Не се грижи, под граница се одма не е страшно.. Но според вредностите тука ми изгледаат ниско, и си се мислам зошто
Здраво феминки, денес правев крвна слика и делот за уринарното испитување ме загрижува па сакам да споделам со вас за мислење доколку може да ме насочите.
Напрај уринокултура. Покачени му се креатининот, урат и протеините. Рече има висок притисок, бубрези има проверено? Исто и ензимот на црниот дроб качен е и железото. Да не има и густа крв?
Направив и уринокултура, ги чекам резултатие во Понеделник. Претпоставувам по ова дека е Ешерихија коли а до сега сум ја немала никогаш и искрено сум исплашена.
Добро тогаш, ќе покаже ако имаш бактерија, иако изглеа имаш, па антибиотик ќе пиеш. Ако е таа бактерија, ептен упорна и досадна е ама ќе биде подобро. Пиј и течности доста, Увин чај.
Не се плаши и да е инфекција се лечи со антибиотици. Јас имав лани уринарна инфекција со ешерихија и исто бев многу исплашена, ама стварно беше непотребен стравот. Ако сепак испадне дека ја имаш, пиши ми ќе ти кажам совет како да помине побрзо.
Добив резултати и имам ешерихијс 1.000.000 е сега прашањето ми е бидејќи буквално пред да се појават симптомите имавме обиди за бебче а почнав со антибиотик цитерал и се плашам дали можеби тоа може да претставува проблем за очекуваната бременост. Исто ме интересира која вредност е нормална за имање на бактеријата во нашите тела чисто како би направила споредба со резултатот кој го имам, и многу би ми значело доколку ми препорачате нешто за конзумирање или лек што ви помогнал да ја излечите.
Висок е, ама кога е правена сликата? Дека шеќерот може да се покачи и ако имаш јадено пред тоа, изложеност на стрес и паника и други фактори. Пробај измери си шеќер кога ќе си смирена и на гладно, и види што ќе покаже тогаш.
Консултирај матичен лекар, побарај упат за тромесечен шеќер (а може и во приватните лаборатории да испиташ).
Може ли информација дали испитувањето ти е само од седимент на урина и каде го правеше истото. Повекето лабаротории не вршат вака детална анализа.
Ми личи дека е во ред, прашај матичен гинеколог сепак. Иначе, колку денови ти трае оскудна менструација? Дало сега ново ти е или? Јас имам и сега иако имам 2 пати родено, и пред да имам деца ми била оскудна, и до 4 дена мах. ми трае секогаш. Имам испитувано хормони милион пати, секогаш све во ред било.