата која ми ја постави: ако јас сум ги потрошила сите пари на тој хамбургер,а сум далеку од дома и убитачно гладна, ќе му дадам парче на детенцето,парче мене. Во спротивно,ќе му го дадам цел хамбургер,нека го јаде. Според ова јас сум егоист и со тоа што си седнувам во кафич,си пијам кафица поштено,наместо тие пари да ги дадам на некој што проси на улица. +1 >> потполно се согласувам Само што различно ги сфаќаме овие два поими. Според мене љубезноста, помошта кога сум во можност,а не по секоја цена не е алтруизам. А,кога подобро ќе размислам повеќето коментари тука конкретно се однесуваа на тоа, делење совети на другарки,облека,чат-пат некоја хуманост. Но,да се стават самите пред одлука од која зависи нивниот живот,сите сме егоисти. Психичка болка верувам дека може да се излечи само со силна волја и многу труд. Тешко е, исто како и самиот живот во одреден период,но тоа всушност е и нашата поента на постоењето во овој свет и според мене поегоистички е да се откажеш од сопствениот живот,отколку да се оставиш да живееш,по цена друг да умре. (контрадикторно изгледа на почеток,но така е-тоа е егоист према самиот себе, не према другите) А, реално секогаш ќе сме посреќни ако сме задоволни од самите себе,па потоа да сме спремни да помогнеме баш со огромна љубов кон другите, во спротивно често тоа го правиме од некоја корист.
Не можам да се наречам алтруист а уште помалку егоист... Значи кај мене малку повеќе преовладува алтруизмот и тоа. Кон тие што ги сакам и што ми значат дефинитивно сум алтруист,за нив правам се. Има ситуации кога сакам и на себе да си угодам и гледам да си ги исполнам своите желби...и тоа е нормално според мене.
Па, некаде на средина сум. Повеќе накај алтруист. Навистина правам многу за други луѓе, секогаш помагам од срце, сакам кога некој решил проблем благодарение на мене, а овде не зборувам само за советување, туку и за многу други работи. Често сум се лишила од нешто за да помогнам на друг. Ме прави среќна тоа. И морам да кажам дека е многу парадоксално ова. Значи, јас им помагам на луѓето - тоа ме прави донекаде алтруист, НО, го правам ова бидејќи се чувствувам среќна кога ќе му помогнам некому, значи го правам за мојата среќа, па логично, нели ме прави ова егоист? Мој заклучок, нема чист алтруист и чист егоист, повеќето се на средина, ама сепак се е побудено од себични причини, ете јас би му го дала на гладното циганче целиот хамбургер и ќе бидам гладна и среќна, наместо сита и со грижа на совест. Значи сепак сум и егоист, за да не се чувствувам лошо, правам добро, зошто тоа ме прави да се чувствувам среќна.
Мора да се балансира...и алтруист и егоист...иначе нишо не праиш... реално алтруистите не се ценети во денешново општество
Со овој дел се согласувам. Гешталтизмот јас го споменав и не тврдев дека секогаш има егоистични одговори или пак дека сум приврзаник на овој правец. Споменав едно негово истражување за да ја доловам разликата меѓу мотивите за добро постапување од себични причини поради уважување на заедницата, замаскирани со добро дело...И јас не ги респектирам многу учењата кои го барааат изворот на секоја фрустрација во детството и односот на родителите. Не велам дека нема ова никакво влијание, но препотенцирањето на ова ми е апсурдно и ја нема мојата поддршка. Но за тоа повеќе дискутирав на друго посоодветно место. Во кристално чист алтруизам не верувам, тоа го доживувам како утопија. Нити па сметам дека поединец со своите обиди ќе го смени светов тоа ми е Сизифовски идеализам, а и јас лично немам такви амбиции. Во секој од нас постои повеќе егоистична мотивација, само добро е да направиме колку што можеме и умееме нешто, но тоа ни од далеку не не прави алтруисти, не прави за миг почовечни во сопствените очи свесни за нашата ограниченост за колосални добри дела и несовршеноста на нашата човечка природа. И факт е дека секој првенствено се грижи за задоволување на примарните свои потреби за храна, вода, сон, секс и доколку тука сме на било кој начин загрозени и ограничени до ултиматум ќе избие нашата егоистичност на сцена, бидејќи инстинктот да се преживее е појак од сите алтруистички обоени идеали кои ги гаиме со полни стомачиња и од безбедната топлина на нашите домови. Така да направи колку што можеш без да бараш било каков фидбек, бидејќи се‘ друго е веќе трговија, не си подарил туку продал, а со тоа делата и постапките ти се евтини.
