Не и бил упатот ни за ехо ни за гастро. Утнала матичната. Наскоро ќе прави ехо прво па на гинеколог ќе оди. Читав дека лимфоцитите паѓаат доколку некој има корона па тоа ме смири малку. Сепак сакам да слушнам од што може да бидат вакви резултатите бидејќи матичната одбила да и каже.
Правев крвна слика али никако да ја добијам матичната за термин и сама ја прочитав Еритроцитите- MCV, MCH и RDW, сите ми се ниски, под границата. Може некој да ми објасни што значи тоа?
Хм... Испитај и серумско железо ако немаш испитано, ако и тоа е во ред, тогаш не би требало да има место за грижи. Оти погорните параметри што си ги навела кога се ниски, наведуваат на можност за анемичност.
Знае ли некој да ми ги протолкува резултатите. Д-димерите ми се 399 во гранична вредност до 500, црп ми е 3,70 во гранична вредност до 6, само седиментацијата ми е на граница 12, во гранична вредност до 12. Леукоцитите ми се пониски 4,47. Чекам резултат од тест. Еве ги и другите вредности.
Извинете за муабетов, не е баш поврзан со темава. Сакам да си направам крвна слика во скоро време, одамна немам направено ама имам огромен проблем. При самиот влез во амбуланта почнувам да плачам, ми доаѓа нагон да повратам, еднаш ми се деси и свест да изгубам. Ако имате некој совет или ако има некој како мене што премногу се плаши од вадење крв (од вена, не од прст), ве молам пишете ми, сакам некако да го надминам стравов или барем некако да го намалам. На секое одење се' полошо и полошо ми стануваше..
Имам пробано, ништо не ми помага. Од кога знам за себе го имам овој страв. Пример и ако знам неколку дена однапред дека треба да одам, плачам уште пред да стигнам во амбулантата. Првиот пат кога некако се наканив да отидам, а тоа беше доцна за мои години (мислам околу 16), го имав стравот ама бидејќи немав осетено како е некако полесно пројдов. Е после следните пати кога одев, наместо да е полесно дека веќе осетив како што, сестри влегуваа и ми ги држеа нозете на земја, друга ми збори, мајка ми ја викаат...цел хаос настанува. А и после боцкањето неколку дена плачам кога ќе ја видам раката, памукот не можам да го тргнам сигурно добри 2-3 дена.
@Hellobeautiful немој да се плашиш, нема ништо страшно во буцкањето верувај. Поголеми компликации можеш да си направиш со нередовна проверка на крвна слика. Тоа е 5 секунди работа, не ја гледај сестрата што работи, мисли си на скроз друга работа. Сум буцкала вакви пациенти ама најчесто биле дечиња па они полесни се за да им го одвлечеш вниманието. Ти си возрасна така да тешко дека ќе заборавиш на буцкањето со прашања од типот- колку години имаш или што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш. Мене кога ме боцкаат повеќе ме боли од прст отколку од вена. Чудно, а сите викаат обратно. Еднаш ми се погоди да буцкам голема девојка над 20 години беше сигурно, за малку ќе ми се онесвестеше од страв. Навистина не знаев што совет да и дадам, па и го кажав тоа што јас го правам кога имам стресна ситуација- си правам интересен план со што ќе се занимавам после стресниот момент, нешто што ќе ме направи среќна. После тоа случајно се сретнавме низ град, ме препознала и ми кажа дека мојот совет навистина многу и помогнал. Нормално, не се ослободила целосно од стравот ама била далеку поопуштена на следната проверка за крв. Пробај и ти, ништо нема да те кошта. Едноставно испланирај си го времето со интересни активности после буцкањето. Прави нешто што те прави среќна, прошетка со другарка/дечко, шопинг и сл. И кога ќе дојде моментот за да одиш да те буцкаат мисли на тоа што ќе правиш после буцкањето. И не се плаши!
Ме потсети . Едната сестра што ми збореше ми ја отвараше и книшката и ми вика: лелеее па ти на 20 години толкава си и плачеш. Јас и враќам: Епа тоа е! и почнувам уште толку да липам додека другата сестра очајно пробува да извади крв. Верувај сите можни сценарија ги имам пробано, со еден бивши еднаш бев демек ајде посмирена ќе сум со него, и смиреноста траеше додека не добив бројче за да дојдам на ред. Мислам он стана поблед од мене , животот му го скратив. За после некако да ги премолиме пред да влезам да ми земат крв од прст наместо од вена, и одма расположение сменив за 180 степени. Е сега, прстот ми го исцедија и беше малце незгодно ама се поднесуваше. И дури пишувам тука нозете ми се кратат, не знам како би се опуштила на наредно одење навистина.. Инаку, не ми е гад од крвта или нешто, самиот допир на тоа место ме убива, еве и сега некој случајно да ме допре мене колената ќе ми се свиткаат, а не па памуци, игли, цевки итн..
А од кога имаш толкав страв? Одсекогаш? Нешто како мала некоја сестра да не била лошо расположена па да ти направила трауми?
Стравот го имам откако знам за себе, уште пред да ме боцнат. А никогаш не сум сакала да ме допираат во делот кај вените кај преклопот на раката каде што се зема крв и напред кај зглобот. Првиот пат кога ме боцнаа во вена беше за инфузија, сестрата уште ја памтам, не беше некоја лоша ама ја од што и мрдав и бегав лом ме направи на раката тогаш. Ама стравот постоеше и пред неа.
Хмм, не знам што да кажам. Така кога мрдаш уште побетер си правиш на самата себе си, повеќе болка да трпиш. Гледај да не ја мрдаш раката колку што можеш и имај си до тебе вода и благо нешто за веднаш да каснеш од кога ќе те буцнат. Пак ќе ти кажам, компликации од земање крв се премали и скоро невозможни, а од нередовно испитување големи.
@tinka-mace Знам, целосно си во право. Ќе пробам да соберам храброст и наскоро да се проверам. Ќе пишам како било . Фала ти многу .