Ради короната ти е зголемена. Не е страшно, само направи пак после некое време крвна слика да видиш како ќе се движи вредноста тогаш.
Здраво дали може некој да ми каже за резултативе? Не можам да разберам седиментацијата дали ми е во ред?
Другари, некој од вас да ги протолкува резултатите? Правени се на трет ден од циклус во фол. фаза. Ви благодарам.
Се консултирав со тројца доктори, Татјана Јосифовска, Синиша Стојановски и Бранкица Крстевска. Сите ми рекоа терапија од 25мг. Да напоменам, три пати проверив ТСХ (во 5-6 месеци) и резултатите беа сите пати околу 4 (4.02, 4.8... третиот не памтам)
А FT4 и FT3 колку ти се?? Може ти е забележана промена на ехо па поради тоа ти е препишана терапија. Мене ми е ТSH 4,75 другите вредности ми се нормални, ме виде на ехо и ми кажа ендокринологот дека не сум за терапија.
Вредостите ти се нормални, а од една лаб. до друга референтните вредности врарираат, кај некои лабаратории горната граница е 4, тука кај тебе е 5 значи дека си си во границата, плус FT4 е е со нормални вредности, а ТSH може да биде благо покачен и од стрес. Се си е нормално кај тебе. Имаш некакви симптоми или онака рутински си правеше испитување?
Прележав корона пред шест месеци, косата многу ми паѓаше, но, сега почна и тоа да се средува пополека. Се замарам кога одам по скали и имам проблем со вишок кг, ама го решавам пополека бидејќи на диета сум. Сепак, ќе направам ехо во секој случај, тоа и го планирав. Последен пат пред три ипол до четири години правев ехо, и ми најдоа тука некои чворови, ама ми рекоа не се опасни и не сум за терапија. Верувам и овојпат ќе биде така. Не планирам. Ни во скоро време ни во иднина, благодарам.
Мене ми беа ниски за една бројка подолу,докторот ми рече сега косат настинки да се зима Витамин Ц од 1000мг и Витамин Д од 1000мг и да се јаде црвено месо. Исто така ако се една бројка плус минус со тек на време ќе се среди,не е страшно.
Тоа е нормално при прележување на тешки инфекции, опаѓањето на косата, замор. Според овој наод што го имаш вредностите се во ред сите, а за тироидната жлезда направи рутинска контрола затоа што имаш и јазли.
A FT4 како ти беше, другите вредности за тироида ги направи, какви беа резултатите? Освен TSH беше нешто друго покачено?
Да. Сега сум ептен во паника, зошто јас сум човек што не става апче во уста, освен ако нема јака болка во глава или јајници. Буквално се трудам што поздрава да бидам. Сепак, фала ти многу.
Како што прочитав членката има и Хашимото очигледно придружено со хипотиреоза, за тоа е дадена терапијата. Значи TSH може да е покачено и при стрес, не се дава туку така терапија. Пиши ми баш кога ќе се прегледаш.