babylove овошни кашички

Амбициозни, а мрзеливи...

Дискусија во 'Психологија' започната од PeachGirl, 29 јули 2011.

  1. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.041
    Пол:
    Женски
    Дали сте полни со амбиции и планови за вашиот живот, но сте премногу мрзеливи да превземете акција?
    Како ја победувате мрзата?
     
    На odbojkarka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.545
    Некако амбициозноста и мрзеливоста неможам да ги вклопам во иста реченица. :^) Амбициозен човек неможе да е мрзелив, амбициите силната воља за успех и за остварување на посакуваното не му на човек дозволуваат. Да речеше паметен со неискористен капацитет заради мрзеливоста некако ќе држеше вода, а вака не!
     
  3. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    174
    Мене ми е контрадикторно ова, полна со амбции а мрзелива :?:
    Сега нема да бидам скромна, и ќе кажам дека сум премногу амбициозна и дека досега се исплатела мојата амбициозност :angel: Мрзелива? Тоа во тинејџ годините кога мислев дека се што лета се јаде. Ама кога прв пат ми се пружи шанса да почнам да ги остварувам своите амбиции , исчезна мрзеливоста. Упорноста ја победи мрзата, крајниот продукт беше повеќе од задоволителен. Тоа ми беше како отскочна штица, поттик и желба за повеќе исполнети планови. Мрзата ќе исчезне кога ќе расчистиш со себе, дали ќе дозволиш мрзата да биде посилна од твојата упорност и амбициозност.

    Кога сме веќе кај амбициите мора да го цитирам Аце Русевски од едно негово интервју пред некој бокс меч. :rofl: :rofl:

    Новинарката- Со какви амбиции пристигнавте во градот?

    Аце- Со авион
     
    На justin4ever и Srekicka им се допаѓа ова.
  4. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.041
    Пол:
    Женски
    Можеби така чувствувам бидејќи сега сум во некој меѓу период кога сум при крај на мастерот, а во меѓувреме не работам и сеуште финансиски зависам од родителите. Проблемот е што имам 22 год. со добар просек на факултет, и имајќи големи очекувања, а реално малку можности и временски рамки за реализирање на истите, почнувам да паничам дека нема да имам успешен живот. И што е најлошо, сега преку лето, ништо не ме мотивира, а ме демотивира самиот факт што наместо со 22 год. јас да лудувам по плажи и со друштво, јас седам дома. Тоа е тоа.
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.709
    Не мислам дека амбициозен човек може да биде и мрзелив.
    Сите ние имаме желба за успех и желба да бидеме некој и нешто, да ги оствариме своите соништа и амбиции, но тоа не може да се случи ако некој е мрзелив. Мора да се победи, или да се потисне мрзеливоста затоа што често таа е кочница во животот.
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.545
    Сакаш да кажеш дека си демотивирана бидејки имаш 22 години а си прикрај со последипломските студии, со висок просек, а си финансиски зависна од твоите? Баш ме интересира на што последипломски си некако не ми е логички 22 дипломирана и прикрај со посдипломски :^) И неможев да сфатам која е поентата со плажите и журките |(
     
  7. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.041
    Пол:
    Женски
    Драга Совршенство, 3 годишни студии завршив и сега сум на мастер од кој ми остануваат уште 4 испити до крај, и бранење на теза. А тоа со плажите и журките значи дека немам желба за ништо друго, во моментов, кога е лето и сите одат некаде на одмор, а јас седам дома бидејќи моите не можат да ми овозможат финансиски средства. Може звучи лудо и неблагодарно од моја страна да се жалам, но шо да правам.....позз
     
  8. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.545
    Па не е мал успех на 22 години да си прикрај со последипломски. Јас на 22 години штотуку дипломирав и тоа морам да нагласам во рекордно време во јули, а најрано што можам да магистрирам е 24 и за тоа те прашав :) Сепак си успејала во некои твои амбиции ( ако тоа ти било амбиција )
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.684
    Мрзата не ја победувам никако. Таа е единствената причина поради која не можам да си го остварам сонот.
    Исто како што рекол Буковски: "My ambition is handicapped by laziness."
    Тоа е тоа. :|
     
