Амбициозни, а мрзеливи...

Дискусија во 'Психологија' започната од PeachGirl, 29 јули 2011.

  1. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Се е точно што пишувате.СЕ.
    Значи темава треба да ја преименувам во „Мрзеливи сонувачи и фантазери“
    Како и да е..треба акција, а не дремење пред компјутер.
     
  2. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    ке седнеш малце ке размислиш и ке сфатиш сама што ке правиш понатаму.....
     
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Хм. Епа, оди во акција де.

    Амбициозен, а мрзелив. Не верувам дека има такви. Мислам, ако веќе си амбициозен, спремен да бидеш тоа што си наумил, не знам што е мрзливо тука? Каде е мрзата?
    Ако си мрзлив, сигурно не си доволно работлив за да бидеш амбициозен. Значи, ако мислите дека сте мрзливи, а веќе кроите планови за во иднина, тоа не ми изгледа на мрзливост.
    Ако сте навистина мрзливи, а се замислувате дека живеете во палата, со идеален партнер, и како ве ладат слуги со огромни лисја, тогаш сте фантазер. Ништо повеќе.
    А фантазијата и амбициозноста не одат заедно. Тоа се два различни поими.

    Ако веќе имам амбиции, спремна сум да одам до крај со тие амбиции. :)
     
  4. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Не за џабе се рекло дека и со постигнувањето на одредена цел се доживува загуба. Губиш нешто за кое си мечтаел, некое знаменце кое треба да го собереш и си викаш - за ова трчав цел живот?
    Еве јас сум при крај со факултет имам уште некои 5 испити до магистратура. Ова го сакав цел живот. И сум срекна што стигнав дотука. Но сега сфатив дека проблемите допрва доаѓаат. Пошто не сум од Скопје ме убива мислата цел живот да работам колку да платам некому кирија и сметки, за некој стан кој личи на шупа да ми оди пола плата. Па кога ке помислам и на тоа кај ке се вработам дали ке има тортури или не, дали ке ме малтретираат или ке си ја најдам работичката која си ја сакам :?: Мора да брзнам со работењево зашто и сестра ми е на факс па да им се тргнам на моите од грб. Си правиме планчиња со дечко ми да земаме станбен кредит да бидеме свои луѓе, ама кога ке помислиме колку е тоа тешко и амбициозно за двајцата, солзи ни навираат во очите. И си се гушкаме, што да правиме... Битно е дека имаме амбиции, ама неизвесноста не убива, ми влева страв во коските, се тресам од страв.
    Не јас не сум мрзлива, ама се плашам од амбиции.
     
  5. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    не сум многу мрзелива, иако некат со сила се терам на некои работи
     
  6. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.469
    Допаѓања:
    13.696
    Амбициозните луѓе се вредни, енергични. Јас така ги доживувам. Е сега кај нас за да бидеш богат од сиромашно дете да направиш нешто во живот, треба многу работа, многу жртви. Кај нас е екстра тешко. Ама треба човек да се труди. ЈАс не мислам дека учењето е џабе. Тие што без мрзливи и што викаа што ќе ми се петки, ќе одам и со тројки на факултет сега рмбаат скоро за без пари. Доцна сфаќаат луѓето дека животот е суров, дека треба знаења, способност. Не е доволно во денешно време дури една струка, добро е да се знае нешто плус. Е сега јас не сакам луѓе што се амбициозни на туѓа сметка, тоа е повеќе злоба одошто амбиција.
     
  8. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Јас сум многу амбициозна и имам големи планови за во идинина.Сакам да станам судија која сите ќе ја почитуваат и на еден начин ќе имаат стравопочит спрема неа.Понекогаш ова ми делува како мотивација да станам и да ја фатам книгата во раце,ама понекогаш не ми се станува од ком.Се си викам ај после,ај после и се така.Хахха..:D
     
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Ова нешто како за мене хахах
     
