Не разбирам зошто два пати ги има прикажано леукоцитите? На едно место моноцитите се океј на друго се пониски. Зошто е така?
Здраво женски. Имам покачен холестерол 6.5, остатокот на крвната слика е во ред, освен намалено железо но тоа било ради моментален циклус. тоа што ме загришува е холестеролот... а не е дека нешто јадам мрсна храна,, баш внимавам на тој дел. Некој совет ? фала ВИ
Да намалиш на благо, евентуално да провериш тироидна. Диета (види медитеранска исхрана) и физичка активност.
Исто и газирани сокови, рафинирана храна доколку конумираш отстрани ги и почни со некаква физичка активност. Внеси повеќе зеленчук во исхраната и храна богата со омега три масни киселини.
Што значи покачено железо во крвта и кои се причините за тоа? Горната граница е 26 а мене ми е 27,8. Се друго е во граници на нормала.
Има повеќе причини за покачено серумско железо, доколку досега не сте имале никаков проблем најдобро по две недели да направите контролна крвна слика. Не се работи за големо отстапување, но да бидите сигурни. Доколку повторно се покажат зголемени вредности на серумско железо, тогаш се прават дополнителни испитувања за утврдување на причината. Која е вредноста на хемоглобинот? Исто може да се работи и за пукање на капиларите при земање на крвта, па да се добијат такви резултати. Доколку при земање на примерокот сте ја стегнале раката премногу и дошло до пукање на капиларите - распаѓање на хемоглобинот, со истовремено ослободување на железото кое доведува до ваков резултат, ова се случува ретко, но е можна опција.
Во тој случај направете контролна крвна слика и според резултатите од истата доколку има потреба ќе направите дополнителни испитувања за утврдување на причината за зголемена концентрација. Во секој случај за утврдување на статусот на железото во организмот потребно е да се испита нивото на трансферин, вкупно железо, хемоглобинот, бројот на еритроцитите, феритинот и TIBC (вкупен капацитет на трансферинот за врзување со железото), за да се добијат подетални информации. Не се плашете, кај вас се работи за минимални отстапувања, но секако не треба да се занемари, подобро да се повтори и направи подетално испитување па да бидете спокојни. Поздрав.
Маж ми ме проверува често крв ама кога и да провери има високо ниво на железо. Последно му беше 32 пред тоа неколку години 30
Подолго време имам проблем со висок притисок и вртоглавици. Проверив се и се беше супер. Остана само тироидна. Бев проверив но никој ништо посебно не ми кажа за резултатот. Дали некој знае да ги прочита? Фала однапред
Ништо драматично немаш. Види си ги дали се во референтни вредности и колкаво е отстапувањето. За минимални отстаувања, не се поставува дијагноза. Ехо и доплер на срце имаш правено? Стрес-тест? Холтер?
Не стрес тест, доплер, холтер не, никогаш. Не сум ни знаела дека има некаква поврзаност тоа со ова. Треба ли да направам? Фала ти
Обавезно. Тоа ќе ти каже дали високиот притисок ти е поврзан со пореметена функција на срцето, или не. На кардилог сите овие тестови се достапни.