Ги имам пробано ампулите на Placenta,Kenue но на врвот се ампулте на wella... Wella производите се со германско потекло,кога станува збор за амулите тие се малку поскапички од другите единствено само ако ги начекате по салоните за празници кога одат со попуст.... Незнам дали производите на Wella се достапни во малопродажба,јас маската за коса и ампулите ги земам по нарачка од салон. Јас ги користам Wella SP Balance Scalp Energy Serum Ampoule 6x6ml Составот на овие ампули е со кофеин и биотин,во себе зодржат и витамини кои ги зголемуваат хранливите материи за оживување на косата. Се масиираат нежно се употребуваат 3 пати неделно а за оптимални резултати користете го во коминација со SP Balance Scalp шампонот.
Мене ме интересира што се случува.. има ло резултати во растот на косата... И ампулите клако ги користеш ги ставаш на секое миење?
какво воодушевување од овие ампули,синоќа прв пат ставив и моите уништени врвови воскреснаа.не значи дека се што е извикано и скапо е квалитетно.ќесе пари фрлив по скапи паковања и ампули ,но овие за 120 денари вредат.
ги има во аптеките на еурофарм [/quote] Си купив денес... а како се нанесуваат само на врвовите или на цела коса?
2 ампули се, ама јас не приметив никаква разлика, и цимерката ги користеше и таа не беше задоволна. Позадоволна бев од едни италијански што се продаваа по 35 денари во некои аптеки, отколку од оваа, а мислам дека едната е 120 денари, ама не сум сигурна, лани ги купував.
Не е баш така... Затоа што доколку ја ставиш ампулата врз цела коса таа нема да ти се разнесе врз целата туку ке ти остане само на некој дел од косата.Затоа треба да ја поделиш косата на прамени и со маска за коса да додаваш по мала количина од ампула на прамени и така да нанесуваш.
Значи стварно мора да ги пофалам и јас ампуливе! Не е можно, косата ми ја направи со екстра волумен, и бидејќи имам виткана, абе едни локни што се направија, се чудам и јас како можеше тоа да го постигне само една ампула. Арно ама првата ми отиде фира, како ги отварате бе ампуливе? Јас ставање ампулата на послужавник легната, земање чекан и наместо само горе да удрам, ми се лизна некако надолу и отиде цела ампула по послужавник. Презадоволна сум значи, отсега само вакви користење, само да не прекинат да ги произведуваат, зошто сум голем баксуз, а нешто почнам редовно да го користам, оп, нема га по некое време.
Lacrimosa, никогаш не сум користела ампули па сакам да те прашам нешто.Како се нанесуваат? на сува/мокра коса, се измиваат ? и колку ампули има во ова паковање на Аура? - ти благодарам
Две ампули има, а се нанесуваат на мокра коса откако ќе си ја измиеш чиста уба фина Нанесуваш на цела коса, корени, врвови секаде. Пошто има доста во едно паковање. И не се измива! 118 денари се.
Фала и уште нешто. на колку време да се користат треба ? месечно еднаш , неделно ? стварно не сум упатена
Па да ти кажам и јас сега прв пат користев ампули, ама може после секое миење. Јас барем така ќе си правам отсега со ампулите на АУРА, дефинитвно спас за коса. Инаку по аптеки можеш да ги најдеш.
За ампулите на Аура да се надоврзам имено една ампула ја користам два пати, што значи пола ампула ја распоредувам низ цела коса, најмногу на краевите бидејќи ми се најосетливи и најоштетени, така пола ампула ми завршува голема работа. Истотака морам да ги пофалам ампулите од Плацента што се купувуаат во Зегин две ампули и непаѓа коса, ама воопшто, дури растат нови влакна.
Па добро за пократка коса може на два пати да се употреби, ама мене ми е бујата и многу долга, таман ми е една. Ама се стварно закон!
A кај може да се најдат тие ампули? Aура се? па навистина се ефтини како за Aура, што е 118 денари Jас сакам да ми се опорави косата
Двете се околу 120, значи цело пакетче, туку и мене ме интересира како ги отварате чудава? Затоа што татко ми не ми е секогаш при рака за да ми отвори па си имам проблем и на крај се откажувам не ставам. А со тегла ми е страв да мавам. И јас сум презадоволна од ефектот, само ги користам поретко, нејќам да ми се презасити косата. Инаку мислам дека треба да се користи наеднаш, затоа е спакувано во ампула - има активни состојки кои мора да бидат така затворени за да останат ефикасни... инаку би ги ставале во друга амбалажа.
Јас ги отварам со медицинско ноженце, го добив од медицинска сестра, побарај во аптека случајно да не им се наоѓа некое, ако не од некоја медицинска сестра, доктор и сл. Инаку ампулите на Аура најтешко се отвараат за разлика од другите што ги имам порбано, но со ова ноже како така успева, бидејќи како што слушнав е направено од челик.