Аст и Алт се црнодробни ензими, не треба да биде зголемена вредноста над референтната, но најчесто се случува кога се внесуваат многу лекови во организмот,суплементи, или во случај на зголемен внес на алкохол доколку не станува збор за некоја патолошка состојба... а кога станува збор за заболување пример на бубрезите се зема предвид вредноста на Алт и Аст.
Dali moze mislenje za rezultatite, leukocitite se mnogu niski, se raboti za dete koe pred Edna nedela prelega viroza i pred toa imase streptokoka. Dali ima prostor za panika za vakvi leukociti, inaku crp e vo normala.
Обично при вирусни заболувања се намалуваат леукоцитите и неутрофилите, што е истото и во вашиот случај, тоа може да настане и откако е применета терапијата со антибиотик, бидејќи погоре напишавте дека детенцето имало стрептокока, претпоставувам дека бактеријата сте ја третирале со соодветен антибиотик. Нема простор за паника, но продолжете со зголеме внес на течности, чајчиња и природни сокови
Загрижена сум ептен за тромбоцитите. Правиме анализи затоа што се жали на повремена болка во градата. Немам трпение додека и почне смената на матичната, ако знае некој... За дете од 7 години станува збор
Не се многу покачени тромбоцитите,дали го боцнаа од прст или вена? Хематокритот ви е исто така на долна граница, и лекукоцитите благо покачени ништо страшно. Другите параметри мислам дека се во ред.
При самото стискање на прстот При земање крв од прст се покачени тромбоцитите поради самото стискање да тече крв. Затоа ве прашав од кај го боцнале. Нема проблем.
Матичната исто кажа дека не е ништо, ама анксиозноста на најјако кога се работи за децава Уште ехото да е ок и раат да сум
Без гајле и ехото ќе биде супер. Те разбирам како мајка нормално е да се секираш,само позитивни мисли и ќе видиш дека се ќе биде во ред.