Направив анализа на крвта, ќе може некое толкување? ALT 25 (30-65) BUN 1.70 (2.50-6.40) AST 10 GLUC 4 (4.1-5.9) WBC 8.2 (3.5-10.0) RBC 4.46 (3.80-5.80) HGB 130 (110-165) HCT 0.353 (0.350-500) PLT 244 (150-390) PCT 0.188 (0.100-0.500) MCV 79 (80-97) MCH 29.2 (26.5- 33.5) MCHC 368 (315-350) RDW 12.4 (10-15) MPV 7.7 (6.3-11) PDW 9.4 (10-1 Благодарам однапред
^ Пу, пу да не те урочам, резултатите се идеални. А што те натера да правиш крвна слика? Да не те буни тоа BUN што е пониско од нормалното, можеби си ситна девојка, можеби малку се храниш, можеби малку вежбаш и се движиш.
Вирусна пневмонија ми рече докторката и поради тоа, него ме буни PDW тоа нешто со тромбоцитите е ... некако пониско од нормалното исто и MCHC Покачено малку
Тие се гледаат во споредба со целосните бројки на RBC и PLT кои ти се нормални. Вакви минимално намалени бројки може да има заради истата причина која ја спомнав погоре, слабо се храниш, можеби многу пиеш вода.
јас правев крвна слика пред некој месец и ми рекоа дека е добра али мене ме збунија некои работи значи PLT тромбоцитите ми беа супер али она другото сврзано со тромбоцитите нивното движење во крвта ли како беше PDW , беше повишено, и докторката ми вика остај тоа тоа не се гледа се гледа бројот на тромбоцитите, ми вика тоа дека си правела на хематологија затоа таква детална анализа на друго место немало да има таква е ај сега
Девојки едно прашање. Свекрва ми правеше крвна слика и моноцитите и се 36.4% (н.в. 0.0-9.0), а гранулоцитите 34.8 (н.в.42-85). Ај ќе ве молам подетална анализа.
Ова го најдов на интернет мислам дека убаво и разбирливо е напишано,има и референтни вредности http://www.lepotaizdravlje.rs/zdravlje/savet_strucnjaka/krvna-slika-sta-su-normalne-vrednosti
Женски ај некоја што знае може ли да ми објасни што значи ова resultat - ref. AHDL 0.85 LO - 1.00-2.00 TGL 7.21 HI - 0.30-1.70 CHOL 6.4 HI - 4.1-5.2 GGT 54 HI - 5-50 Third 5.35 HI - 0.400-4.00
Каде што пишува HI вредноста е покачена, каде што пишува LO, намалена е. HDL e „добар“ холестерол AHDL...? TGL -триглицериди-покачени CHOL треба да е холестерол (покачен) GGT (гама глутамилтрансфераза)-ензим на црниот дроб-покачен
Мајка ми постојано ме тера да одиме да ми земат крв да провери некои ствари јас одбивам пошто она незнае дека пушам и сл. И несакам да дознае.. Во последно време ме прашува и дали сум имала сексуални односи јас постојано ја лажам и викам не...Сакаше на гинеколог да ме носи и тоа одбивав многу ми е страв да не дознае.. Затоа решив тука да прашам што се испитува преку земање крв што може да види...?
Доволна е само една капка крв за да се провери крвната слика.Кога станува збор за лабораториски испитување на крвта, тоа подразбира два вида на анализи. Едните анализи се состојат во испитување на видот, бројот, односот и изгледот на крвните елементи (црвени и бели крвни зрнца и крвни почки). Таа анализа е позната како крвна слика.Со другите аналзи се проверува биохемискиот состав на крвта и врз основа на тие анализи се утврдува функцијата и состојбата на поедни органи и ткива. За да се провери крвата слика доволно е да се земе крв од прстот, додека за поопсежните биохемиски анализи на крвта, потребно е да се земе крв од вена на раката. Како функционира црниот дроб и каква е неговата состојба покажуваат неколку анализи на крвта, како мерење на нивото на ALT, AST, гама GT и билирубин.А Со клиничките тестови преку крв и урина, бременоста може да се открие.. Ама ако те тера да одиш на гинеколог , она не мора со тебе да седи внатре на прегледот , ке бидеш само ти и тој/таа. И ако му/и кажеш да не кажува ништо на мајка ти , тоа ке биде така , тоа ке си остане ваша тајна. Зашто медицинските лица ја чуваат медицинската тајна..и подобро е за тебе да одиш пошто веќе имаш секс..сепак тоа си е твое здравје и ти се грижиш за него
Вака, зависи од брендод на цигари кои ги пушиш, но некои содржат ацетон. И при проверка на крвта, нивото на ацетон ќе ти биде зголемено(секако ако цигарите го содржат), исто така нивото на ацетон во крвта е зголемено и кај дијабетичарите. Обично оние поевтините содржат ацетон.
Здраво феминки! Ај ако може некоја да ми каже дали е во ред еритроцитите во крвда да ми се 12??? а и холестеролот ми е 3.3... се плашам да не ми е нешто... утре ќе одам кај матчната ама до утре ќе побудалам од паника...
Мислеш седиментација на еритроцитите ти е 12, така? Во границите на нормалата е, без грижа. До 20 е толерантно. И холестеролот ти е нормален до 5.2 е нормално.
да тие ми се 12 а холестеролот ми е под граница... се надевам не е страшно правев диети па ми се намали многу..
Не знам дали овде одговара прашањево, но ме интересира дали има лабораторија во Скопје да може да се повика од дома да земат крв? Важно ми е...
Sheis зависи референтната вредност на седиментацијата колкава е , во некои лаборатории е 10, некаде 12. Според мене без плашење али 12 е малце високо, најддобро е да е под 10 иако и до 10 се толерира али ова веќе е покачено . Иначе за феминкава погоре мислам Авицена нуди такви услуги јави се прашај за сигурно
Ако има некој што се разбира во медицина да ми одговори, уште поубаво. Леукоцитите ми се качени на 10. Тоа е горна граница. Поради што се качуваат на ова ниво?
Леукоцитите се одбраната на нашиот организам, значи тие ги напаѓаат страните тела што навлегуваат во нашиот организам со цел да му наштетат(вируси, бактерии) и т.н. Кога тие се зголемени значи дека во нашето тело најверојатно е присутно некое заболување. Кај тебе не се зголемени, на границата се, најверојатно поради настинка или пак некоја блага инфекција што ја имаш или пак си ја имала неодамна.