Дијабет/Пред дијабетес Дали осеќаш да ти се спие после јадење, немање на енергија. Дали имаш проблеми со видот ? Накратко ви кои од овие се пронаоѓаш? Зголемена жед (полидипсија) Често мокрење (полиурија) Замор Заматен вид Зголемен глад (полифагија) Бавно зараснување на исеченици или рани Пецкање или вкочанетост во рацете или нозете Сува уста Чести инфекции, како што се габични инфекции Губење на тежината (кај дијабетес тип 1) Гадење и повраќање (во тешки случаи) Дали имате член во фамилијата со дијабетес. ПС. Измери шеќер 1,2 и 3 саати после оброк и ке знаеш каква ти е ситуацијата
Шеќер покачен, и ниски еритроцити кои обично се показател за анемија, ама пак кај тебе добар е хемоглобинот, можеби се работи за недостаток на витамини и минерали, посебно витамини од Б група. За шеќерот да покаже релевантни параметри, не треба да си јадена 10 до 12 часа и крвната слика да ја правиш сабајле на гладно секако. Повтори ја.
Мислење за резултатите. За шеќерот посебно, тромбоцитите па и другите параметри. Испитував крв оти сум со грлоболка и температура ама ме зачуди шеќерот, обично над 5 е (многу јадам благо ако нешто значи). Земен брис од нос и грло, чисти се. Spoiler
Железото ти е малку пониско, високо Црп 75, можеби ќе ти треба антибиотик. И висока седкментација. Појди на матичен.
Фала ти. Бев, ми посочи да направам брис од нос грло, а ништо конкретно не кажа за резултатов. Ми препиша антибиотик, па за некој ден да повторам само црп. Од што се качува седиментација? Не разбирам колку ми е качена, т.е. која е горна граница, 10/20?
До кај 20 е макс. Може од самата настинка да се качи, пробај со атибиотикот па повтори целосна крвна слика пак.
Според резултатов се работи најверојатно за бактериски инфект , CRP ретко е покачено толку при вирусни инфекции. Седиментацијата оди во прилог на тоа , се покачува при инфламаторни состојби. Глукозата т.е крвниот шеќер е во ред , не мора да биде секогаш над 5 особено ако гладувањето било околу 8-12 часови а секако и референтните вредности и апаратите се различни во секоја лабораторија (работам во лабораторија и ние имаме малку поразлични референтни вредности). Се додека е во оспег на референтни вредности е во ред. Серумското железо е на долна граница но не е страшно бидејќи истото се намалува кога организмот е под инфект, хемограмот е уреден и нема присутна анемија.
dali moze nekoj da mi pojasni za rezultative? primetiv deka mcv i mch se pokaceni nad granica sto znaci toa ne se razbiram mnogu da napomenam deka se raboti za maz 55 godini
Хемограмот е уреден на оваа крвна слика , MCV и МCH се параметри во врска со големината и бојата (хромијата) на самите еритроцити. Овие параметри се користат при дијагностика на анемиите , но сами по себе не се доволни за некаква дијагноза. MCV е среден клеточен волумен т.е како просечен волумен на еден еритроцит (колку се големи еритроцитите). МCH e среден клеточен хемоглобин т.е попросто кажано просечна вредност на хемоглобинот во еритроцитите. Нивно драстично отстапување во корелација со хемоглобинот , хематокритот , бројот на еритроцитите и клиничката слика помага во дијагноза на различни анемии. Понекогаш покачени вредности може да даде и самиот апарат доколку крвта не е убаво измешана пред пуштање. Крвната слика е океј и нема анемија. Единствено нешто што отстапува од крвната слика е липидниот статус односно триглицеридите и холестеролот, (доколку е правена со минимум 12 часовно гладување) потребно е да се консултира со доктор за хигиено-диететски режим или терапија доколку смета дека е потребна.
@Larson а дали вредности на MCV, MCH и гранулоцити под нормалното е показател за анемичност? Ова нели може да е поврзано со губење крв преку менструалниот циклус, на пример?
Не мора секогаш намалени MCV и МCH да се показатели за анемичност. Има доста други состојби при кои се намалени (меѓу кои и менструација). За анемија најдобро е покрај крвната слика да се провери и серумско железо и понекогаш феритинот (целокупната резерва на железото).
некој да ми каже овие што се покачени вредности дали има нешто посебно загрижувачко? (со восплено грло и синиси сум инаку деновиве ако значи нешто) најчудно ми е за железото дека цел живот сум со ниско железо
Добри ти се резултатите, нема ништо загрижувачко. Леукоцитите во урина и седиментацијата ти се благо покачени заради грлото. За железото, да не земаш суплементи? И мене еднаш ми се има случено да добијам резултат над нормалните вредности. На наредната проверка си беше ок.
Резултатите се во ред со оглед на тоа што имаш фарингит и проблеми со синусите. Леукоцитите во урина може да се од воспалението или пак да водат потекло од уринарниот тракт доколку постоела инфекција претходно. Железото е над нормална граница што е чудно малку , дали земаш препарати за железо? Или е тоа или пак крвта не била правилно земена и примерокот е хемолизиран а резултатот за железо неверодостоен.
Mislenje za krvnava slika? Se rabotis za dete od 2 godini so rastecen nos. ovie referentni vrednosti se za vozrasni
Ништо страшно нормална крвна слика. Лимфоцитите се покачени и најверојатно се работи за обична настинка предизвикана од риновирус. Чим CRP е мирно, нема потреба од никаква терапија нити антибиотици. Лекарот ќе ви даде нешто за секретот во нос.