    На Evellin.a, butterfly.93, Strumfeta93 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.280
    Допаѓања:
    5.165
    Најголем удар на секој амбициозен студент. Секој мисли дека веднаш откако ќе дипломира ќе најде работа и ќе почне да печали, ама ја заборава или не ја знае фазата кога се кали во животот. Сите имаме големи очекувања во животот ама кога ќе се судриме со реалноста се разочаруваме. Така да ти не стануваш мрзлива туку се разочаруваш од реалноста. Сега преку лето ништо не те мотивира затоа што ја гледаш реалноста. Нема пари за одмор. А кога би имала и ти би лудувала. Незнам од која причина не размисли на почеток на летото да поработиш било што месец-месец ипол па во најмала рака и до Охрид да се прошеташ, ќе ти дојде добро таа промена на средина.
    Не ме сваќај погрешно ама ти си амбициозна ама не и мрзелива, туку само проаѓаш низ фаза кога се судруваш со реалноста и можеби малку те фаќа паника ,,што понатаму во животот по завршување на факултетот,,. Тоа е нормално кај секој.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.417
    Јас сум амбициозна...за жал мрзелива...Не се ни трудам да ја победам мрзата, а сепак си фантазирам за иднината. :)
     
  12. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    891
    Не, неможам да ги поврзам амбициозноста и мрзеливоста.
    Човек така може да успее само на 2 начина: со многу среќа и се разбира, некој друг да се бори за неговите амбиции за да после го искористи тоа.

    Јас никогаш не би дозволила ова на мене да се случи. Се разбира, малку среќа никому не е на одмет, но најсреќна би била кога моите амбиции би се оствариле со голем труд и работа.
    Јас сама да се борам за тие да станат реалност.

    Така да, кога се однесува до амбициите, не сум мрзелива воопшто. :shake:
     
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    2.852
    Пол:
    Женски
    ЗА жал ова со студентите е точно колку и да си амбициозен те убива системот.

    За сите работи кон кои имам амбиции не ме факала мрза никогаш. Мислам дека амбицијата без акција е само желба да сакаш нешто да ти се оствари.
    Некој има преголема амбиција да има 200 декари земја (може ви изгледа чудно ама има и амбициозни земјоделци немаат сите амбиции да влезат во администрација). Тој човек работи од јутра до сутра ама ако е цврсто решен ке го има него не го мрзи.
    Некој има амбиција да има сопствен бизнис. Ке лаже ако треба на 300 луѓе должен ке остане ама ке си ја оствари.
    Сите мои амбиции ги имам остварено а инаку сум многу мрзлива особа. Всушност амбицијата е тоа што ме тера да одам напред, да завршам некоја работа. Напорно во моментот учам странски јазици, и покрај што сум на еден од потешките факултети, напорно се распрашувам за услови, документи, нострификации на дипломи, визи иитн се со цел да ја остварам мојата амбиција еден ден да бидам успешна во мојата професија. Учам и за на факултет тоа што ми треба, се трудам да останам во контакт со луѓето што мислам дека ке ми затребаат и слично.

    А тоа амбициозна а мрзелива не го прифакам. Ова со факултетиве после дипломирање повеке би го нарекла амбициозна ама разочарана отколку мрзелива.
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.779
    Мене некако овие две работи не ми одат заедно.
    Ако имам амбиции за нешто, не ме фаќа мрза, кога ќе си помислам што ме чека на крај :)
     
  15. Gioia

    Gioia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    598
    Стварно кога ќе размислам подобро двете работи не идат заедно ама ми се десило за нешто да сум амбициозна ама мрзеливо да го правам или пак да не го направам воопшто..можеби затоа што не сум била доволно амбициозна..сеа си се стаив у размишљање!!
     
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.623
    Значи има четири типа на луѓе - прости и мрзеливи, прости и амбициозни (има и такви), паметни и амбициозни и најлошото..... паметни и мрзеливи.
    Јас си кроам планови за во иднина, редовно и мислам дека претерувам. Ама постојано мислам дека не постојат шанси да се реализираат моите идеи. Финтата е ако не постои шанси, ти треба да ги направиш. Не можеш твоите амбиции да ги чуваш во тебе и да ги вадиш пред спиење и пред туш. И не за џабе се вика, СЛАБИТЕ ИМАТ ЖЕЛБА, А СИЛНИТЕ-ВОЛЈА.
     
