Обично при мускулен замор, односно интензивна физичка активност може да се јави покачена вредноста на овој ензим во серумот. Зависи и колку е покачена. Ако немаш интензивна физичка активност подолг период, може ќе треба да ги повториш анализите.
Пак јас За железо пијам Хемобит плус т.е пиев. Неколку дена не се напив бидејќи заклучив дека од нив ми е тешко, ми се лоши и повраќам и на своја рака си ги прекинав и не примав ништо друго за Fe 3-4 дена. Минатиот месец железото ми беше 18, а сега т.е. на резултатите од вчера само 10, ама ОК си викам сепак 9-ти месец сум. Инаку добро се чувствувам, не се изморувам добро, ниту пак сум нешто исцрпена, а разбрав демек тоа биле симптомите поради недостаток на Fe. Со првата бременост пиев сируп Легофер и добро се сеќавам дека немав никакви нус појави како сега со Хемовит-ов, па ме интересира ако некој знае дали може на своја рака да ги заменам капсуливе со сирупот или сепак да си вртам по д-ркиве (д-рката што ми е мат. гинеколог е на одмор цела недела, тек во понеделник ќе одам на контрола, а не сакам да ја замарам мојата матична општа д-р).
Горна граница е 80 , а кај мене е 85. Денес ми дијагностицираа уште и тешка форма на гастроптоза ,скелетната мускулатура периодично атрофира ,па се враќа во некојаси "нормала" , а никој не знае да ми даде точна и целосна дојагноза. Се плашам да не станува збор за некое автоимуно нарушување...
Ако ти е подобро од Легоферот, слободно земи го, макар што Хемовитот содржи и Б12 и фолна киселина кои помагаат во ресорпцијата на железото. Важно е на некаков начин да го надоместуваш железото онака како што тебе ти одговара. Многу ти е намалено, ама добро, се очекува тоа во бременост. Сепак, земи Легофер и пиј, да си имаш резерви, за да не одиш на породување со ниско железо.
Сакам да ги прашам форумгиките ако некој знае дали е предуслов за дијабет шекер 6.1 овојпат ми е покачен а претходните анализи беше 5.2 Редовно правам контрола во лабараторија бидејки имам проблем со тироидната а покажа овојпат и пролактинот висок.Ве молам дали некој знае да ми каже?
Немаш место за паника, нормално е на гладно да е до 6. Тебе тука негде ти е. Може да си јадела доста благо или ако си вечерала подоцна па да се појави. Ако сакаш да си раат, оди по една недела пак провери.
Ќе се надоврзам на постов за да си прашам пак нешто. Продолжив со Хемовит-от баш поради причините кои ги наброја Анатх со тоа што почнав да ги пијам навечер од прилика еден час пред да си легнам, секако дека претходно имам и вечерано бидејќи во упатството пишува дека се конзумираат со храна (до душа и гладна сум, ми се јаде, нема шансли да си легнам не вечерана ), вака не ми се лоши и немам никакви тегоби ниту проблеми со желудникот во текот на ноќта. Дали грешам, може ли да се пијат навечер или мора наутро?(ништо не пишува во упатството)... или пак се замарам со глупости
Не, не е важно кога ги пиеш, важно е да не ги мешаш со кафе, млеко и млечни производи, а се препорачува после јадење. Јас обично после ручек ги пијам, затоа што ручекот обично не содржи ни млеко ни млечни производи. И мене ми се случуваше во бременоста од Фероглобинот (Хемовитот се исти како нив по состав) да ми се лоши и да повраќам, особено во третото тромесечие, иако си ги пиев после јадење.
Нема врска кога ги пиеш. Мене на пример исто како тебе мн мн телото не ми ги поднесуваше, завршив со опасно сува столица и за малку и некој хемороид што не закачив од толку тешки што ми беа. Па удрив мн јако на природна база, ама ете ти тоа ти е не е доволно само со природни продукти да земаш замав, сепак мн повеќе се троши во бременост,па ги прекинав. На контрола баеги ми беше паднато, па на тот-хема ампули 10 дена сум после 2 и те како на подобро одма ми беше покачено, ги растварав во сок со поручек и вечера, касна вечера така да ништо не ми е а далеку посилни се од Хемовитот, ама одат само на рецепта. Е сега,за ручек Мамавит витаминчиња си пијам,па се мислам дали од кога ќе завршам со железово да продолжам само со витаминиве, или пак и со екстра железо како Хемовитов?!
Јас само Хемовит пијам и Магнезиум шумливи таблети 2х1, ништо друго. Еве на средина на 9-ти сум и матич. гинек. ми кажа да си ги пијам до крај на бременоста т.е до самото породувања, а после ќе сме виделе што и како ќе пијам во зависност од крвната слика. Значи јас на Хемовит ќе бидам до самиот крај
Со среќа и со лес да си ја износиш бременоста и да си се породиш. И многу среќа и здравје за малото ангелче
Proveruvajne na krv vaka sakam da prasam nesto denes si zedov krv si napraviv cela krvna grupa i na onoj listot sto ti proveruvat krv odpozadi pisuvase samo KRV i ja imav dva ++ moze nekoj da mi odgovori sto znaci toa .. izvinete na smetejneto)
mchc здраво,ми треба одговор од лица кои се разбираат од резултати од крв.крвната слика ми беше добра но мцхц или концентрацијата на хемоглобинот во крвта покачена,сакам да знам што значи тоа и зошто е така.имав циклус за време кога испитував крв дали е поврзано со тоа?фала
Кога ја добив анализата на крвта имав покачени GOT(AST) и GPT(ALT) . Тоа колку што знам се црнодробни ензими. Ме интересира што може да значи нивното покачување ... и како да се намалат ???
Да, тоа се ензими - аминотрансферази кои се продуцираат во црниот дроб и се индикадоти за црнодробни заболувања (посебно ALT). Сепак не мора да значи дека ако ти се благо покачени дека имаш проблем со црниот дроб, можно е да е од некои лекови, од претерано консумирање алкохол или од интензивно вежбање (се продуцираат и при оштета на мускулите). Сега не знам, колку се покачени твоите, ако е 2-2,5 пати над нормалните вредности мислам дека нема потреба од паника. Ако се доста повисоки треба да се консултираш со лекарот твој, може да е жолтица, не дај боже! Исто треба да се земат в предвид и други фактори, како вкупни протеини, билирубин, ама тоа треба да го види лекарот.
Денес правев анализа на крв ,нема да бидам во можност денес да одам кај матичната а пребарувачот Гугл ме замисли малку ... На што укажува намалени GRA% 49 ( граница 50-90) и PCT 0.160 (граница 0.200-0.500)
Бидејќи во оваа тема дискутирате за крвна слика ќе ве замолам да ми помогнете во врска со едно прашања. Треба да испитам крвна слика, е сега сакам да ве прашам каде во Скопје (по можност во Аеродром, Центар) има лабаратории кои работат со сини картончиња, и колку пари од прилика земаат за испитување на крвна слика.
Општи здравствени проблеми - прашања и одговори CMV IgG +positive Ај нека ми го објасни некој ова погоре