Матичната ми е ужасно незаинтересирана, само ми пиша ок ти е крвната слика и толку, отидов да ја земам не ме ни прими немам коментар. Во понеделник ќе ја сменам. Железото ми е 7, реф. вредност 12.5-32, триглицериди 1.79, горна граница 1.7, она буквално незаинтересирана за совет и толкување. Тоа што ме загрижи побеќе е седиментација 30/55. Вечерта добив ама веќе имав упат за сабајлето па отидов, дали почетокот на циклусот толку влијае на седиментацијата?
Ќерка ми има 14 месеци и уште од раѓање има покачени тромбоцити над горна граница. Докториве наши сметаат дека тоа е 'нормално' и дека често се случува кај бебиња. Буквално никогаш не се намалени тромбоцитите и секогаш се околу 600 а максимално треба да бидат 450. Вчера бевме на крвна слика и сега јас полудувам од грижа. Денес ќе одам на друго место за крвна слика а во понеделник ќе одам во Плодност. Еднаш бевме во Плодност и таму тромбоцитите 'единствено' беа нормални. Тогаш појдовме и за преглед на внатрешни органи и мозочето дури го прегледавме. И убаво се сеќавам дека докторката ни рече дека за џабе се грижиме. Дали е можно апаратите да не им се точни на државно? Многу се нервирам. Лоши работи читам на интернет за високи тромбоцити, а скоро и да нема случаи кај деца. Оф!
Доктори ти кажале дека е ок, и ти уште си создаваш паники и секирации дека нешто не е во ред со детето? Детето си е добро, а ти ако сакаш гуглај и измачувај се со тоа што го читаш, што да ти речам. А зошто често правиш крвни слики, не ми е јасно, заради тромбоцитите или има друга причина? При земање крв од прст се често покачени тромбоцитите кај децата поради стискање за да тече крвта. Нема дете кај што барем еднаш не покажало покачени тромобоцити во крвна слика кога е крвта земена од прст. Во темите за бебиња и деца ова е многу често поставувано прашање.
Некогаш океј е интернетот, онака за поширока слика да ти даде за нешто. Или да се информираш околу нешто. Ете дури и симптом да најдеш шо ќе те поттикне да идеш на лекар. И после има момент кај што докторот ти дава мислење. И треба да одлучиш дали ќе му веруваш на лице кое колку толку учело и стекнало искуство (дури и во нашава држава), или пак на статија на интернет која може да ја напише било кој... Не си прајте сами дијагнози...
Колку се покачени? Ако се блиску над граница не е ништо страшно, причини има многу за истото. Алт се покачува и при напорна вежба / работа непосредно пред земањето крв, а триглицериди можно е и од масна храна дури и претходниот ден пред земањето крв, затоа за прецизни резултати повеќе денови пред тестот се практикува диета. Мене еднаш ми беа покачени , претходната вечер јадев брза храна и слатки пред тестот , и после една недела кога правев пак и не јадев масно ,беа нормални. Но, не значи дека и не се навистина покачени поради животниот стил или друг процес. Аст и Алт најмногу се концентрирани во црниот дроб, а не во срцето. За срцето се лдх 1,2, креатин киназа и тропонин. Како и да е , јас би направила ехо на абдомен да го видите црниот дроб, и ако сѐ е во ред или има благо замастување, веројатно докторот ќе ви препорача само здрава диета, намалување исклучување алкохол и ткн.. Алт се покачува и при земање одредени медикаменти или прележан ковид.
Ова е ништо реално! При патолошки процес , ензимите се покачуваат до 50 ,100 пати од нормалното. Сестра ми која живее прездраво имаше исто алт малку покачено како вашево и докторот и рече дека е ништо ..После некој месец беше нормално. Бенигни причини за благо покачување има милион , дури и апаратите некогаш во лабораторијата го прават тоа или лошо вадење крв и управување со епруветата. Не паничете воопшто. Триглицеридите се речиси нормални , до кај 1 и нешто се нормални ,а вашите се 2. Моите тогаш беа 10 и за една недела 1.. Нема простор за паника никако, едноставно сменете малку начин на исхрана, повеќе активности и следните ќе бидат нормални.
Еве ќе објаснам зошто правам крвни слики често. Кај бебиња на секои 3 месеци се прави систематски. Пред секоја вакцина се зема крв. И сега еве уште не и е примена вакцината за Морбили што е на годината по редослед. Тромбоцитите се покачени секогаш. И ги гледаш тие во лабараторија те гледаат бело. Докторкава некако не е пресреќна со резултатот. Инаку првиот пат на 3 месеци педијатарот ми вели да се провери дали е малигно И од тогаш јас полудувам. После демек не реков така и што да ти кажувам. Инаку бевме во Плодност и и таму беа високи. Ама значи хемоглобинот е низок, еритроцити високи и тромбоцити високи.
