Ножици За жал, расцветани врвови мора да се кратат, зошто само се шири расцветаното по влакното нагоре. Силиконски капки и масла служат за привремено маскирање на состојбата, ама ништо не помага за обновување на расцветаното. Диксон Структур форт се убави ампули за превенција од расцветување, убаво ја заштитуваат косата. Ги има по фризерскиве салони, околу 100 денари е ампула. Алфапарф исто имаат ок ампули, даваат сјај и мекост, ама мислам дека не прават ништо за заштита и обнова.
Користев пред неколку години, џабе фрлање пари. Една ампула беше околу 400 ден а два пати неделно се ставаа. Немаше баш никаков ефект. За оштетена коса само шишање, посебно тие расцветани врвови, ужас, одма ножички, јас кај мене едно влакно не можам расцветано да гледам.
Неодамна, ја правев косата со Air Touch техника. Ми ги препорачаа овие ампули од Dikson. Structur Fort Искуства?