На што индицираат покачени тромбоцити и што може да е причината за покачувањето? Како да се намалат во иднина?
Кардиопирин и омега 3. Проширени вени, дехидрација, бременост, умор, тромбоза... различни причини можат да бидат и мора да се испита зошто.
Покачени: Тромбоцити 478, а границата е 150 - 390 Лимфоцити 4.1, а границата е 1.2 - 3.2 Уназад сите крвни анализи што ги имам направено тромбоцитите ми се покачени од прилика колку што ми се сега. Докторката ми вика не било ништо тоа не биле покачени многу, но мене ме загрижува тоа што цело време ми се покачени, а имам 22 год. па Ве молам за мислење. Исто кај уринарен статус, кај седимент на урина пишува 2-4Ер, 2-4Ле, ретко епителни клетки и бактерии.
Да, за уринокултура ми рече и докторката да направам но за тромбоцитите и лимфоцитите ништо конкретно не ми кажа.
Барај да отидеш на клиника за мислење од хематолог. Што порано тоа подобро, макар да било и се во ред.
Железото ми е намалено во споредба со пред два месеци што ја правев крвната слика тогаш ми беше 16 сега ми е 9.5, а границата е 6.6 - 27.
Тогаш тоа е веројатно причината за покачени тромбоцити, реактивна тромбоцитоза како резултат на анемија. Со покачување на железото ќе се стабилизираат и тромбоцитите.
Здраво. Правев крвна слика и ги земав резултатите. Покачени Тромбоцити 150 - 390, мене ми се 416.. Страшно? И од што може да се качат? Можно ли е од страв, зошто тој пред мене што му зимаа крв падна, се онесвести, па го освестуваа.... После тоа крв давав
Дали при пиење на терапија за железо и хемоглобин треба да се направи пауза пред правење на крвна слика за валидни резултати? Ако да,колку време?
Другари, еве ги анализите после хируршкиот надворешен зафат - атероми. Ако имате волја и време протолкувајте. Моментално сум со настинка и температура 37,4.
Леукоцитите и гранулоцитите ти се благо покачени,најверојатно заради настинката,а лимфоцитите намалени. Немаш некој постоперативен проблем со резовите? Ова може да укажува и на тоа,ама поверојатна е настинката. Сепак нека одговори медицинско лице поточно.
Како помина на зафатот? Ме интересира колку време трае, претпоставувам со локална анестезија. И може да споделиш каде го правеше? Ако не сакаш јавно, може и во ЛП.
Ане, веќе пишав во темите ,,феминско младинско ќоше" и ,,сакам да кажам", но забележувам дека тебе подолго време те немаше на форумот па ќе ти пишам кратко. Пред две недели го правев зафатот. Пет атероми лоцирани на главата беа во прашање со средна големина, без анестезија во градска клиника која ми е близу до живеалиште. Клима уредот дуваше цело време, (еден ипол час) - дур траеше и самата операција. Затоа се разболев, фатив вирус проследен со благо покачена температура, па утрото направив регуларен тест со урина и крв за да утврдам дека немам добиено некаква инфекција. Сега сум потполно оздравена и се чувствувам добро. Ми ги извадија конците пред два дена, триста компликации излегоа ама ништо сериозно и опасно по живот. Се на се поминаа 15 дена од прилика и нема веќе причина за грижа, нели?
Не, секако нема причина за грижа. Мило ми е што се поминало во најдобар ред. Дефинитивно од климата ти била настинката, немаш инфекција од зафатот. Прашував каде, оти треба наскоро да одлучам за сличен зафат иако совет од радиологот беше дека нема потреба да се брза, да се почека некое време. Но сакам побрзо да го тргнам тоа, и се двоумам каде да се направи. Фала за споделеното искуство!