Гликемија 5,73 (3,3-5,6) Црп 1,1 Веројатно вирус имам моментално со благо покачена тт. Железото ми падна пред неколку месеци кога се разболев и само паѓа но исто така сега ме загрижи и шеќерот (до сега секогаш ми беше во граница ама не под 5,3). Некоја со мислење? Едит: со месеци имам трнење, жежење во стапалото на десната нога. Во последно време почнува да се шири на моменти и нагоре. Допер на вени е ок, ортопед вели не е ништо. Размислувам за киропрактичар да не е жила или невролог... немам идеја, ве молам ако некој има идеја што може да е или кај да одам нека кажува
Железото е ужасно ниско. Не знам како функционираш со волку ниско железо. Анемична си и треба да примаш препарати на железо и тоа одма да почнеш ако не примаш. Ниските лимфците и покачените моноцити укажуваат дека организмот се бори со инфекција, витамин ц земи барем 1000мг во денот да примаш. Тоа со трнењето на ногата може и од анемијава да е. Ова со гликемијата можеби се работи за некој скриен шеќер штом последователно при неколку испитувања ти е на горна граница.
Не, личеше на цревна бактерија 120 црп, па на пнеумослајд излезе некоја респираторна (не ми текнува на името). На ковид бев негативна на два теста. Железо едвај успеав да качам пред да забременам и двете бремености бев со 22-24 ама како се разболев и плус со циклусот (страшно обилен) мислам невозможно ќе е да го вратам ☹. Инаку не функционирам. Секако имам лабав сон, по цел ден со две палави деца и веќе и психички мислам попуштам. Настрана што се ме плаши со болести (лечам заб со голем процес, имам зуење и притисок во увото, болки, затегнатост во вратот, одкако се оправив од бактеријата испаднав и алергична на многу работи, ногата ме полудува, страв ми е да не е вена...) па некогаш си мислам дека за на психијатар сум
Зимаш препарат за железо?? Анемијава мора да ја корегираш, сите последователни состојби ти се од нејзе. Ако не ја корегираш тоа води до многу други состојби, организмот е подложен на чести инфекции поради намален имунитет.
И мене после пораѓајот многу ми падна железото.Ми беше 2.И затоа секој месец бев настината,па ми се појави иалергија(до тогаш не знаев што е лергија)а често завршував и со антибиотик.Но откако оправив железо,фала богу настинкиве ме одминуваат
Девојки. Дали глукоза во крв 6.0 е нормална? Горната грНица е 5.9 ама да напоменам дека сабајлето пиев кафе со шекер... Многу се уплашив.... Имам испитувано и на средина на ден јадена пиена па ми бил 4.8
Здраво феминки вака пред неколку недели навечер осетив некои пецкања при мокрење нагони притисок и слично пиев антибиотик ми се смири но не исчезна правев крвна слика и анализа на мокрача и излезе дека имам покачени леукоцити и бактерија во урината утре сум на уринокултура да видам што бактерија е па ме занима од што би можела да се појави не сум сексуално активна 4 месеци веке но со прехтодниот партнер ми се јавуваше инфекција при мокрење после секој однос се ми е страв да не останало од тогаш не долечено ама сега од што би ја закачила ако има некој поискусен нека ми пише и имам болки позади како во бибрезите и стомакот дали од бактеријава се чувствувам изнемоштено некогаш
Здраво на сите. Денес правев крвна слика и се ми е во граница на нормалата освен еритроцитите кои се 4.09, а референтните вредности се од 4.1 до 5.4. Дали да го сметам ова за нешто што треба да го средам или е нормално ниво сепак?