Земав ампула за оштетена коса од космо, шишенцето е кафено ко пивско скопско и марката е италијанска некоја. Edelstein. Но освен што пишува дека е за надворешна употреба друго упатство нема... ги користел некој? Да ја одмивам или не?
Јас од Аура сум многу задоволна.Ги имаше во Unique порано од таму ги зимав а и не беа скапи. Сега одамна ги немам купено. Него мене друго ми е прашањето.Мајка ми пред некој ден ми купила ампули ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА. По некоја логика би требало да ги ставам на коренот штом се против опагање но јас пак да си прашам ако некоја од вас ги користела да ми каже дали ги ставала на коренот на косата или ги ставала на врвовите како обичните ампули. Иначе овие се ампулите.
Maјка ми ми купила денес ампула за коса од Космо, 81 денар е, и пишува дека е струтура ампули за обновување со свиленкаст протеин, на Linea Natura, ама нема никакво упатство како да ја ставам, дали да ја измијам одпосле косата.Некој да не ги има користено да ми каже?
Нанеси ја на влажна коса одкако ќе ја измиеш и исчешлај ја косата за да се распореди убаво. Нанеси само по должината на косата немој на коренот. Не се плакне.
Ампулите за опаѓање, за против првут, скоро секогаш се ставаат на темето на главата односно на самата глава со кружна масажа со помош на врвовите од прстите. На тој начин самата структура влегува во делот на кожата каде влакното се формира.Воедно со масирањето се раздвижува циркулацијата на главата што е особено важно за побрз раст на косата.
Јас порано имав користено ампули SemiDiLino за сува и оштетена коса, пошто мојата е сува и виткана ама не бев задоволна не видов никаква разлика, само косата ми ја правеа повиткана, а овие на Aura не можам да ги начекам по аптекиве.
I jas gi gledav ovie vo dm ama do sega ne sum koristela. Gi koristel li nekoj? Sakam dq gi zemam tie za protiv opagjanje. Isto taka do niv imase nekoj serum vo slicno malo sisence pa se dvoumam
Јас користев едни од ДМ, можно е и овие да беа, ама не беа за опаѓање на коса. Косата ми беше мека после миењето со ампула.
Земав ваква од дм. првпат користам ампули, и незнам како се користат? Се става на сува или водена коса, по цела должина или само на врвовите, и дали се плакне?
Ампулите обично се користат после капење, на сува коса. По цела должина, и не се плакне. Е сега не знам овие какви ампули се, требало да видиш во упатството. Пробај на сува, не би требало да има проблем.