Порано земав вакви од Космо, и не ги плакнев , да. А појма немам дали требало така . Веќе не ги користам
Девојки, вие што користите ампули на Аура. Се’ уште се тешки за отварање или ја сменаа амбалажата? Порано ги земав, ми беа многу убави, ама невозможно беше да се отворат па се откажав.
лелее Ќе ми каже некој што и е дејството? Колку коштаат? Какви видови има..забележав во аптека ама не знаев што се цц
Дa си oдгoвoрaм мoже некoј ќе му се нaјде. Бев вo aптекa и кaј фризер. Се кoристaт еднaш неделнo цените вaрирaaт.. имa зa oштетњнa кoсa,фaрбaнa кoсa,прoтив oпaѓaње,зa рaст, зaјaкнувaње нa влaкнo и мн мн други видoви..
Некој ја користел оваа од дм за сува коса? Ја земав пред некој ден, па да пробам дали има спас за мојата коса. Искуства?
Има убав мирис и иако е мало пакувањето кога ставив цела коса ми беше мокра. Пожива ми стана косата и не ми беше толку сува. Од една ампула не видов магичен ефект но многу ми се допадна, така да во план ми е да купам уште неколку.
Како на сува и не се измива? Значи...ја мијам косата, па ја сушам па тек тогаш ја ставам ампулата? А кај најде упатство?
Девојки ги има ли некој користено овие ампули? Вчера ги земав од фризер и фризерката многу ми ги пофали. 100 ден е една се ставала на сува коса се држи пола саат и се мие...
Еве јас да ти одговорам ако не е проблем. Ампулите на биокап се многу добри и шампонот и се комплет од цела таа линија и се без силикони.