Мали отстапки имаш кај белите крвни зрнца и холестеролот, зголемени ти се седиментација и црп и малку е намалено железото. Гледај да добиеш совет од матичниот.
Седиментацијата е 18 пред две недели беше 16. Прележавкорона пред месец дена. Од што може да е покачена? Утре ќе одам кај матичниот доктор само барам мислењеплус
Може некој да ми каже, дали се добри резултатите, или треба да обрнам на нешто повеќе внимание? Се работи за машко лице на 27 годишна возраст.
Прво треба да си на диета. Без леб, бело брашно, шеќер и пржено. Дали земаш некои суплементи витамини, кои лекови си ги пиел последно?
Не се лоши, но сјајни не се. Немаш ни 30 години, а имаш високи триглицериди. Затоа ти реков да бидеш на диета. Алт ти е покачено, можно е поради покачените триглицериди. Треба да се среди со диета
AST i ALT ми се постојано покачени, правев ехо, и ми беше во ред црниот дроб, некогаш се намалени некогаш намалени тоа многу не ме загрижува, но во септември прележав корона, со не најтешка форма, но не и лесна имав бронхопневмонија, и од тогаш, шекероожт ми е постојано на горна граница, а од секогаш сум имал шекер не повеќе од 4.7. Претходно правев анализи во друга лабарсторија и кога бев болен од корона крвна слика ми беше со шекерот 5.5 каде што во таа лабарсторија вредностите се од 4.2 до 6.1 во јануари правев пак анализи во истата лабарсторија шекерот беше 5.9 во март правев од друга причина анализи ми беше 5.6 сега е 6.2 а во оваа лабарсторија горна граница е 6.4, и ме загрижува тоа што постојано е на горна граница, секако во нормала е ама од секогаш ми бил низок, сега бев кај матичната ми рече добри се резулатстите нема потреба да паничиш, викам да проверам скриен шекер ми вика нема се е во ред. За маснотиите, бев овој месец мн на мрсна храна, и знаев оти ке се покачени а работата ми е постојано во седење, но периодот од сега па до зимо постојано сум физички активен така да знам дека ке ги намалам, и пред 1 година ми беа покачени овој период после ги намалив.
Феминки, Сакам да си направам тест на крвна слика и да видам се шо ми се дешава во тело. Значи комплет сликла, хормони ама сите, не само тиродина, недостаток на витамини. Али буквано се. Дали знаете каде може да направам тоа и колку би ме коштало?
Не ми е јасно зошто сите лаборатории имаат различни референтни вредности. Хемоглобин : 104 рв. 120-170 Тромбоцити 426 рв. 140-400 Сер.железо 11 рв. 10-27 Само овие не се во ред. Но дали маснотиите се испитуваат одделно? Или ги има на ова?
Маснотии се испитуваат посебно, ги нема тука. Но и за нив општиот матичен може да ти даде упат да ги испиташ. Според ова малку си слабокрвна. Низок хемоглобин и слаба исполнетост на еритроцитите со истиот, железо на долна граница. Ништо алармантно, може да се проба со исхрана која содржи железо (спанаќ, црвено месо, леќа, цвекло, семе од коприви, какао...), да се зголеми внес на вит ц и да се избегнуваат млечни производи како и кафе. Што се однесува до тромбоцитите се качуваат обично при опоравување на организмот од болест инфекција како и после повреда.
Јас да ти одговорам на прашањето зошто сите лаборатории имаат различни референтни вредности. Тоа е така бидејќи користат различни апарати за мерење на параметрите.
Леукоцити - 10.83 (горна граница 10) MCV(fL) - 95.2 (горна граница 96) Триглицериди - 0.64 (долна граница 0.68 ) Што мислите за резултативе, дали треба да се грижам? Другите вредности се добри.