И кажа матичната дека има воспаление на уринарниот тракт и и препиша некој антибиотици па ке видиме дали ке се опорави.
Mojata bese 52 sedimentacija proletta i imav vo nos hemofilus influence bakterija i mi dadea summamed i se sredi se
Не, не и направија уринокултура ама и потврди матичната дека има воспаление на уринарниот тракт и бактерии во урината, и препиша антибиотик па сега ќе видиме дали ќе се подобри ситуацијата или има и нешто друго.
@taznata :( Малку ми е чудно ова.... јас имав првин некој проблем со бубрег, тоа се среди па после неколку месеци ме болеше бешика така од време на време на обична анализа на крв и мокрача излезе дека сум имала бактерија, а уронокултура стерилна. Како што кажа мојот доктор без уринокултура не треба да се дава антибиотик, сепак треба да се потврди која бактеија е у прашање зашто не секој антибиотик реагира на секоја бактерија. Ако не и помине за 10ден кога ке и заврши терапијата нека побара да си направи уринокултура.
Здраво дечки сабајлево правев анализи на крвна слика и урина, и резултатите се генерално ок со исклучок на седиментацијата, која ми е покачена и МPV и LPCR кои се помали од долните нормални. Прашањево ми е некој да ме упати од каде прво да почнам со испитувања, имам покачена седиментација обавезно пред циклус, проблеми со бубрези немам, распиани заби исто така...друго нешто да треба да се испита?
Nosot mi e zatnat povremeno, koga vise spomna na goltanje imam kako knedla...znaci da odam bris od grlo i nos da mi zemat
... дали ние сме идеални ? па нашето тело биде идеално и да сите лабораториски анализи бидат идеални ? дали овие анализи се направени како редовна контрола или се наменски поради некоја причина ? и дали знаеш дека вредноста на сендиментацијата иако е назначена референтната вредност зависи од годините на пациентката и како нормално се земаат и други вредности повисоки од наведените референтни ?
Еј фала ти на одговорот, ама открив од што е покачена седиментацијата, заб во фаза на расипување. А ова е обична контрола, па среќа на време дознав од што. Фала за трудот
... голема е клиничка важност на лабораториско испитување на трансаминазите ( ензимски статус) хепатограм : АЛТ , АСТ, АЛП , билирубин , вкупни протеини и албумин : АЛТ- асоцира на некоја болест на јетра ,АСТ- болест на јетра , скелетни мускули и срцев мускул АЛТ ( Alanine Aminotransferase ) нормално го има во клетките на црниот дроб но поради преоптовареност или некоја болест или оштетување на јетра ( алкохолизам , последица од лекарства, вирусно заболување - хепатитис вирусите: А, Б, Ц, Д, Е, или Herpes simplex, Cytomegalovirus, Epstein-Barr, adenoviruses ) се ослободува во крвотокот и ете виска вредност во крвта ! ...не укажа за износот на АСТ (aspartate aminotransferase) и АЛФ (alkaline phosphatase ) дали се во граница на нормалните вредности !
Денес првпат во бременост правев анализи на крв и урина. Имам неколку благо намалени вредности од хематолошки анализи - тоа се MCV, MCH и PCT? Не знам што значат овие, можеби некоја од вас од искуство ќе ми каже пред да отидам кај матичната? Друго што исто многу ме загрижува е што кај протеини во урината стои + и кај седимент во урина нешто е допишано што не ми е разбирливо. Еве го прикачен тој резултат: Некој да ми каже што значи ова?
Холестеролот ми е 6 а пишува на анализата од крв нормално ниво до 5,матичната ништо не ми препиша не знам дали е сериозно?
тоа е вкупен холестерол , но колку е т.н.лошиот холестерол- ЛДХ ? а богами и дбориот ХДЛ мора да биде над 1,0 ... дефинитивно мора да бидеш физички поактивна барем два дена во текот на неделата !
Земи си на healtaid livercare одма го регулира. Не е сериозно ништо, а овие се на природна база , силимарин и аминокиселини. Цитронот е исто добар за маснотии, имаш и чаеви Холестоп. Храната има и нема врска до некаде, знам послаби од мене ништо не јадат па имаат огромоен % на холест.