... висока може да кажат кога ќе биде 4, 5 пати повисока од нормалното, може да направиш по извесен период повторно анализа и дополнително ЦРП да се испита, ова вредност не мора да биде патоказ за некоја инфекција , може нормална појава поради Х причини , менструален циклус... женски работи!
Fala ti znaci nema mesto na panika? Custvuvam kako sinusite da be bolat moze Zatoa ama toe e vekje podolg period ♀️
Здраво. Холестеролот ми е 5.3, границата е 5.2.. Не јадам брза храна и мрсно, од што може да е? Да напоменам 30г имам.
Железото е на долна граница од референти вредности, исто така хемоглобинот е низок ( нешто малку над минимална реф. вредност), седиментација на еритроцити е зголемена 40. Сите останати параметри се добро. Можно ли е поради железото/хемоглобин да е толку висока? @Alishan30 да те замолам доколку може мислење додека се видам со матичната?
Закачи резултати или прати ми у лп слика. Вака лаички може од се да е, седиментација знае да се зголеми од анемија, ама зависи од вредности и зависи од возраст и од другата состојба на детето во која се наоѓа.
7-8 еритроцити во урина е претпоставувам не како што треба? За што би можело да се работи? Инфекција, камен, песок во бубрег или нешто сосема друго? Немам никакви симптоми, пецкање, болка, крв.. Многу сум исплашена
Претпоставувам песок во урина. Веројатно имаш и оксалати и некој леукоцит во урината. Од што се движат ситните каменчиња, предизвикуваат иритацоја во најтесните каналчиња на уринарните патишта и настануваат микрокрварења со по некој еритроцит. Многу малку еритроцити се за да биде видливо крварењето во урината. Пиј многу течности, пролом вода, чар од брусница и чај од коњско опавче мислам беше. Сепак консултација со матичен или со уролог. Неутрофилите ти се пониски на сметка на лимфоцитите. Лимфоцитите растат при вирусна инфекција, неутрофилите при бактериска. Веројатно си настината, со некој вирус, затоа неу. ти се под долна граница а лим. над горна. Ништо страшно, не се секирај.
Фала ти. Ќе појдам кај матичната секако со резултатите. Ми е страв само да не рече да правам дополнителни испитувања бидејќи за неколку дена нема да сум во државава на подолг период, ама се надевам ќе успее да ме советува или да ми даде некоја терапија ако е потребно врз основа само на ова или евентуално уште еден преглед на урината.
Дополнително може да те упати на уролог за да те ѕирни на ехо. Тоа е 15тина мин работа,само ќе ти падне товар што нема да го мислиш. Макар што и да не те испрати не е ништо страшно, не се кознаје колкави отстапките. Најважно е да пиеш многу течности и да мочаш.
Јас денес си правев рутинска контрола ама ме исплашија резултатите, седиментација ми е 20/40, а еве го и остатокот, утре ќе одам до матичен ама може ли да ми каже некој дали ми се во ред овие резултати, дали е можно и јас да прележав корона, а да не знаев.
Добра ти е крвната слика. Мирни ти се леукоцитите, лимфоцити, гранулоцити. Седиментацијата не значи дека ти е забрзана од корона. Можеби имаш уринарна инфекција, расипан заб, бременост... А има и луѓе кои се константно со забрзана седиментација.
Не бев мирна одма как матичен отидов, и тој ми рече дека ми се норммални, благите варијации се поради менструацијата, заборавив на тоа, ама дека денес мораше ради хормоните да ми земат крв си реков ај и општа слика.Седиментација ми е покачен ради камењата во бубрег најверојатно, се осетив деновиве дека ме боли како да мрда. Фала ти.
Нема потреба од паника. Како прво зависи од лабараторијата кои реф.вреднсти ги смета за нормални. Најчесто се смета до 5.5 нормално што значи во нормала си. Инаку на холестеролот влијаат жногу фактори: возраст, физичка активност, исхрана
Минатиот месец лимф. и гран. беа во нормала. Исто така, беше покачен шеќерот и намалено железото но тие со последниот резултат се регулираат полека. Жена од 60 годишна возраст. Исто долго време има проблеми со стомакот, секогаш е подуен и има доста грчеви. Дали е можеби од некоја гастро инфекција? Јас паничам дека е корона. @Alishan30 фала ви однапред
Баш пред малку отиде на ехо на срце, но во упатот пишуваше дека и гастро ќе се снима. Како што разбрав барем.