Ова значи дека во организмот е подолго време присутен цитомегаловирусот. Како одговор на имуниот систем при навлегување на CMV (cytomegalovirus), првично се создаваат IgM антитела, кои ги има првите две недели после инфицирањето со вирусот, а потоа се намалуваат, односно нивната мерлива количина не е толку значајна. Нивниот број се зголемува кога настанува активација на вирусот, односно реинфекција. IgG антителата се појавуваат во организмот неколку недели после првичната инфекција со CMV, и го штитат од примарни инфекции. Во поголеми количини во крвта ги има при активна инфекција, и нормално во помали кога вирусот не е активен. Меѓутоа, во текот на целиот живот ќе бидат присутни во мерливи количини кај лица кои го носат CMV. Ако се работи за женско лице, тогаш треба внимание при бременост бидејќи цитомегаловирусот може да предизвика проблеми при зачнувањето, но и проблеми во развојот на плодот. Потребно е гинекологот да знае дека жената е носител на овој вирус.
Здраво девојчиња! Како сте? Неодамна си направив крвна слика, па ако може ваше мислење Значи се ми е во граници на нормала, според параметрите што се дадени, но ако има тука некој постручен да ми каже што би можело да значи ова? Хемоглобинот ми е 13,5 (12-1, леукоцитите ми се 5,8 (4-9) а еритроцитите ми се 4,3 (3,8-5,3). Мислам дека ми се малку блиски до долната граница... Дали би требало да ме загрижува ова? Ви благодарам однапред. поздрав
едно појаснување АST испитев после болка во десната нога со земена крв од вена испадна5000 со терапија после година се симна на 250 ај некој нека објасни што поточно значи
Од анализата на крвта излезе дека од ензимите АСТ ми е покачено изнесува 42 (нормалното ниво е до 35), а АЛТ е во граници на нормалата и изнесува 19. Ве молам некој да ми каже дали е ова страшно и на што укажува? Многу сум исплашена
АСТ и АЛТ се црнодробни ензими. Кај тебе не е високо покачено така да не се секирај.Обично се зголемува од пиење на антибиотици или некоја друга терапија, на примиер контрацептивна. За секој случај по 1 месец направи контрола.Поз.
девојки...загрижена сум многу.....тетками направи анализа на крвта...има ниско железо,и низок хемоглобин....докторот и даде апчиња за против анемија...дали е толку лоша состојбата за да пие вакви апчиња?....многу ми е страв бидејќи дедо ми почина поради слабокрвност,зголемен број на леукоцити...е сега на тетками еритроцити,леукоцити му се во граници на нормала....но што е со железото?прочитав и дека постои сидеропенична анемија,,слаборквност ради недостаток на железо..........многу се плашам...да не е ова почеток на нешто полошо?дали некоја од вас има некое вакво искуство?.....
Сидеропеничната анемија е многу честа кај голем дел од популацијата, и деца и возрасни. Немаш причина за грижа, нека зема препарати на база на железо, ама и ако е во можност, да ја појача исхраната. Има на форумов тема за анемија, има доста природни рецепти за сокови и препарати од природни производи кои помагаат во подобрување на крвната слика, нешто ќе и помогне. Инаку, дедо ти можеби починал од некој друг проблем, од анемија сигурно не. Па што да се каже за мене што повеќе од 15 години живеам со сидеропенична анемија?
немој да се плашиш воопшто и помалце да читаш,моето железо е испод нормала одамна и хемоглобинот исто така а и на керка ми која има 9 год. хемоглобинот и е 80,железото ниско такоџере...лекарот стално ми препишува и за мене и за неа железо,али никад не ги зимам немам намера да го расипувам желудникот со препарати-пробувам со природна исхрана,лека,грав,спанак и некој препарат кој содржи железо витамински....и да ја видиш керка ми ке се исплашиш колку е бледа,со плави очи,светла коса,бледуњава...абе мислиш нема капка крв......не се плаши нека појача имунитет,боравок на чист воздух и на планина малце ако има можност....е сега ако нема некои други нус појави велам и други болести.....инаку денес сите сме слабоквни,со нездравава средина,темпо на живот и исхрана!!!
ти благодарам,ме утеши...јас повеќе се уплашив ради дедо ми....сега направила некој лек природен,со цвекло,моркови,мед...и плус тие апчињата....па ќе видеме како че биде..сепак,фала ти многу....направи таков напиток и за тебе и ќеркати...1 кг моркови,1 кг цвекло,1 кг лимон и 1 кг мед....да се измешаат убаво,,да поседат така неколу часа....и потоа по 1 филџанче на ден...наутро....да се надеваме дека ќе помогне..
фала ти многу....еве ќе ги пие тие апчиња за слабокрвност,плус направи напиток со цвекло,моркови,мед и лимон....јас и купив едни капусли со железо.....па не знам дали да ги пие и нив.......ух навистина не знам,,само знам дека дедоми имаше покачени леукоцити.и спас немаше...имаше трансфузии...итн...али ништо не помогна........тоа можам да речам во леукемија премина.......боже...господ да не чува сите,,,господ здравје...
Ве молам ако некоја испитувала или знае да ги толкува резултатите на Инсулинемија при Огтт (75 гр. гл), резултатите за гликемијата ми се јасни, но тие за Инсулинот не можам да ги разберам а, референтни вредности не пишува. Поради штрајкот на докторите преглед ќе имам дур крајот на Јануари, и многу ми е важно ако некоја може да помогне. Резултатите се следни: Време ............... Хромон (инсулин) ..... Гликемија на гладно ................ 5.0 ........................ 5.5 по еден саат ........... 70.90 ..................... 9.8 по два саати ........... 60.27 ..................... 7.6
Девојки дали седиментација 5 е нормално? Мислам, знам дека е до 12, ми беше пред некое време 4 а сега е 5, ама зошто сум хипохондрик можете да замислите како побудалувам.
Здраво на сите морам да го споделам ова со некого или ке полудам..има два месеци што има трансаминазите покачени денес пак ја проверив крвта и АСТ испадна 119 се плашам многу да не е нешто страшно имам проверно жолтица но ми излезе негативно се плашам да немам фатено некој хепатит башка сега прочитав од тоа можело и да се добие и рак на црниот дроб..фала на сите
Колку ти беше пред овој резултат, пониско или повисоко? АСТ се покачува и од користење на антибиотици и други лекови како оние за намалување на мастите.Ама секако види што ке ти каже матичниот лекар.
Здраво девојки! Искрено сум загрижена многу ќе ве молам некој кој се разбира да ми појасни...При проверка на крвна слика се ми е во нормала освен во пораст Аст 57(а нормално е 35) и Алт 133(а нормално е 35) е сега ме пратија на ехо на абдомен го направив и се е уредно со црниот дроб и целиот абдомен.Е сега докторот ме извади од памет ко наводно да провериш за хроничен хепатитис.Исто така имав покаЧување на АСТ И АЛТ пред 5 години И тогаш беа повеќе покачени околу 190 алт и аст 150 кога лезев во болница од бронхопневмонија ми беа направени тестовите за хепатитис и испадна се негативно и се установи дека од јака бронхопневмониа и лекарства биле покачени аст и алт.По некое време од тогаш на контрола со терапија на Syulmarin Капсули беА уредни резлутатите.Сега пак се покачени од што би можело да е тоа..Многу сум исплашена и доколку знае некој нека ме посоветува.... ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРАМ
син ми имаше бактерија стрептокока бета со терапија ја излецивме после 7 дена проверивме пак ЦРП беше негативно додека АСО испадна со +++ значи со три плусашто точно значи тоа ?????