  10. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    Јас сум амбициозна и тоа многу, се плашам да не е и премногу, си имам цел во живот и одам кон тоа, но не само да сонувам туку реално се залагам за тоа.Моментално не сум ни богата ни сиромашна, моите родители како деца биле сиромашни-отскокнале ден чекор нагоре и сега можам да кажам дека мене не ми недостасува ама баш ништо, но мојата цел бо живото е да отскокнам уште едно ниво погоре,сеуште сум многу мала(млада) но енергична сум,за се си имам изградено став,самостојна сум...сте забележале во претходните мислења.Единствена негативна карактеристика ми е што понекогаш сум малку несигурна...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
  12. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Кај се видело да постои амбициозен а мрзлив човек?
    Или си амбициозен и се бориш да одиш напред и да си го достигнеш објективот, или си бајмак како што викаат кај нас во Струмица што не знае што со себе, а дури и да му дојде некоја идеја мрза му е да ја оствари.
    Така да, или си едното или си другото, нема ништо помеѓу овие двете.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.632
    Допаѓања:
    161.487
    Има. Така наречени прокрастинатори,а и перфекционисти. Некои се плашат од својот успех и ја одложуваат работата затоа што не би знаеле како да се носат со истото,а има и такви што се плашат од неуспех,па не се ни обидуваат. Не се ни мрзеливи, туку својоите стравови ги проектираат како мрзеливост и пасивизираност. За среќа на многу кретенчини што не се активираат,у тој случај Орце Камчев и слични ќе ги гледате на камени како просат.
    Проблемот во општеството се оние невредните и амбициозни кои газат преку лешеви или умислени глави дека нивната амбиција е поврзана со нивниот личен квалитет,а поседуваат квалитети на црковен глушец. Да, се докопуваат до извесно нешто, ама после си страда системот полн со дупки и недовршени работи или работи кои не се знае како да се продолжат зошто се нема генерална визија.
    А и не секоја амбиција е остварилва од многу различни причини.
    Така што не можеш да кажеш дека или си едното или си другото.
    Ако мојата амбициозност вели сакам да најдам работа,а Македонија те јебе у здрав памет, најди го тука проблемот. И низа други,други фактори,ама зборевме тука за мрзеливоста.
    Тајната е да правиш работи за себе и да не мислиш дека секој неуспех ти е непростлив. Некогаш пак мудроста е да знаеш каде да се откажеш и да пробаш нешто друго во кое повеќе ќе се пронајдеш или успееш. Не е секогаш оди до крајот. Оди само ако навистина толку силно го сакаш,а не зошто ти си поставил репер и дека така мора.
    Ако за Македонија збориме, мрзеливоста ја креира системот. Повеќето млади се пасивизирана маса зошто земјата не нуди можности и зошто сите се кретени кои се плашат од авторитети кои немаат право да бидат авторитет.
     
    На Ema.Sk, Hipster, CoverGirl10 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604

    Е за жал за момент заборавив дека кај нас така функционираат работите, за жал.
    Можеби за тоа што веќе неколку години живеам во држава со многу здрав систем, па тој што работи си го добива заслуженото. Кај нас да, државата го дупи народот и ако има такви паразити што успеваат без разлика на тоа кого ќе осакатат а немаат 2 чисти в глава, еден е виновникот.
    Сепак, сакам да верувам во тоа што го пишав прво, тој што е амбициозен да си го следи патот и да си ја достигне целта, макар и во друга држава.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.632
    Допаѓања:
    161.487
    Ма не е само самата земја,ти велам дури и таму каде што си ти има луѓе кои имаат квалитети и имаат амбиции па не го прават тоа од лични причини.
    Не му е непознато на светот сето тоа...
     
    На Unica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    мојата животна приказна, ама јас се сакам да си сработам од многу порано па до ме крева од пред телевизор :D
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Мене некако насловов не ми се вклопува. Амбицозен а мрзлив :?:
     
  18. The Last Pharaoh

    The Last Pharaoh Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2022
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Ова е многу лоша комбинација која води до големи разочарувња.
    Во смисла дека во глава имаат високи амбиции но не им се работи на тоа да ги досегнат замислените цели.
     
  19. Monofonik

    Monofonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2022
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Машки
    Едно на друго е контрадикторно.

    Амбициозен никогаш не е мрзелив. Амбициозните луѓе се флексибилни. Со нив многу лесно се договара било што.
     
    На eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.