Јас со обично ноже малку ги подзасекувам или ги стружам малку,од она со ситни запци што е за мачкање. Инаку,не би можела да кажам дека сум екстра задоволна од ампуливе.Тешко дека забележав некој ефект на мојава коса,али коса како коса си е различна кај секого... Овие semi di ino diamante барем некој сјај и дадоа,и убаво мирисаат.Јас на парче си ги купив,една мислам дека беше 80 денари.
Има ампули и во таблетки и во течност. Течноста се шприца во шампонот, а таблетките ? И тие се ставаат во шампон ? Има некој однос? Колку таблетки на колку милилитри шампон ?
До сега сите ампули што сум ги пробала не ми дале некој посебен бенефит на косава, планирам Аура да ги пробам бидејќи многу ги фалат. Ако се покажат добро би било супер.
А да ве прашам за ампулите на Аура тие што ги имате користено, не ви ја мрсат потоа косата? Бидејќи мене и онака брзо ми се мрси па не би сакала таков ефект. А имам и доста оштетена коса бидејќи ја пеглам па би сакала да ги пробам. И не се одмиваат, така? А да, и како ги користите на секое миење, еднаш неделно, месечно..? Ах си се изнапрашував
Јас прееска барав во зегин немаше на Аура и таа ми понуди други некои незнам како се викаат, розеви се и не се одмиваат. На парче 55 денари.. ако некој ги користел нека каже искуство, ако не јас кога ќе ги пробам ќе пишам
Прееска ја ставив ампулата, еве сега ја исушив косата и навистина ми е многу мека, има преубав сјај.. Е сега јас немам распукани врвови затоа што се шишав пред некој ден и еве сега почнав со ампулава и си реков редовно ќе ставам За сјај и мекост има, а за пукање тек ќе видиме.. Па од прва и не се познава тоа одма нели
Gi ima nekoj probano HAIR POWER ampulite....gi zabelezav vo Unique, protiv opagjanje na kosa se...edna e 125 den.
Ѓи барав од Аура овие ампулите покрај во аптеките на Зегин во ГТЦ и на партизанска 2те , и во неколку други аптеки како и во Cosmo никаде ги нема... Ако зема некоја во последниов период може да пише и да каже од кај ги зела
И јас исто ги барав во повеќе аптеки на зегин, во еурофарм и нигде нема.. Последниот пат барав во зегинот во автокоманда и таа ми кажа побарај во поголемите.. Ако некоја феминка купила сега брзо нека сподели
Девојки мајка ми ми донесе некои од Италија, кафени се ама немам упатсво на нив, треба да се одмијат или не? На цела коса се става или само на корен? Ги читав мислењата во темава, и така и така ги нанесувате
Феминки јас користев ампула за коса која што е розева боја за сува коса и се продава во аптеки, јас ја купив во зегин околу 50 денари.Косата предтоа ми беше крута,сува,бушава.. кога ќе излегов надвор од влажното време ми стануваше како грмушка а сега е мека и не е бушава. многу сум задоволна
Ајде и јас да прашам за овие на Аура.. Дали ја мрсат косата дополнително? Ако да, тогаш дали имаат ефект ако се ставаат само на врвовите? Колку често ги користите? И дали цела наеднаш или по пола? Ова ми изгледа како посериозно за помош на мојата оштетена коса, до душа уште ова ми остана не пробано па