Не мора да значи , обично поголем број на тромбоцити е очекуван кај деца тоа е точно но и оваа бројка е сосмеа во ред. Можно е да е од настинката но и не мора да е. Секако е во рамка на референтните вредности, нема простор за грижи , не постои тромбоцитопенија.
Се работи за дете од 3 години,ме загрижи тоа што леукоцитите се покачени. Докторката ми вика нормално е за деца до 12 да бидат,сепак не сум мирна. Некој да сподели искуство?
Лимфоцитите се покачени. Леукоцитите се вкупно сите бели крвни клетки а под леукоцити спаѓаат неутрофилите , еозинофилите , базофилите , лимфоцитите и моноцитите. Апсолутниот број на леукоцити е покачен а диференцијалната крвна слика покажува дека причината за зголемен број на леукоцити се всушност зголемени лимфоцити. Крвната слика не е страшна и најверојатно се работи за обична вироза (настинка) кај детето , немате потреба од грижи.
Мож малку е глупаво прашањево. Хемоглобинот ми е 104,а железото 6. Денес ми земаа крв за хормони и заборавиле за тироидната. Дали смеат пак утре да ми земат крв или не? При крај сум и со циклусот.
1. Железото има циркардијални варијации и варира во текот на денот , намалено е при различни инфективни заболувања , не мора да значи дека сте анемични. 2. Како заборавиле да ви земат за тироидната, хормоните се работат од ист примерок т.е серум. Доколку сте оставиле епрувета за повеќе хормони од неа се работат и тироидни хормони , можете да се вратите во лабораторијата и да кажете дека сакате да се изработи плус тоа.
Проблемот е што одев во приватна ради х причини. И сега ми е поскапо да проверувам приватно. Сакам државно со упат.
Здраво, бев болна (настинка, вирус незз), главоболка, секрет од нос обилен , паралелно стрес и тон обврски. На крвна слика имав покачено црп 17 и покачена седиментација 45.... Пиев антибиотик и по една недела од него повторив контролна крвна слика. Црп скроз паднато 0,6, меѓутоа седиментација на 30. Што се може да значи висока седиментација? Тоа 45 ме загрижи. До колку се толерира, кога е веќе проблем? Патем хемоглобин, леукоцити и железо се добри, нормални.
Чим CRP е паднато т.е смирено , седминетацијата не е важен параметар т.е не е специфичен. Кај жените седиментацијата е секогаш малку повисока од кај мажите поради разликите во хемоглобинот , фибриногенот и другиот состав на крвта (до 20 се смета за нормално). Седиментација од 30 не е воопшто страшно и можеби сеуште постои жариште или дебрис кое што не е исчистено па затоа седиментацијата не паднала во опсег на референтните вредности. Крвна слика повтори после 2-3 недели по третманот со антибиотик и седиментацијата би требало да биде нормална (секако ако не постојат други состојби како анемија , дехидратација , друго воспаление или пак во тек на менструален циклус).
Резултатот е океј со исклучок на глукозата. Доколку крвната слика е правена на гладно , минимум 8-10 часа, постои некакво нарушување во метаболизмот на глукозата и треба консултација со доктор!
Се е во ред , гранулоцитите се покачени малку најверојатно некоја настинка или болно грло предизвикана од бактерија.
Zdravo ako moze nekoj da mi pojasni i za vo idnina da znam imam vakva krvna slika i poradi visoka temperatura i bolki vo grlo (podocna i gnoj) pocnav so antibiotik tricef pravev i brisevi poradi somnenie za steptokoka no se negativni. Dali sepak se rabotelo za virus iako e tolku visoko crp
Здраво, ве молам доколку некој знае да ми каже дали покачена седиментација (13 од реф. вредност <12) без други отстапувања од комплетна крвна слика укажува на некој проблем и треба да се направат понатамошни испитувања. Да напоменам, контролен преглед беше без никакви симптоми претходно.