Во врска со шеќерот, ме мавна паника и после ми текна дека ден пред прегледот јадев благо. Ме интересира за другиве мислење: Spoiler
Колку саати пред прегледот јадеше последно? За неутрофилите и лимфоцитите најверојатно имаш моментална инфекција.
Сабајлето морав нешо да каснам пошо ми се слошува и паѓам често во несвест кога мора да ме боцкаат, меѓутоа благо јадев вечер пред тоа. Затоа не паничам многу за шеќерот, другите вредности не загрижија малку бидејќи не сфаќав што се тоа неутрофили. Дали може да има врска тоа што неделата пред прегледот бев болна?
Благото вечерта пред преглед не е толку битно зашто сигурно поминале барем осум саати. Ама тоа што си јадела сабајле да. Мораш да повториш на гладно зашто вака не е баш релеватно, ако се онесвестуваш имај нешто спремно и јади одма штом ќе ти земат крв, побарај да лежиш додека ти земаат крв...
Ве молам кој се разбира за одговор. Цела сум во паника. Прв пат имам намалени лимфоцити. На интернет се и сешто прочитав. На матичен ќе одам после 4.
седиментацијата и чеукоците покачени покажува на воспалителен процес, вироза. а аст и алт покачени со оглед дека и хемоглобинот е многу висок, мораш дополнителни испутување, при висок хемоглобин ,,страда,, црниот дроб и слезинката, што се показател за покачени аст алт, нека види матичен и интернист на ехо абдомен, ова од искуство...