Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Анализа на крв-толкување резултати

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од femina21, 13 јули 2010.

  1. sweet-bebufce

    sweet-bebufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    21
    Може некој да ми ги протолкува резултатите и да ми каже колку е ова сериозно

    WBC 4.5
    RBC 3.32
    HGB 106
    HCT 310
    MON 0.3
    седиментација 5
    белковини 0
    седимент на уреа ер 0 ле ++
    гликемија 2.52
    холестерол 4.87
    триглицериди 0.42
    уреа 2.9
    креатинин 52.6
    АСТ(ГПТ) 9
    АЛТ(ГОТ) 12
    Елетролитен статус - железо (серум) 14.7
    Фала ви многу :)
     
  2. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    се освен хемоглобинот е во ред :)
    не е ништо страшно со хемоглобинот нормално е 130 а ти имаш 106 ;)
     
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Неможам да најдам посоодветна тема па ќе напишам овде. Феминки многу внимавајте во која лабораторија ги правите анализите.
    Конкретно бидете многу резервирани ако одите во ПАВЛИНА.
    Братучетка ми лечи стерелитет, хормоните ги испитуваше таму (во сите лаборатории е околу 4000, а кај нив беше 800 на акција преку групер) кога ги погледнал докторот рекол "вакви резултати од хормонален статус НЕ СЕ ВОЗМОЖНИ" пак ги направи и сосема друг резултат. Втор пример на еден пријател крвна слика му правеа и нормална, буквално сите параметри во граници на нормалата. Човеков вика шанси нема, ако ништо друго холестерол имам. Направи пак на друго место, пак сосема различна сликата.

    Луѓе мои незнам што е работава ама фрапирана сум дали им се стари апаратите, дали не се замараат, па резултатите ги тресат од ракав. Имаа и неколку пати акција на групер. Пишувам овде без срам и јавно го кажувам името на лабораторијата затоа што не е играчка. Ако ништо друго бидете внимателни. Еве и на странава на групер луѓе се жалат, прочитајте ги коментарите

    http://grouper.mk/skopje/topic_discussions/index/2205
     
    На daniangel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Да не не ги прават воопшто испитувањата, да не копираат од други резултати? :?:
     
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Незнам Moira, ама многу лошо. Абе да ти рече гинекологот дека не е возможен таков хормонален статус, значи не грешен, туку невозможен. Разбирам јас и бизнис и се, ама за здравје се работи. И ајде само она да беше, туку од многу луѓе исто слушнав.
     
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Аст и алт ми беа бајаги покачени, и еве пак правев испитување и се покажаа високи бројки, аст е намалено за разлика од минатиот пат, ама мн се видоки сепак... Уште матичниот не ги видел, сега ги земав ама мн ми е страв... Инаку долго може година ипол пиев диа е35 и веќе 4 месеци не ги пијам ради покачениве бројки.. Во паника сум, ако знаете нешто да пијам чаеви или било што...
     
  7. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    девојки да ве прашам! пример од прст да се вади крв може да се види за железо ??? прашав 2 докторки 1 вика не а другата да.. дали некој знае точно да ми одговори .
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^Не сум сигурна, но знам дека периферната крв не е иста со таа од вената. Најсигурно е венски,од повеќе причини
     
  9. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    380
    јас во 2 месеци вадив 2 пати и излезе дека крвта ми е слаба а исто и железо и така прв пат кога извадив ми даде ампули тие тот хема да ги пијам месец дена и бев уште еднаш да вадам крв и излезе крвта добро а железо во нормала е ама пак слабо, и така ја прашав може да се вади и од прст зошто кога вадам од вена како пред смрт сум, и реков дека ако вадам пак крв ке немам после :lol: , и сега третиот пакет ампули почнав и треба пак да проверам па незнам дали може од прст :?:
     
  10. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Може некој да ми каже колку чини да ми направат анализа на крв?
    Немам некој здраствен проблем, освен вишок килограми па затоа сакам да ја проверам крвната слика.
     
  11. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Јас кога правев ми земаа 1000 и нешто ама јас комплет мокрача и уринокултура затоа и толку ми земаа.Ама од прилика за крв мислам дека 300 ден така нешто.Иначе анализиве ги правев во Хистолаб во аеродром а сакам пак да проверам ама овој пат во Авицена кај државна.
     
  12. macence-pm

    macence-pm Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира дали некој има искуство со високи тромбоцити?
     
  13. whiteflower

    whiteflower Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    2
    Имам покачени ензими и јас исто асат 69.5 и алат 183.9 па ако знае некој нешто во врска со тоа нека пише....
     
  14. tinna96

    tinna96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Сакам да прашам дали на крвната слика..се покажува присуство на никотин во крвта? :?:
     
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    На обична крвна слика секако не.
     
  16. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Вчера правев крвна слика и испадна дека железото ми е 10.4 што е на граница од анемичност.
    Докторот ми препиша таблети и денес почнав да ги пијам.
    Но девојки дали е нормално цело време да ми се врти и да ми се повраќа,а ова почна да се случува 2 дена пред да ми заврши менструацијата,дали имал некој вакво искуство :( :( :(
     
  17. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Ако сите други вредности на крвната слика ти се во нормала а само железото е проблем тогаш немаш причина за паника. Можно е тие симптоми да ти се токму поради тоа, а од др страна тоа се и нормални симптоми кои се јавуваат за време на менструација. Железото штом ти е на граница не значи дека ти е којзнае колку ниско и дека си анемична, тоа е нормално , но не е лошо да го зголемиш малку. Пиј си ги апчињата што ти ги препишал докторот и внесувај повеке железо преку исхраната. После пак ке направиш крвна слика и ке видиш како ке биде. Инаку и јас правев скоро крвна слика и на резултатот ми пишува дека за девојки границата е од 6.6-26.0, а за машки 10.6-28.3 :?:
     
    На LUNA.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Ти благодарам за советот многу,малку се исплашив зошто до сега не сум имала проблем со железото но за се има прв пат. :*
     
  19. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Девојки да не знаете што значи намалена вредност на креатининот?
     
  20. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    девојки денес бев да испитам крвна слика и само знам дека железото ми е 17,2 а другото не. Е сега може ли некоја да ми објасни другото, значи ми земаа 3пати крв на по 1 саат. Резултатите се 4,0 4,9 5,6