Здраво и jac да прашам за мислење - имам отечени крајници болно ми е да голтам, и ме интересира дали нешто од крвнава слика укажува на тоа? Гледам бактерија + во мокрачата? Треба уште нешто да испитам? Дали ќе беше ЦРП многу повеќе покачен ако имав бактерија? Ми зедоа и брис од нос и грло ама дури во вторник резултати. И не знам дали за ангина се доволни обичните брисеви или требаше одделно за стрептокока? Како е другото? Бремена сум 18 недела. Фала многу!
знам дека сум досадна, ако може мислење, крвната слика е правена на гладно од вчера од 16 часот ништо немам јадено
Зошто имаш правено две крвни слики во рок од една недела? Болна си била или имаш некои други симптоми?
Пошто прошли пат шеќерот беше на горна граница а јас не знаејки дека ќе правам крвна слика (отидов за сосема нешто безвезе) испив веќе кафе, дополнително што осеќам некој стаклен жед, па се договорив да направам во др лабораторија на гладно и без кафе чисто да видиме како ќе испадне шеќерот. Јадев последен пат вчера во 16. А кафе пиев до 18.
Да јас така секој ден си пијам, нема штета, само можеш корист да имаш, да ти го одржува на природен начин шеќерот во границите на нормалата, ако не можеш така да пиеш, можеш и апчиња цимет да купиш од аптека.
Едно прашање..Правев крвна слика- имам за 2 единици ниско Алт.. Мене ми е 7.8..а треба над 10.. Имав уринарна инфекција- цистит пред да правам крвна слика. Што би значело тоа ?
Покачени ти се тромбоцитите, PCТ и еритроцитите во урина и имаш бактерија во урина. Оди на лекар, испитај за која бактерија станува збор, антибиотик треба да пиеш и види што ќе ти каже матичната за покачените тромбоцити, може ќе ти даде некое апче да пиеш.
Здраво на сите, сакам една консултација со вас, правев систематски од работа и за прв пат во живот ми излегоа mcv и mch пониски, а mchc на долна граница, хемоглобинот е на долна граница 11.3. Многу ме убедуваат дека резултатите од систематски и не се така точни. Некој да има слични искуства?
МCV е среден волумен на еритроцити, а МCH е среден корпускуларен хемоглобин во еритроцит, и двете се заемно поврзани со хемоглобинот и бидејќи ти е слаб ќе треба да го појачаш, ти советувам да консумираш почесто спанаќ, цвекло и семе од коприва. Ова потпомага во анемија и зајакнување на хемоглобинот. Што се однесува до резултатите многу често се случуваат грешки бидејќи тестовите се сензитивни, но во овој случај кадешто MCV и MCH се ниски како и HGB мислам дека не станува за грешка. Не е опасно, но треба да зголемиш внес на храна која содржи железо, или има уште еден случај ако си била на систематски после циклус, тогаш сосема нормално е да ти даде резултат со намалено железо.