Обично ова е од неухранетост или кај вегетаријанци, ама не секогаш. Види со лекар што ќе ти каже, јас не сум толку стручна, треба цела крвна слика да се земе предвид, не само одредени параметри. Не знам ни зошто си испитувала крвна слика, со која цел.
За S-fosfat или за витамин Б12 мислиш ? Другото се беше во ред. Крвна слика правев чисто од радозналост - голем хипохондриак сум и цело време мислам нешто не е во ред, и дека крвната слика ќе покаже И полошо вака си правам, се ставам у мисла.
За двете пошто обично во комбинација одат. Ама ова не е обична крвна слика штом си испитувала и витамини. Може е само моментална ситуација, не мора да значи дека е постојано вака. Сега ако направиш крвна слика, може друго ќе покаже.
Дали се разбира некоја од вас во толкување резултати од алерго тестови?Докторот ќе биде отсутен до следната недела,па реков некаква информација бар да добијам
Колку чини отприлика проверка на холестерол во приватна амбуланта? Треба да правам комплетна крвна слика, плус ова, но ми рекоа дека за тоа ќе доплатам приватно.
Здраво, правев крвна слика и намалени ми се лимфоцитите. Референтна вредност е од 25-40, а мене ми се 20,5. Што би можело да е тоа? Инаку имав спонтан и во мементов се чистам, дали може да е и од тоа?
Хипохондрикот во мене неќе да замолчи откако ги добив резултативе и ќе се превртам дури да ја видам матичната утре, па ако има некој да каже дали има причина за грижа, пукајте. Знам што значат, само не знам колку е за грижење ко што му удрив. Останатото е во нормални граници, освен холестеролот мааалку што ми е над граница. Ако нешто значи/влијае, имам хронична анксиозност, што значи постојано сум под стрес (година и кусур веќе поекстремно) за свашта и циклусот ми заврши пред 2-3 дена.
Па, цело време имам проблеми со синуси, посебно на вакво време. Кивав доста, да. Добро е, мирно ќе спијам. Благодарам многу.
Здраво девојки.Имам леукоцити во урината 125.Станува збор за некоја бактериска инфекција или?Ве молам ако некој го имал сличниот проблем да сподели мислење.Поздрав
Zdravo mi treba mislenje Sedimentacija mi e 22 jas sum 40 god , mi rekoa Deka mi e visoka ima li mesto za panika ili ?