Не би требало да е од алергијата освен ако е пропратена со некое воспалително заболување. и 20ка не е над референтатна вредност до 28 mm/hr (зависи како е изразена нормално).
Ми изгледа прилично лошо.. Високо ЦРП имам и висока седиментација, а леукоцити и гранулоцити ми се чини во нормала се.
Железото.. Никогаш не ми било под 20, дури ни во бременост.. Хемоглобин 15 било секогаш.. Изгледа последниве две недели од син ми што претрпев стресови, не јадев, се уште не спијам.. Уфф..
Ти благодарам. Ти ме оправаш психички. И во темите за деца кога прашувам нешто прекрасни совети даваш и многу ме смирува кога ќе прочитам.
Денеска нешто слабо вода пиете. Во ред ти се разултатите, хемоглобинот ти е на долна граница. Кажувајте зошто сте правеле крвна слика, дали имате симптоми за да можеме подобро да ги интерпретираме резултатите.
Јас конкретно крвна слика правам на 3 4 месеци бидејќи цел живот сум анемична ( ова е најдобро до сега ), и сега плус дека почнав Јасмин да пијам пред 2 месеци ми рекоа да проверам за тромбоцити, АСТ и АЛТ.
Во однос на анемијата не ти е лоша крвната слика. Пробај со природни препарати, тоници, сокови, исхрана и витамини. И јас сум анемична моментално си пијам тоник што јас си го направив од цвекло, моркови, лимон, јаболка и мед. Исто пијам и чај од коприва. Внесувај овојше, зеленчук, мешунки секојдневно. Јас ако не јадам црвено месо многу ми паѓа хемоглобинот. Тромбоцити, АСТ, АЛТ ти се во ред. Пиј повеќе течности, чај од брусница имаш по некој леукоцит во урина, ништо значајно.
Да да, не ми поминува ден без овошје и зеленчук во голема количина. Инаку, истиот случај со месото..џабе се друго ако не јадам месо Ти благодарам многу
Имаш покачена седимантација, некој воспалителен процес. Холестеролот ти е висок како за млада особа и железото ти е под границата.
Настината сум. Но, док ми рече дека се е во ред. Освен што сум анемична и тоа два пати ги виде резултатите. Со холестеролов страв ме фаќа.
Ќе се ставиш на диета. Ќе внесуваш повеќе здрава храна овошје, зеленчук, ќе исфрлиш грицки, брза храна, благо, сокови, повеќе спорт, физичка активност.
Девојки здраво, денес правев крвна слика па резултатите ги земала мајка ми и докторката и кажала дека се е во ред меѓутоа сега кога видов железото од 6.6 до 28.3 граница, мене ми е 5.7, дали има потреба за паника? Бидејки докторкава не се замара многу, па дали знае некоја да толкува резултати да и ги пратам резултатите?