Од анализата на тироидната само TSH ти е покачено, ама речиси незабележително.За тоа нема потреба од терапија.Причината за високиот притисок не ја знам.
Јас на вакво ТСХ почнав со терапија. Мислам дека треба да се исконсултираш со ендокринолог. Субклиничка хипотиреоза е, ама ако немаш симптоми може и да не треба да примаш терапија.
Здраво дали може некој да ми ги протолкува овие резултати ? Личноста е болна од корона и крвта и е извадена вчера на осми ( 8 ) ден.
PDW ми е на горна граница точно, 15.3 Тоа било за распоред на тромбоцитите во крвта. Што значи ова знае некој да каже?
Здраво, во декември имав лимфоцити 34% а неутрофилни гранулоцити 54%, денеска правев пак крвна, лимфоцитите се спуштиле на 25%, а неутро. гранулоцитите се качиле на дури 67%. матичниот ми е полн со ковид пациенти и ме замоли да причекам за да ми прочита детална крва слика знае ли некој зошто и кога се зголемуваат гранулоцитите? Дали е алармантно што за 4 месеци се кренале за цели 13%? Од тоа што гледам, се др е океј со крвта, ама ова ептен ми боде во очи. исчекувањето од матичниот ме убива ама морам да имам разбирање затоа ве замолувам ако знае некој нека пише... инаку немам ковид односно знам дека не би било ради тоа
Не се зголемени над граница нормални се од 50-70%, има референтни вредности таму напишано? Инаку неутрофили се покачуваат при бактериска инфекција
фала ви еми и лаванда, што ми одговоривте вака брзо! да, во право си, не се зголемени над нормалната граница (67% од можни 70%), а искрено таков лаик сум за медицина, само си ги споредив старите резултати (за кои матичниот ми рече дека се добри) со овие, и немам поим што би можело да значи ова зголемување, односно, не знам дали е абнормално да се кренат за 13% за 4 месеци... :/
Здраво девојки, правев крвна слика па резултатите се сите во граници ок, но седиментацијата на еритроцити е 2. Ме загрижува од што може да биди. Пред 6 дена завршив со антибиотици за ешерихија коли во мокрача. Па дали има врска со тоа или??
Како што знам што пониска седиментација е подобро? Ама нека ме поправи некој ако грешам. Мене па цело време ми е 1
Така ми кажаа и мене некои медицински лица... но додека да дојде понеделник за кај матичната ме фаќаше паника секогаш ми била мене 8-10 но сега чудно ми беше... Фала ти на одговор ❤️
Покачен холестерол и седиментација, леукоцити во урина. Сестрата кај матичната ми рече океј биле резултатите, но не ми изгледаат нормални леукоцитите во урина 9-10 на поле.
Крвна слика правена на 4ти ден позитивна на ковид, плус трудница во 34+3гн.. како ви се чинат резултатите некој да ми каже како се дали се океј? И што да се преземе у овој случај...