    На JoxyTheFreak и PeachGirl им се допаѓа ова.
  17. Rozovka

    Rozovka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    15
    Уф, добро е! Си мислев само јас сум ваква..
    Со 300 планови за иднината, уште дипломската и завршив и факултет и со просек и се.. И сега толку мн фантазирам за кариета и успех, а кога ќе ја погледнам реалноста ме пука депресија. Каде од тука? До сега се беше онака јасно.. основно средно факс.. И сега се тоа помина.. најдиработа секој ден ја листам ама тапа некако.. Па и да има оглас некој надежен, веќе знаат кој ќе биде вработен и се е формалност.. Или па на 21годишен човек му бараат искуство.. ах забегав малце со темава.. него зборот ми беше.. не е само до нас.. државава не чини!
     
  18. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    103
    Е па девојче за жал ти НЕ СИ амбициозна. Амбициозни се луѓето кои се трудат по секоја цена и на секој можен начин да дојдат до целта, или до нешто кон што се стремат. Ти си сонувач, фантазер. И јас сонувам навечер дека ќе летам во вселнета. :D И за тоа насловот на темата нема врска, не постои амбициозни а мрзливи луѓе, или се мрзливи ( лежат по цел ден и си замислуваат работи) или се амбициозни (пробуваат разни начини реално да дојдат до нештото)
     
    На Extraordinary.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Секој човек на оваа планета има амбиции, уште од мали нозе да речам...како дете некој сака да биде лекар, некој пејач, некој судија и сведок сум на такви случки кога некој од мали нозе сака нешто и после го исполнува тоа. Сваќам некој да не може да си ги оствари амбициите поради финансиски проблеми на пример (иако и тоа не е оправдување, зашто кога се сака се се може, желбата да се успее е поголема од се, низ историјата имало многу луѓе кои биле многу сиромашни, па станале едни од најголемите бизнисмени на сите времиња), ама да не се остварат амбициите поради мрза......Е ова не можам никако да го сватам. Да, знам дека има мрзеливи луѓе, и не осудувам никого, ама според мене не може човек да биде амбициозен, а мрзелив. Или си амбициозен и се бориш да постигнеш нешто во животот, на своите деца да им дадеш подобар живот, или си мрзелив. Амбицијата и мрзеливоста никогаш не можат да бидат да бидат на исто рамниште, или победува едното или другото. Ако си мрзелив не си амбициозен... Мое мислење!!!
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.523
    Амбициозните луѓе не се мрзеливи. Размислуваат, планираат, кројат, прекројуваат планови, упорни, издржливи и ја реализираат идејата и желбата.
    Мрзеливиот човек кој само сонува и мисли дека поседува некаква амбиција всушност е само фантазер.

    Мене оние претерано, да не кажам болно амбициозните луѓе ми се малку напорни, во смисла живеат, дишат и сонуваат само за реализација на зацртаното.
    Притоа забораваат на животот и обичните мали нешта, немаат време за излегување, за пријатели, за едноставни работи...
    Донекаде и ги сфаќам ако животот бил суров кон нив, не виделе многу убавина низ годините па сега си викаат - ќе направам се' , ќе дадам се' од себе да намлатам многу пари, пример, и потоа да уживам во она што не можев никогаш да го имам.
    Ок, амбицијата им е оправдана, ама притоа забегуваат и во зависност од степенот на нивната амбициозност се претвораат во личност без скрупули, за да на крајот народски кажано почнат да газат по живи лешеви за да успеат.

    И таквите мрзеливи не се.
    Мозокот им работи 100 на час, во состојба се да направат скоро се' за да успеат.
    Да жртвуваат многу во името на амбицијата.

    Ако се препознавте тука - тогаш сте амбициозни.
    Ако не - тогаш сте мрзеливи и склони кон многу фантазија.
     
    На lolitoo, justin4ever, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.