Девојки ве молам за толкување за крвната слика...изместени се....утре ке идеме кај матичната. Се работи за ММ
Здраво Како што гледате на резултатот кај уринарен статус покажува дека имам крв и еритроците 12-14. Матичната ми кажа дека би можело да е од цистата што ја имам на едниот јајник, пукната е ама нецелосно испразнета. Не ми кажа ништо дополнително да испитам нити некаква терапија или совет. Некоја со слично искуство? Секој совет би бил добредојден
Девојки дали се многу покачени? На мм се резз, ќе направи утре во друга лабараторија, да видиме дали ќе е иститот резз.
Па височки се и двете. Ехо на црн дроб нека направи. Промена на исхрана (помалку шеќери, јаглехидрати, заситени масти), физичка актовност повеќе и на мм за покачен холестерол му помогна фиброгел во Еурофарм аптеки го има и омега капсули.
Фала ти Маж ми активен е, пешачи, оди во теретана.. ама многу пуши цигари, еве денес реши ќе ги откажел и ќе намалел со лоша исхрана и газирани пијалоци ( да видам да не верувам) Ама прво да видел утре пак да направи испитување
Ај и овде да прашам, можи прееска ја згрешив темата. Пиев за анемија терапија 3 месеци и ајде контрола да праам. Ај ок ќе испитам железо и немоглобин. Зошто докториве не ни даваат и Б12 да испитуваме ко што читам е поврзано со анемија? Дали Б12 се испитува на гладно на утро , или може во кој било ден од денот независно од храна, која лабораторија во Скопје е најдобра, се мислам помеѓу Биотек и Синлаб. Дали Б12 е поврзан со анксиозност и депресија?
Тој е друг тип на анемија. Од крвната слика се гледа за каков тип на анемија се работи, нема што да испитуваш Б12.
B12 е потребен за интринзик факторот во цревата што ја овозможува ресорпцијата на железото. Ако се оправа крвната слика со суплементи, тој фактор не е проблем. Читај горе, и не, Б12 не е поврзан со анксиозност и депресија, повеќе би рекла дека е клучен витамин Д, дефицитот придонесува за депресија. Инаку, ако крвната слика ти се оправа со суплементи, најверојатно се работи за класична сидеропенична анемија, поради недостаток на железо. А ако после некое време пак паѓаат резервите на железо и вредностите на хемоглобинот, тогаш имаш нешто во организмот поради што ги губиш тие резерви. На пример, обилни менструални крварења, хемороиди од 3 или 4 степен што крварат постојано, некое крварење во дигестивен систем.... За другите типови анемии може да се направат и генетски испитувања, јас правев одамна да видам дали анемијата кај мене има генетска основа.
MCV, MCH, MPV кај 9+ месечно бебе намалени, хемоглобинот 124. Пред околу месец дена исто сите тие MCV, MCH, MPV испод долна граница ХГБ 106. Матичната сеуште ни ги нема објаснето резултатите, првиот пат рече само да ја повториме крвната слика по еден месец. Некој да не знае нешто повеќе да ми објасни? На нет читав дека може да станува збор за анемија. Но со добар хгб можно е тоа?
Ниски резерви на железо има. Вообичаено околу 6тиот месец се јавува физиолошка анемија кај бебиња, но после се нормализира со исхраната. Хемоглобинот засега е ок, не мора терапија, ама појачај исхрана со месо, спанаќ, јајца, просо, цвекло, семе од коприва...
Скоро два месеци одбива да јаде, ни појадок ни ручек ни вечера, или 2-3 лажички или воопшто ништо не каснува па можеби се должи на тоа крвната слика... Не знам веќе што да правам А педијатарот ништо не кажува и вика да сум оставела колку сака толку да јаде, не разбира дека ништо не јаде. Не се разбирам многу во резултатите од крвната слика но колку што разбрав од тоа што пребарував на интернет сега не е баш во ред
Ова е на урина, гледам бактерија. Дали треба дополнително испитување. А што значи Еритроцити и леукоцити во урина? И што значи тоа 0/1 протеини?
На хемато има други референтни вредности за ЛДХ од сите лаб други што разгледав, знае некој зошто? На клиника за хемато стои реф. вредност 230-450нормално.
Здраво да прашам и тука. До пред 10 месеци никогаш сум немала слабо железо,случајно кога испитав ми беше 6.4 во септември повторно проверив ми беше 10 но со претходно пиење лекарства. Сега пред недела дена повторно ми испадна паднато 5.9, се консултирав со матичниот освен ферозомал кесички и витамин Ц, не ми даде друга терапија. Предложив да направам ехо на абдомен, гастроскопија да одам на хематологија ништо од тоа рече не треба ке се среди. Јас деновиве се чувствувам омалаксана без апетит со мачнина. Дали некој од вас се соочил со истава состојба? И што понатака? Да напоменам во Февруари прележан ковид, некој ми вика може да е постковидно, а некој пак дека може да ми биде после породувањето сепак не сум мирна. Се извинувам за долгиот пост.