Егоист, дефинитивно. Дури и би се „осмелил“ да кажам дека добар процент од оние кои се прогласија за алтруисти, се всушност „прикриени“ егоисти, со самото тоа што бараат да бидат ценети поради тоа. Јас за мене мислам дека доколку би бил ВИСТИНСКИ алтруист, не би го потенцирал тоа, дополнително со фактот дека никој не го цени. Алтруистот значи да сакаш да помагаш на другите, и самиот да осеќаш задоволство од тоа, да не ти е потребен туѓ „амин“. И да, кон оние што ми се блиски и ги сакам, правам безброј изненадувања и им помагам кога и да можам, сакам да се среќни и особено сакам јас да имам придонес во тоа (повторно, егоистички елемент )... Но тоа не ме прави алтруист, ниту може да го засени фактот дека јас сум си сам на прво место, а потоа другите.
^^ Than you got my point right? Го кажав и јас истото, дека сум на средина некаде, ама дека ми е многу парадоксално ова прашање, бидејќи сакам да им помагам на други бидејќи тоа ме прави мене среќна, што значи, сепак сум егоист, нели?
Сакам да им погодам на другите и многу убаво се чувствувам кога ќе го постигнам тоа,но со тек на времето сфатив дека не вреди,не за сите но во поголем процент да...затоа прво си гледам за мене и сум си егоист,а потоа за другите
Брее мајката. Вриело од светци на форумов, алтруист до алтруист. (со исклучоци) Јас сум егоист и точка. Никој близок до сега не гледал да ми угоди, зошто пак јас на нив да им се грижам?
Дефинитивно ЕГОИСТ и гајле ми е. Порано бев 102,3% алтруист ама од кога ќе те зафркнат тие што најмногу ги почитуваш и се жртвуваш за нив, да видиш се како може да се смени. Сега сум тотален егоист, не дека не сакам да помогнам на други, помагам ако можам АМА ако ми вреди сето тоа, значи пак ако мене ми одговара. Бтв: незнаев дека има толку многу добри луѓе кај нас
Во љубов-голем егоист. http://www.youtube.com/watch?v=lHMnxp4IAI0 А за семејство и другарство-ако имам можност и време, се' правам.
Мешавина сум,ама лесно преоѓам од една во друга категорија,без некој проблем.Во сексот сум и егоист и алтруист
Aко до сега бев некоја мешавина (имаше нешто во мене како алтруист) .. од денес па натаму дефинитивно ЕГОИСТ .
Алутрист во денешно време ? ! А зошто бе луѓе ? зар некој ќе ми каже фала ? Ќе памети што сум направила за него /неа ... Освен ако сакате ореолче на глава ... .. Најн Данкеее Егоист ако сакаш да опстанеш и успееш денес само тоа ... Човек за човек е волк ова го прочитав на еден стаус на фб = Чиста (трагична) вистина !!!
Ау дефинитивно алтруист до срж! Јаче е од мене, типично водолиски да можам на цел свет ќе му помогнам. Давам без да очекувам ништо за возврат. Уживам кога на било кој начин можам да им помогнам на другите и да ги направам среќни со тоа сум и јас среќна.