... течната столица која се задржува подолго време е една од причините да се сомневаме на воспаление на гастроинтестиналниот тракт, гастроентеритис конкретно народски кажано стомачен вирус која настанува од вирусна инфекција во цревата, а може да биде понекогаш инфекцијата и бактериска... пренесувањето може да биде преку храна и вода, а и преку човек... посебно се „силни и отпорни“ норовирус, чиј бацили можат да се задржат и на облека и на намештај од заразена особа и така да се превземе од друга особа, додека кај помладите преовладува ротавирусот пренесен преку нечисти раце... ако пациентот дополнително се жали и на дишењето тогаш преовладува аденовирус кој е специфичен ама за есенски период.... ...стомачниот вирус може да трае до две недели, но и повеќе доколку имаме поврзано алергиска реакција со таа загадена храна и веќе за особата може да се каже дека има хроничен гастроентеритис, уклучување на антибиотик би било малку погрешно доколку точно не се постави дијагноза дека не е стомачен вирус, поради доуништување на веќе уништената цревна флора која треба да се избори против овој вирус... затоа основно правило при стомачен вирус е добра хидратација (чаеви, вода), соодветен режим на исхрана, давање пробиотик, покачување на имунитетот и мнооооогу одмор, да се избегнува кафе, алкохол цигари, мрсни, зачинети и солени јадења, сокови цитрус, газирани, патлиџан и пиење антибиотик ! п.с. се чудам како не ви побара примерок на измет за лабораториско испитување баш за горе наведените состојби што асоцира на стомачен вирус ! штом се има пролив толку долго време?
дури лежеше нa бoлницa и нспрсвијa испитувАње вo изметo и рекoјa вo ред е. ние пoвтoрнo нaпрaјвне денес пo резултaти ке oдиме
Високо серумско железо, а низок хемоглобин? Малку ми е нелогично, некој ако има искуство може да сподели.. Другото мислам дека е добро.
Не разбирам што толкувам погрешно...Гледам дека имам низок хемоглобин, како што пишав и погоре, само не ми е јасна ситуацијава со низок хемоглобин, а високо железо.
Не се разбравме најверојатно. Не велам дека ми е над граница на нормала туку дека за тој хемоглобин ми е високо. Ме сфати?
јас разбирам што сакаш да кажеш а верувам и другите разбрале но нема правило дека за тој хемоглобин треба железото да ти е пониско. Јас пред некој ден проверував крв железо 5,5 хемоглобин 121 матичната ми рече чудно е хемоглобинот да е нормален а железото ниско но тоа е,станува збор за две различни цифри и ми даде таблети и за 2 недели да проверам само железо.
НЕ ! ....можеби си направила испитување после месечен циклус што ете е малку пониско хемоглобинот, ама не мора да биде и железото, може имаш мал недостаок на нутриенти, па ете мал пад на хемоглобинот ама не мора и железото...можеби при давање крв за тоа лабораториско испитување нема точно 12ч гладно, ако нешто си јадела во тој период доведува до пораст на концентрација на холестеролот, гликоза,протеини, ЖЕЛЕЗО и други метаболити, па затоа не е во нормала во сооднос со хемоглобинот... или што ако си вегетаријанка со што имаш дефицит на Вит Б12 и фолна киселина што го има во месото т.е. животинско потекло кои се неопходни, па затоа имаш недостаток за продукција на еритроцити. па со тоа и хемоглобинот?
Имам малку покачен холестерол во крвта, границата е до 5.2, а мене ми е 5.6. Некој совет како да се намали? И што да се избегнува во исхраната?
Два литри вода на ден, чај од ѓумбир и оригано (макар 2 шољи на ден), 20 минути редовна физичка активност, помалку нервоза и ќе се среди.
Воедно и избегнување на транс масти (како маргарин и сл.), преработено месо (салами, печеници, чајни и сл.) а внесување "здрави масти", храна збогатена со омега 3 масни киселини, зголемување на количината на внесени растворливи влакна, престанок на пушење, алкохол и намалување на телесна тежина, со спорт.
Девојки, да ве прашам, 6ти месец сум бремена имам на анализата бактерија ++ и гликоза ++ а гликоза сируп реф. вредност ми е 3.9 што е во граница на нормалата. Кажете ми има простор паника што како? Освен тоа што морам уринокултура детална да направам...
Луѓе, молам за одговор.Имам покачени лимфоцити и намалени неутрофилни.И седиментацијата ми е 2ка а пишува од 4 до 10.Ако некој знае, нека ми каже