Ги има во Виола, негде околу 1200 се, има 12 и се ставаат по шема во времетраење од цел месец. И се предобри.
Купувам ампули од аптека, витамини б и ад капки и ги ставам во шампонот. Косата ми е освежена, ми порасна, но ставам и маски поради тоа што многу ја оштетив со фарбање.
Јас ги користам овие ампули за сува и оштетена коса. Се ставаат на мокра коса и не се плакнат. Ја прават косата мека и убаво се обликува.
Здраво, јас имам веќе месец дена а можеби и повеќе проблеми со опаѓање на косата,незнам дали е од фарбите што се фарбав, дали од стрес и нервози или слабокрвност, сега веќе скоро 6 месеци се немам фарбано ама веќе е касно последиците се гледаат дури сега и си зедов денеска ампула 70 денари беше од дм против опаѓање на косата за првпат ќе користам па да прашам како се користи дали се става во шампонот или само со неа се измива? Исто си зедов и кокосово масло слушам помагало за косата и лицето па да ми каже некоја дали има користено исто така и кокосово масло за косата и дали и помогнало
Дали може да ми препорачате ампули ако има некој на природна база , без силикони за кршлива коса? косава ми се крши , чудо некое, немам метил ама мн е кршлива.
Што не постои? Ампули б витамини? Б6 Б1 Б12 значи тоа се инјекциите кои ги продаваат. Ти фино лепо ги ставаш во шампонот. Немој да бараш посебни ампули б витамини за коса, па да си ги збунила.
Ме интересира од кои ампули сте задоволни. Јас имам и користам постојано но ефект до сега никаков немам за жал..
Јас купувам Amethyste ампули за коса. Не прават којзнае што ама ајде си ставам по некогаш. На фризер ми имаат ставано некои, ама не знам какви, од тие се осеќа разлика. Инаку читав во повеќе теми дека во шампонот ставате ампули за да биде похранлив. Какви да ставам освен б6 ? Има ли во аптеките од секој витамин посебна ампула? Не сакам да се брукам. Знам дека станува збор за ампули кои се ставаат во инјекции ама не знам како да кажам на аптекарката.
Кажете некои добри ампули за коса? За хемиски третирана, фарбана коса, посебно за врвовите ми треба нешто. Не е важна цена, само да не се од ДМ, нема во мојот град. Моментално ги користам овие производи,одлични се, но очигледно ми треба уште нешто плус за суви врвови.
Здраво погоре читав ваши мислења и ме заинтересира дали некоја може да ми испрати слика од ампулите на плацента, аура и фолтене да ги видам кои се. Фала ви
Ја купив ампулава за коса од ДМ. Знам дека треба на измиена и мокра коса да се стави, ама после треба ли да се исплакне или не? И на цела коса се става или само на врвовите?
Пишува погоре има скрин од една членка и напишале дека се плакне после косата, од коренот до врвовите се става