@NewMommy мајка побарај ѝ на матичната да ти ги каже референтните вредности на крвната слика за бебе/дете. Тие се сосема поразлични од референтните вредности на возрасен. Горна граница на тромбоцитите е 600 за деца до 3 години, а и општо поголеми се граничните вредности и за леукоцитите и за еритроцитите.
Никаде во светов не се прави крвна слика кај бебиња на секои три месеци, ниту пак пред вакцина, само кај нас, и тоа затоа што родителите бараат. А не затоа што мора, задолжително е, или што знам јас. Ако толку ти е мисла, оди на хематологија. Таму можат да ги направат соодветните испитувања за ваквата ситуација
Извини ама не ми текна мене да го боцкам детето ако не ми побараа. Всушност многу е напорно да одиш на секое на систематски со дете што знаеш дека ќе плаче таму. Плус имам уште 2 други деца.
Плус еве да кажам дека матичната ни е супер и постојано не смирува за било што, а не само за ова. А еве на пример во Плодност кренаа паника за резултатите од крвна слика и ми препорачаа да одам Скопје на клиника за да испитам болест на црвени крвни зрнца, па дали имаме некој таков во фамилија, па обавезно да ме известите.... Кога појдовме кај матичната ни рече никаде нема да одите, веројатно детето пие помалку течности и затоа се повисоки еритроцитите. Ете така. Ама мајка се грижи, тоа е.
Исто така еве ќе ти кажам зошто не верувам на доктор 100%. Мајка ми имаше супер резултати на крв, супер резултати на ехо на органи и тн. Еден ден жената имаше тежина во стомак и и кажа (друг интернист, а не тој каде се беше супер) дека има камен во жолчка. Појде на операција, каде открија канцер во 4 стадиум. Жената си замина за неколку месеци. Во Скопје ни кажаа дека интернистот кој се гледаше супер мора да бил слеп за да не го види ова. Жената беше многу редовна во контрола на своето здравје. Ете што велат кога ќе се изгориш на млекото ќе дуваш и на матеницата. Морам да бидам одговорна за своето дете, зошто тоа е мајката. Те молам немој да судиш знаејќи само еден мал дел од нечиј живот.
Не судам воопшто, само кажувам дека крвна слика кај бебиња не се прави нонстоп, на секој систематски. Ако имало причина, во ред, ќе правиш. Ама крвната слика не покажува секогаш сѐ. Плус, ако не и веруваш на матичната, зошто не ја смениш? Хематологија ти е најдобар избор ако има причина зошто ги правиш тие испитувања. Таму ќе направат сѐ што треба за да утврдат дали има проблем или не.
Сочувство за вашата мајка. Совршено ја разбирам вашата грижа која е апсолутно нормална и потребна. И јас имам многу непријатни искуства со доктори и за жал веќе стекната резерва кон истите , и секогаш одам на повеќе мислења. Последното беше со ензимот ЛДХ за кој пишував погоре испаничено. После напорно вежбање и повреда на глуждот истиот ден правев крвна слика и ензимот беше малку покачен над граница. Првиот доктор ми рече дека станува збор за патолошки процес и веројатно е срцето или некој тумор и ме прати на дополнителни испитувања од кои се пореметив а вториот доктор ме смири и ми рече како може неговиот колега да излупа такви болести кога тотален малку покачен ЛДХ не покажува ништо конкретно ако не се измерат неговите под ензими (ги имало околу 5,секој за различен орган) , и ме праша дали сум вежбала тој ден , зашто се покачувал при напорна вежба или анемија. А имав и блага хемолитичка анемија на крвната слика исто. После една недела кога мерев пак сѐ беше вратено во нормала. Немаше ни анемија. Вториот доктор не ми даде ни железо суплементи додека не мериме пак зашто се сомневаше на акутна краткотрајна спортска анемија, а првиот уште што не ми даде смртна пресуда! Со моето скромно разбирање знам дека многу вредности се нормално повисоки кај деца меѓу кои и тромбоцитите. Сега читнав дека дури и ако биле малку над граница во голем број случаеви биле идиопатски - бенигни кај деца. Цврсто верувам дека простор за паника нема штом не се многу високи , грижата ви е апсолутно нормална и прифатлива, и за ваш мир би ве поддржала да се потрудите да најдете добар педијатар , верувам дека може да се најде па и приватен , и да направите потемелни испитувања на хематологија пример, за ваш мир и секако ,за здравјето на најмилото. Смирете се, и еден ден кога ќе бидете опуштени направете ги сите испитувања за кои верувам дека сѐ ќе биде во ред. Ве гушкам и бацки до бебушот. Сѐ ќе биде добро .♥️