Седиментација на ер: 10 (12-24), вкупен калциум: 3.87 (1.98-2.54), креатинин во серум: 47 (53-97), Ензимски статус: ASO: 207.2 (<200), Ferritin: 7 (10-160), хдл холестерол: 0.99 (1.16-1.68 ).. мака мачам со хемоглобин и железо веќе две години, во бременост ми падна и од тогаш качување амин... сега сум бремена 5 недели, дали се нормални вредностиве? Зашто нели поинаку е за трудница...
Оваа недела дена се чуствувам многу чудно, цело време сум омалаксана како да ми се врти во главата, не можам баш добро да се издишам да земам воздух а и баш пред една недела се онесвестив чуствував дека ми падна шеќерот, направив анализа на крвна слика и се што пишува ми е нормално освен за седиментација на еритроцити ми е резултатот 2 а како што знам нормално е од 4-24, што значи ова?
Што значи доколку крвната слика е тотално во ред (целосно, дури и со силен хемоглобин) а има покаченост во ALT , некаде + 20 од границата... Што тоа би требало да значи?
Јас еднаш бев со супер крвна слика, а аст и алт ми беа преку 100 и 200 и ми рекоа замастување на јетра, но тоа некој шок после пораѓај ми беше... не ти е многу покачено, но би било убаво за некое време пак да провериш...
Претходниот пат ми беше 3-4 над нормалата. Сега, после 6 месеци - ете што се деси ))) Претпоставувам дека е поради лошата ми исхрана... Сега се турив на кајнд оф диета, внимавам повеќе шо внесувам, па ќе видам за некој месец што ќе се деси со резултатот.
Можно е, нешто и со црн дроб е.. цигари, алкохол обавезно исфрлување, повеќе здрава исхрана, по можност грозје ако најдеш сега.. или гроздов сок, тоа помага...
Па баш тоа е најинтересното... Цигари имам откажано пред 6 месеци па автоматски и не пијам (а никогаш и нешто посебно не сум пиел, ама сепак...). Пијам едни апчиња на природна база од некое растение магарешки трн )))) Ќе најдам грозје, да, ај баш да видам...
Јас ни пушам, ни пијам.. а 3,4 месеци преку 100ка ми беа, мене ме пратија и жолтица да испитам да не имам летно време беше, грозје црно ми препорачаа и веќе за месец на контрола нормални ми беа... може и кај тебе некој шок од прекин на цигари и алкохол, ке се стабилизира со тек на време, не би требало ако се храниш супер да забега повеќе...
Може да се покачи и ако си пиела антибиотик на пример цефалексин Газирано намали ако го пиеш мн За месец дена напрај си контрола ако е сеуште покачено барај ехо н абдомен
Еј ќе се упукам сеа ! Со ехово ме збрка. Шо може да излезе кој знае (((((((((((( Абе реков ја, кој ѓавол ќе праам анализа на крв (демек онака ја да си знам) - а знаев дека нешо ќе изнајдат. И еве го, има : D
Здраво , јас направив крвна слика и покачено ми е AST и е на 36,4 , а е дозволен до 34 . Дали може да е покачено од претходно конзумирана храна вечерта пред правење на тестот , јадев солено и се напив една чаша сок за растворање . Ве молам да ми одговорите . Ви благодарам .
Lugjenca, dali nekoj znae so znaci pokaceni eritrociti 5,99 a normalno e do 5,5? Drugite vrednosti se vo granica na normala
Крвна група можеш да провериш на трансфузиологија на клиника и во "Медика Плус" во Аеродорм (кај нова Железничка Станица). Цената е некаде околу 800 денари.
Знам дека прашав и претходно, но сакам пак Дали може да се види преку ДЕТАЛНА анализа на крв, од вена, дали испитаникот пуши? Поздрав
Ако донирате крв, бесплатно ќе ви кажат која крвна група сте. Плус ќе направите хумано дело, ќе ви дадат оброк и приврзок со вашата крвна група.
Леукоцитите се малку покачени,не е многу страшно претпоставувам од слабото присуство на бактерии во урината. Загрижуваат тромбоцитите,доста под нормала се оди кај матичен види што ќе ти каже. Поздрав
Вирусче некое е активно моментално, можно е и тромбоцитите да се засегнати. Не е лошо да направиш дополнителни испитувања.