Здраво Да прашам досега вадев крв во иста една лабараторија авицена крв е сега сакам во друга поблиску што е, дали се исти резултати или да идам во таа иста што идам? Конкретно за тсх и цела крвна слика
Не се исти. Тоа се вика референтни вредности и различни се границите во сите лаборатории. Ако сакаш да правиш споредба треба во истата.
Може да ми каже некој какви се резултати И ова седиментација пред 5 недели ми беше 9 сега 3 што значи
се е во нормала како што гледам , а тоа седиментацијата се намалила, имало воспалителен процес но се смирило, пази на шеќерот
Шеќерот пред 5 недели кога вадев крв беше 5.7 а воопшто не конзумирам шеќер ниту слатко, чоколади никакви слатки работи и бев нејадена 10 часа пред да вадам и пак ми е 5.6 незнам од што може да е, а инаку мн имам страв пред да вадам крв ми се тресат нозете и рацете вода дали е од тоа незнам. Инаку сум хипо хашимото проблем со штитната
Мојата глукоза во крв е 5.0 и јадам релативно многу благи работи. Тука си има секако генетска предиспозиција кај секого за развој на шеќерна болест.
Незнам што е проблемпѕ и многу ослабнав, имам 48 кила на 167 цм а кога гледам вооопшто не јадам благо, сладолед изедов за 2 месеци само 1 Значи не е до благи работи Мака ми е од што е вака покачен има 2 месеци
Нема улога само благото туку целокупната исхрана. Дали јадеш најмногу прости јаглехидрати, колку често јадеш, дали внесуваш доволно протеини...
Фибриногенот е крвен протеин одговорен за коагулација (засирување на крвта). Намалена фракција на фибриноген може да носи ризик од микрокрварења во организмот. Но ова сепак зависи од тоа колку е намалено , консултација со спец. трансфузиолог е потребна.
Колку што гледам јас шеќерот е 5,6 mmol/L а тоа е во граница на референтната вредност. Шеќерот може да се покачи и при стресни состојби не е само исхраната во игра. Се додека шеќерот е до 6.00 е во оптимален ранг, немаш простор за грижи.
Zdravo devojki na rezultatite pred eden mesec hemoglobinot bese 138 sega 133 dalie normalno da padne tolku da napomenam doilka sum
Некој да ми ги протумачи резултатите, покачени леукоцити, лимфоцити, pdw, и седиментација.Место за паника?
Некоја мини инфекција (најверојатно вироза , ништо страшно). Сите покачени параметри укажуваат на тоа.